Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. alickaS

    alickaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    pa ajde i jas da vi ja raskazam mojata ljubovna prikazna.....inaku temata e mnogu dobra pozz na avtorot .....epa eve vaka.....

    raboteh kako sankerka vo eden kafic i mnogu cesto znaeveme posle rabota da si se zberime kolegite da si se napieme salam i da odime niz barovite...edna vecer si ja pocnavme pijankata mnogu od rano i se znaese deka ke bide zestoka vecer...i taka niz barovite ovo ono da ne dolazam mnogu otidovme so edna 3jca kolegi da se treznime okolu 6 casot nautro vo eden kafic koj raboti 24/7 .....i taka ne bevme samo nie imase poveke luge i sedname sproti drug personal od eden bar i pocnaa kavgi...lele luge kako da se nasi kaficite i barovite ....ama edno tipce da vi kazam iskreno ako togas mu go vidov liceto najtnka da sum vo vrat sedese do eden moj bivsi ( kolegi bea) i celo vreme nesto mi zbori navredi pagaat za mene za kaficot kaj sto rabotev i jas ni dva ni tri stanav i otidov do negovata masa i go plasnav eden dobar samar i si trgnav da si odam....toj ne reagira nisto nasilno no trgnal po mene .....ne go ni primetiv i kako sto sakav da dadam cekor kako sekoj normalen covek koj odi nekoj me zavlece za rakata i kako so me svrte toj me izmuva se zavrte kako nisto da ne bilo i si se vrati pak vo kaficot....jas ostanav so otvorena usta zanemev hahaha uste tolku mi se svrte ama za belja posto bese se kratko i slatko nemozev da mu go vidam liceto a toa sonceto kako zainaet uste sabajle bese leto juli mesec i pak propustiv sansa da go vidam i nisto taka podzinata si otidov doma i nisto kako da ne bilo....samo mu zapamtiv nekoj nadimak negov....taa slucka ja zaboraviv na celo...isto kako da ne bila...znaci posle cela godina narednoto leto krajot na juli mojata drugarka mi kazuva deka na nekoj si nejzin segasen kolega mu trebalo usluga mu trebalo rabotnici iskusni sankeri u toj stil dali sum sakala jas da odam na rabota...i jas se soglasiv bidejki i taka letto ne rabotev vikam parite na nikoj loso ne mu dosle...i drugarka mi mu rekla deka ke odam jas kaj nea na rabota za pola saat da bidi i toj tamu......i jas pospana odam kaj drugarkami i taa mi kazuva nadvor e vo kaficot sedi odi tamu kazi se koja si i koj te prati....i ja devojki odam silna matna nikoj ne gledam pred mene uste kafeto ne sum si go ispila i si sednuvam se pretstavuvam i koga mu go slusnav nadimakot nesto se naeziv i mi se varti filmot.....koga me vide toj se stapisa ama se pravese deka ne se sekava demek...:D:D:D i se bide taka nemozev na pocetokt koga pocnav da rabota da go podnesam mi bese najodbivniot sef do sega sto sum go imale se karavame na sekoi 5 min ama navogavme nacin da se smiri se i taka prodolzi toa okolu nedela dva.....edna vecer slucajno navednati i dvajcata me bakna i jas mislam deka se zaljuboiv vo isitiot moment.......se gledavme tajno nikoj ne znaese na rabotta koga bevme se bese kako do sega samo sto sega se smeevem non stop bevme avanturisticki nastroeni sto li ne probavme kakvi li se gluposti ne praeme nemozevme da se zamislime eden bez drug ............do sega ne sum bila tolku srekna ....posle nekoe vreme jas se preseilv da ziveam vo druga drzava no i den denes sme zaedno i fala bogu vrskata ni fukncionira super non stop sme obeseni po int retko se karame poveke nie se u smev znam deka koga mie tesko ne e tuka no veruvam vo nasata ljubov i imame i nekoi pocetni planovi za sleden cekor i taka eve sega go ocekuvam da dojdi kaj mene na gosti na dva nedeli edvaj cekam da go v
    idam....znam deka velat deka vrska na dalecina retko uspeva no sudbinata si go pravi svoete....neznam kolku mozev da vi dolovam od momentite se nadevam deka vi se dopaga i deka ne me izmaltretirav da ciate roman:D............ostanete mi pozz i veruvajte vo ljubovta :D:D:D:D ne znaete koga i so koj ke ve spoi sudbinata:D:D:D p.s : inaku rabotime ista profesija i sme isti karakteri sto toe cudo isti karakteri da se zaedno.........ednostvno gi sakame istite raboti i toa
     
