На мојот роденден. Славев заедно со мојот братучед, па тој беше гостин од "другата страна", дојде ми пружи рака, ми честита роденден и од тогаш почна се. Преку заеднички пријатели слушав доста позитивни коментари за него уште пред да го запознам, еднаш го сретнав лично и ми се допадна и физички. Тогаш си кажав дека наредната прилика, ќе ја искористам.
Со мојата љубов си се знаевме од мали, бевме долго време пријатели па после можеби 8,9 години интензивно пријателство сега сме во врска 5ипол години. Искрено никогаш не ни претпоставував дека тој ќе ми биде најголема, најискрена и најстабилна љубов без која сега и понатаму не можам да си го замислам животот. Совет: изградете пријателство кое можеби ќе прерасне во љубов.
@worrieddd се согласувам потполно со тебе. И мојата врска започна така и мислам дека така е и најдобро. Ист став имав и јас дека тој човек ми е мене пријател не го гледам како партнер но не згрешив што се впуштив во такво нешто. Прекрасно е.
Slucajno me videl izlezena, i mi pisa na fb posle edna nedela i zborevme edno 8 9 meseci se dur ne se vidovme. Na prviot den koga se vidovme se fativme i veke 3 godini ideme.
Ау, бев смешки Бев на полагање и го чекав автобусот за назад, и дремам, а надвор жешко, жешко, тој ден ич не се сакав, и се оклучив на фејсбук и ми пишал и јас само seen, и си кажав аман од кај се такви ме наоѓаат, после некое време пак му мајнав seen и се исклучив од фб, за кога се оклучив пак да видам дека ми звонил на фб, и тогаш почнав да се расправам со него, иако ми се беше и извинил, и после некое време се видовме и така ..
Хаха, циркус беше. Нешто вака меѓутоа јас му вратив после некое време, после доооолго куцање и сме скоро 2 години заедно Ми беше одбивен многу дека замараше цело време ама некако се случи нешто и му куцнав назад...
Се фотографирав со него и сликата ја ставив на инста и го тагирав . И потоа ми пиша дека сме биле и двајцата убави - и така фативме да се пишува ме и еве не сега 5 мес.. заедно . ( го шмекав нонстоп од трибини )
Го најдов на фб,ми се бендиса одма, го адд,тој ми пиша ,се пишувавме долго време,па решивме да се видиме.Од тој момент сме заедно и така веќе 1 година
На еден форум пред 11 години, после 4 години пријателство си ја признавме љубовта. Иако секогаш бевме посебно поврзани, а сите велеа дека треба да сме заедно. И навистина, функционираме супер.
Хахахаха со 20 испити на сметка и еден одмор после 2-3 години поминати во Скопје... Не планирано, спонтано... Сакав да одмарам, не ми беше до дечко, со еден куп испити... И се случи запознавање на прослава на наш заеднички пријател.... Па ајде на кафе, па ајдее утре на плажа, вечерта на забава.... И ајде на вечера сами со sexy man... И океј.... Амааа јас си мислев дека толку со мене ќе е само дури сум тука, после кога ќе се вратам дома - толку ... Ама не било така ... Ухууу ова беше пред 5 години, а како ова лето да се случило
На железничка... чекавме ист воз да си одиме накај дома, седевме заедно тој си трескаше глупости јас се смеев како луда, ни се чудеа и будалите, од тогаш до сега секој ден се повеќе и повеќе сфаќам дека е посебен.
Еве во новиве времиња начините се променија па да си пишеме каде ја најдовте вашата љубов или каде ја барате? На социјални мрежи или сепак на стариот начин низ град?
Случајна беше првата средба,не планирана ниту договорена. Некогаш и да сакаш не можеш да избегаш. Не знаеме кога, каде, како ќе запознаеме некоја личност. Безразлика штом е за љубов или пријателство, убаво е.
Тој период имав кренато раце од барање низ град, и се префрлив на Мирц. Вие дечиштата, не знам дали го начекавте Маж ми, на мирц го запознав... пред 18 години