Со бивши девојки се запознав преку другари, месинџер и фејсбук. Сеа не ни барам веќе, таа ќе ме најди ( ).
Никогаш не сум барала, и сеуште не барам. До сега повеќето што сум ги запознала и сум се гледала се преку фејсбук и инстаграм, а има и некој прво што во живо сме се запознале и е многу подобро отколку виртуелно. А љубовта сеуште не сум ја нашла можеби еден ден она мене ќе ме најде, и мислам дека ќе биде од некоја случајна средба, на некое чудно место.
Не сум ја барала ама ја очекував од некаде да се појави, се надевав. Ја најдов на работното место. Не ми е соодветен поимот "барање". Љубов не се бара. Едноставно животот те спојува во вистинското време.
Љубов не се бара, едноставно се дешава. Не е ова скриено богатство па да шеташ по свет и да ја бараш.
море треба и да бараш. Љубовта не е само: Леле пеперутки имам во стомакот! Со пеперутки, не се прај дом, не се одржува фамилија..
Тоа лето ми беше смачено од дечковци затоа што многу ме разочаруваа. Една дождлива, тмурна ноќ каде што мислев дека само јас и другарка ми сме единствени кои сме надвор, случајно го здогледав него, најубавиот дечко кои што моите очи го виделе.
Љубов не се бара, љубов се случува и се чувствува. Понекогаш се фаќам во мисли како тоа бараат љубов тие што боцкаат на фб, заследуваат на инста или што и да е по повеќе личности па ај кај која упали кај која не. Толку грдо нешто, без грам емоции, барем јас така го доживувам тоа.
Јас го имав аднато на фб,по што он ми пиша по некој ден , се читкавме 11 месеци после тоа почнавме најпријателски да излегуваме на кафе околу 4 месеци( со оглед на тоа што он не живее тука) , и потоа пред Нова Година почнавме врска...еве 2 месеци сме во врска
Кога и да сум ја барала, не сум ја нашла. Затоа што љубов се случува, најчесто, кога не бараме. Но да, луѓето си пробуваат среќа на интернет, во клубови, дискотеки, кафулиња. Некогаш и ја наоѓаат, бркајќи ја и барајќи ја, некогаш баш кога ќе се откажат, таа ги наоѓа нив. Порано, кога оделе на корзо, дури имало правила на која страна да одат слободните, на која зафатените. Ова го имам прочитано во книга, не се сеќавам на насловот, во која беше опишан животот на младите пред, можеби, педесетина години. Јас веќе ја најдов. Тогаш и таму каде што најмалку очекував. Или подобро кажано, едноставно, ми се случи. И испадна дека тоа беше она што ми треба, баш во вистинското време.