    На Lile_05, narcis98, pametna555 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    23
    Еве ме и мене со мојата љубовна прикзна ...може нема да ви биде толку интересна како другите мегутоа е моја и мене ми е иснтересна ! се запознав со сегашниот дечко пред 3 години..мегутоа тогаш јас имав сериозна врска од 2 и пол години ...сегашниот доагаше кај мојата цимерка таа му се пушташе а тој некако цврсто и рекол дека со неа може да биде само другар...ме изненади таа постапка од машко зашто знам колку беше упорна а тој не попушташе.еднаш во муабет ја прашал од каде сум дали имам дечко мегутоа јас бев лудо вљубена во мојот бивши и тој ништо не се ни обиде .. кога доагаше со неговите другари кај нас јас дури се лутев зашто премногу бев посветена на факултетот и постојано имав за учење со никого не комуницирав но тој ми беше симпатичен.Замислете во тој период тој доби работа во мојот град и побара од мене да му помогнам за сместување ..јас побарав помош од моите и тие го запознаа на тој начин ...и татко ми искоментира мн симпатичен дечко :D !после тоа продолживме комуникација на скајп и мсн чисто другарски !сега откако сме заедно ми кажа дека првпат кога ме видел си рекол да можам да ја имам еден ден би ми била девојка за сериозно :D .Во мегувреме мојата тогашна врска се распагаше и замислете мојот бивши ме изневерувал со на мојот сегашен најдобра другарка ...и тој знаел и почнал да се надева дека еден ден ке пукне мојата врска !! кога јас конечно раскинав со мојот бивш имав мн здравствени проблеми и се повлеков ...комуницирав само на скајп....летово се вратив дома и почнавме да излегуваме на кафе ама јас не ни претпоставував дека има некакви чуства за мене, интензивно се дружевме ...за мојот роденден дома ми стигна огромна кутија ја отворив во неа имаше букет црвени рози и помала кутија во вид на срце ја отворив кутијата а во неа помала кутија срце а во неа помало срце ...и замислете на крај чоколадни бонбончиња во вид на срце и порака ...љубовта не е љубов ако немаш со кого да ја поделиш ....немав појма од кого е за 15 мин ми се јави и ми кажа дека доколку бидам со него ке ми го разубави животот ке бидам најсрекна ....и еве сум ... а изненадувањата се дел од моето секојдневие ..
     
    На sj *O*, Umbrella22, narcis98 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. alickaS

    alickaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6

    ejj pa super tie prikaznata :D:D:D tocno deka ljubovta ne e ljubov ako nemas so kogo da ja podelis......iznenaduvanjata da ti ptodolzat do krajot na zivoto i se nadevam deka ke se odlucite i na nareden cekor i ke vi bide naj naj pozzz
     
  4. hristijanka

    hristijanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    темава е супер ке ви ја кажам и мојата приказна може нема да ви биде интересна но за мене е прекрасна.
    Не верував никогаш на љубов на прв поглед и секогаш кога ке паднеше таква тема јас се смеев и секогаш велев да не даде господ да бидам со муслиман никогаш!!!.Додека размислував така со мојот веке бивш дечко требаше да одиме нагости кај едни негови пријатели штотоку се вработиле во нашиот град отидовме таму и кога отвара на вратата мојот сегашен дечко и мене срцево почна како лудо да ми тропа дечкоми се поздрави со него и јас после него и кога ми ја подаде раката се поздравивме и останавме 30секунди држејки се за рака и сватив дека тој е човекот што секогас го барав но кога ми го кажа името се разоцарав.И се почна така ненадејно и веке сме во врска година и 6 месеци и ни е премногу убаво .... :D :D
     
