Не барам. Ако се случи добро, ако не се случи пак добро. Не патам од тоа да имам некоја до мене. Дали сум нормален?
Секоја една работа, желба и сл., како љубовта, кога сме опседнати да биде, да се оствари, да ја најдеме, никогаш не успева, а кога сме laid back и најмалку очекуваме, работите што порано сме ги посакувале ни се остваруваат А и љубовта не се бара, не е чоколада, таа се случува п.с @Mr. Right Thank God, I thought I was the only one Не само што не патам за партнер, туку и самата бришам простор за истиот, испадна точна таа, еднаш кога останеш сам и видиш кој луксуз е слободата и мирот, неќеш назад It's addictive
Абе луѓе, заљубувањето се случува, љубовта, не ... Животниот партнер се бара, и се одбира, а љубовта се гради. Тоа што се заљубив во него, не значеше дека ќе имаме убав живот заедно, дека воопшто сакам да го поминам животот со него. И во други сум била заљубена, ама не сум посакала со друг да делам дом и да му родам дете.
Една интересна приказна со моја бивша. Секси Србинка од која се топев , а беше толку проклето несовршена. Се запишувавме на фејсбук, па се договоривме да се запознаеме во живо. Првиот пат пиевме винце во паркот кај католичка во Скопје. Ми предложи да идеме кај неа по некое време. Таман стигнавме, сфати дека клучевите не се кај неа. И предложив да идеме кај мене. Докупивме винце црвено. Филмска сцена. И пуштив концерт на легендарниот Дарко Рундек и и читав цитати од Горки. Вечерта се ,,споивме". После тоа се гледавме уште некое време, а таа ми даде нешто посебно. Можеби затоа што беше би. Знаете со што ме освои? Им готвеше храна на бездомници. Тука ме пресече и едноставно ја обожавав. Моја Анџела, твојот Родригез си го пуштам некогаш, чисто да се потсетам на тебе. А Рундек ме навраќа на онаа прекрасна и ебено студена мартовска вечер...
Со поглед, а после си подадовме рака за да си ги кажеме имињата. Паа некое време ја немаше односно не можев да ја најдам, но госпот како што ме дарил упорен се снајдов пколу бројче и убедување за средба.
На фб.Двајцата не верувавме дека нашата врска ќе израсне во толку голема што не можеме да се разделиме
Со другарка правевме кругови по малото, сретнавме двајца, таа го знаеше него и другар му од порано, се поздравив, се запознав со нив. Со распрашување преку другарка ми ме најде на фб и оттука почна се. Еве тече 7-ма година од нашата врска.
На најглупата журка у мојот живот го запознав него, и ја пријдов прва не знам како ама ептен беше убав, не запозна неговиот другар со кој се знаевме пред тоа, а пак третиот другар мислел мене да ми се пушта ама среќа-несреќа ја мм си го одбрав.
Се започна на 17 Септември 2018 . Баш сега си го вртам филмот и пораките. Прашував нешто , па он прв ми пиша порака, па од ден на ден од негова страна добивав многу пораки иако тоа не го сфатив за озбилно. Наскоро после тоа и лично се видовме и смувавме од прва па дури и му реков да му местам женска од форумов, ама он беше одлучен дека јас сум му била доволна. И ете поминаа бааги месеци, наскоро и годишнина од врската ќе славиме ( Октомври ) Кој би рекол дека на форум (баш на Фемина )ќе си најдам дечко за сериозно, ама така испадна.
Премногу случајно како господ да не спои Од различни градови сме а тој имаше женска од мојот град и учевме со женскаму во исто средно училиште прва година бевме и двете. Еден ден носејки ја на школо женскаму ме видел мене надвор на скаличките со цигарата во раката (јас него не го видов) и ја прашал девојкаму како се викам. Таа се изнервирала и му кажала дека незнае како се викам. Тој ден многу сум му се допаднала. Ме барал по фб , инста но неможел да ме најде бидејки не ми го знаеше името. Од градот каде што беше он јас имав тетка и скоро секој викенд бев на излегување таму. Еден викенд шетајки по центар го видов со другарму но незнаев дека му се допаѓам ниту па ми се допаѓаше. Дадами ми рече сесто види го овој како те гледа очите ќе му испаднат. И кажав остави го ма има женска од моето училиште. Помина една година ни го видов ни ме видел, одам јас повторно во неговиот град кај тетками на гости а тој случајно во исто време мини со колата пред на тетками куќата. Јас со мајками таман да ја отвориме портата тој ми се парќира пред мене и ме гледа. Се шокирав дури се исплашив. Мајками ми рече кој е овој велам незнам остај го некој манијак. Тој ме слушна ја запали колата и си замина. После точно поминано една година со другарками отидовме кај тетками се спремавме за диско во неговиот град. Многу рано беше за диско а ние и двете се спремавме па одлучивме да прошетаме низ парк додека да дојде 12 часот за да одиме на диско. Така во чизмички со штикла фармерки кошулка и кожна јакна излегов и се шеткаме со другарками и наедншка гледам мине тој со колата. Нешто почувствував таа вечер и само и реков на другарката види го овој сега има да заврти со колата уште 10 пати околу мене. Додека таа не ми веруваше тој ги докажа моите зборови. Вртеше вртеше околу нас и на последниот круг јас извикав леле види го манијакот колку врти. И наеднаш го снема, почнав да и се жалам на другарками дека сакам уште еднаш да го видам а таа ми викаше ако ако ти пак му вели манијак. Се покајав за зборовите а веќе стана 12 часот. Заминавме со другарками во дискотеката каде што се најдовме со другото друштво. Во меѓувреме тој не ме слушнал мене кога сум викнала дека е манијак туку му заѕвонил другарму па отишол да го зеде. Се вратил во парк ме барал ме барал но ме немало. Одлучиле со другарите да одат на диско. Некоја случајност и тој во истото диско. Цела вечер бил изервиран затоа што не дознал како се викам. Во диското : И велам на другарками да одиме до вц и одиме а по пат до вц мислам само на тоа дека можеби го повредив со тоа што му кажав дека е манијак. Тој на последната маса до вецето. Во гужвата не го видов но тој кога ме видол многу се израдувал и решил дека ќе ме запознае. Наеднаш некој ме допира за половината се вртам изнервирано таман да го опцујам и го гледам него. Се насмеав од 6ка до 6ка, се израдував ептен што го гледам повторно. Само се насмејав и продолжив кон вецето. На враќање од веце го уштипав за раката (незнам од кај толку храброст најдов во принцип сум срамежливо девојче) Тој се изненади од мојата реакција и така повише пати вртевме еден околу друг и се ударавме со лактото. Излегуваше тој на цигара излегував и јас, излегував јас дојдеше и тој. Кога ги прашав другарките за него ми кажаа дека е женскар и дека само ќе ме изигра ни чуствував дека ако ги послушам ќе згрешам па трнав по мое. Прикрај од забавата излегувам на цигара а тој ме сопира на вратта останав у шок. Ме праша како се викам од каде сум колку години имам . Се чувствував како да сум на испит го слушав и му одговарав на прашањата . Ми рече да ме однесе до дома но го одбив сакав да бидам повише недостапна хаха. Ми рече да му ветам дека утредента ќе пиеме кафе. Му ветив и го исполнив ветувањето. Се беше многу убаво алал да ви е на тие што ќе ми го прочитате коментарот оти изгледа превише напишав Но сакав и јас да го споделам моето чудесно запознавање со партнерот што за жал веќе не ми е а баш ни одеше
Го запознав преку моја другарка, и и ми беше антипатичен и имаше така злобен поглед, не го сакав ич. Е после долго време ми пиша, па дури и тогаш му се понашав но му дадов шанса да се запознаеме. Веќе кога прв пат излеговме ми се смена и мислењето и многу добар впечаток ми остави.