    На narcis98 и Little-Mk им се допаѓа ова.
  5. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Еве и јас да си раскажам како се запознавме со моето срце--никогаш немислев дека ќе засакам некој,а уште помалку дека тоа ќе се случи во поран период од мојот живот,но љубовта не ибзира по години,нити пак во мој случај по вера,нација туку по чувства и тоа колку можеш да ги сватиш,дадеш и доживееш.тоа беше најубавото нешто кое ми се случи,најсилното и најнеописливото.долго време го препознавав како појава,но никогаш лично,па и не ми изгледаше возможно тоа.Но еден ден нечија рака ме допре за рамото,се свртив и видов тоа беше токму тој.есента штотуку беше започната,и како што велат тоа е годишно време кога најмалку се разбудуваат чувствата,дождот,ветровите влијаат негативно на психата,но напротив кај мене се расцвета најраскошниот цвет,најголемата пролет-најсилната љубов.Скриено,спонтано,полека но сигурно,почнав да мислам постојано на него.Честити повици,средби,преминаа од другарски во допаѓање,во станување мил,засакување и по кратко време знаев дека неможам ако не го слушнам, видам.Некако необјасниво ми влезе што би се рекло под кожа,сите негови постапки ме наведуваа да неможам да заспијам на вечер,постојано да ми биде во мислите,да треперам штом помислам на него.Се плашев бидеќи несакав да сакам,несакав да си ја скратам слободата,несакав да патам по некого како и другите...но неодоливата насмевка,топлите ѕвездени очи,ангелскио лик ме натераа не само да сакам туку цврсто да се вљубам,да не се препознавам себеси.А тој беше различна вера,но најубавото,најмилото,најпривлечното и најпрекасното човечко суштество што некогаш сум го сретнала.Двете спротивности ме наведоа да размислам,доведоа несоница,побркување во мислите,и на крај неможев--знаев дека бескрајно сакам да бидам со него,да живеам со неговата близина,да ги бакнувам слатките усни,да биде мој.И една врнежлива приквечерина,разговаравме за тоа дали разликата во нашите вери е пресудна и дали неможи поради тоа да бидеме заедно.ох само да знаеше колку го сакав во тој момент,колку не ми беше ништо важно на овој свет освен него,додека ми ја држеше раката сакав да го гушнам,да заспијам и се да биде еден прекрасен сон,да бидеме заедно,најсреќни и никогаш да не се разбудам.и тогаш ме бакна,нежно,полека...незнам ми доаѓаше да се расплачам од радост,да ме стопи дождот кој ситно врнеше по нашите лица,да ме стопи исто како што се топеше моето срце.Се прегрнавме,и во тој миг како да му го дадов мојот дух,како да му припаднав само него,како некоја натприродна сила да ме спои со ангелот кој стоеше пред мене и несакав никогаш да го изгубам,како да одлетавме во еден волшебен свет без тага,без предрасуди,без каква и да е злоба...свет само за него и мене.Еве и по година и пол кога ќе се сетам на тој бакнеш затреперувам и се исполнувам со нежност,и по безброј други го чувствувам на усните.Незнаев како да се поставам,несакав да го изгубам,несакав се да заврши едноставно како и ништо да не било,несакав да дозволам другите да се мешаат,затоа се заколнав пред себе дека додека постојам ќе се борам за моето сонце--се додека го заслужува тоа се разбира.затоа го следам само срцето,го следам и него кој го исполни мојот живот со светлина,ме научи колку е убав животот кога го имаш тој што го сакаш,колку разликата што другите сметаат дека постои за мене е небитна и ја нема.Му благодарам на бог што го донесе,што го запознав,што дозволи да бидеме заедно,да се разбираме,сакаме,поддржуваме,едноставно што ми ја даде најголемата сила на човековото постоење-љубовта.и по толку време сум вљубена најсреќно што можи да биди,го имам најсветото нешто,најубавото и најангелското-ГО ИМАМ НЕГО!!!!
     
    На Mrs.Charming, The.Princess и Muchacha им се допаѓа ова.
  6. foxylady

    foxylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Може на некои од вас да им се чини како невистинито ова што ќе ви го пишам ама од а до ш е вистина....
    Се случи на 18 март 2008 година...Јас си одев со воз од школо и кога пристигна возот на перон на прозорот пред мене стоеше едно мнооооогуууууу слатко момче,баш мој тип,како некој да ми ги слушна желбите и да ми го прати по воз...Видов дека во тоа купе има место и побрзав да си седнам таму.Влегов и прашав дали има слободно место и слаткиот ми рече дека има и си седнав...Седевме и скришно се гледавме и двајцата и по некое време излезе типот пак на прозор излегов и јас и почнавме да разговараме се запознавме и згора на тоа излезе дека сме имењаци!!!!!Супер ни беше си разменивме броеви следниот ден почнаа да фрчат пораки и јавувања и дознавме дека и двајцата ги имаме истите чувства и набргу се видовме повторно а од тогаш и многу пати....До ден денес сме заедно и тоа наше заедничко поминато време не би го менувала за ништо....Многу работи ми се случија со него за прв пат,сите тие наши солзи,засмејувања и кавги....Никогаш нема да ги променам и да можам...На сите кои читате ви посакувам да најдете љубов каква што најдов (јас кога не ја барав),дефинитивно за таа среќа вреди да се живее
     
    На Mrs.Charming му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hristijanka

    hristijanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    ангел премногу ме растажи твојаав приказна кога читав целата треперев браво за вас и за сите оние кој што се срекни во љубовта со идеалниот човек што отсекогаш го сонувале
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.907
    Лани за нова година .. најубава нова година ми беше .. седнав случајно покрај него кај греалицата.. и си зборевме .. тој поглед што го имаше тогаш нема никогаш да го заборавам , прекрасен.. и секој ден се повеќе го обожавам .. оваа нова година заедно ја поминавме .. повторно.. и најубавите моменти со него ми се ..самото негово постоење ме прави најсреќна на свет.. предобар е со мене и прави се за мене .. се надевам дека ќе знам и понатаму да го ценам него и тоа што го прави за мене :)
     
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    390
    Ќе ви е чудно ама со него ме запозна неговата бивша во школото, која тогаш одеше со него, а бевме другарки од клас. Кога се фатив со него еден период со девојчево се избегнувавме, но потоа пак си се спријателивме :D
     
  10. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    617
    So zadovolstvo gi procitav vasite ljubovni prikazni......Milo mi e sto postojat se uste ,aktuelnite vrski.....
    Vi posakuvam mnogu sreca i uspeh vo ljubovta,medjutoa so bistra glava!
    Poz.i sekoe dobro.
    Od avtorot :lol: :lol: :lol:
     
  11. hristijanka

    hristijanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    за авторот големо БРАВООООООООООООООООООООООООООО за оваа тема ни го врати времето година дена назад :D :D
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.156
    Допаѓања:
    25.203
    Учејќи :)

    Му се понудив да му позирам за некоја си фотосесија.
    ОМГ. Кога ќе ми текне... Уште од тогаш знаев дека не сум рамнодушна на него. А и богами ни тој не беше. Срамежливо демек (како да не) се гледавме и си купувавме овошје... Здрав старт имавме :lol: :lol: :lol:

    Го обожавам тој мај.
     
  13. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    :D Interesno interesno svarno mnogu uspeh na site
     
  14. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    617
    Мило ми е што ги споделивте Вашите приказни со мене...
    Пишете ми пак..
    Пишете и Вие кои досега не сте ја раскажале Вашата приказна!
     
  15. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Прекраснооооооо!!!! Ми се допадна темавааа... ептен!!!!!!!!! Е јас тој што го сакам го запознав преку една другарка, така што таа планираше тогаш да ми мести еден дечко, со негова помош. Ме викнаа на кафе и тој седеше таму. Уште кога го видов почувствував нешто, ама за жал не ни е пишано да бидеме заедно ;( ;(
     
  16. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    617
    Зошто не ви е судено да сте заедно????
    Што се случи???
     
  17. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Машко ко машко.. неможе да се воздржи и да биде со една... Ама додека бев со него ми беше најубавиот приод во животот. Никогаш не се чувствував поубаво :)
     
  18. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    617
    Жал ми е што така се завршило.
    Ти стискам палци за нова љубов.
    Поз.
     
  19. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Фалааа babyketi
     
  20. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    617
    Нема зошто!
    Кажи што преферираш ,можи имам некој братучед слободен! :lol: