Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Adorabela

    Adorabela Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Spontano, duri i imeto ne mu go znaev:lol:.
     
    На Angelopus, Damata so marama и Animali им се допаѓа ова.
  2. elvittta

    elvittta Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Го запознав преку моја другарка, и и ми беше антипатичен и имаше така злобен поглед, не го сакав ич.
    Е после долго време ми пиша, па дури и тогаш му се понашав но му дадов шанса да се запознаеме.
    Веќе кога прв пат излеговме ми се смена и мислењето и многу добар впечаток ми остави.
     
    На buba4e89, sj *O*, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    7.958
    Пол:
    Женски
    Па така на првиот школски ден(средно, пред 4години) во септември - го видов прв пат после толку години. Последно го видов во забаваче кога учевме заедно, после се префрли во друго школо и не знаев дека постои.
    И многу се каравме, воопшто не зборевме, не сакавме да чуеме еден за друг.
    Му кажале дека го свиѓам, а тој демек незаинтересиран, а јас со повредено лавовско его, нејќев да му се испулам. И после година и пол оттогаш обиди, пак ме освои.
    Инаку, не ме привлече ништо тогаш, личноста во која се изгради денес е она што ме дрецна од земја.
    Контрадикторна приказна и многу чудна љубов.:$
    Знам дека имав влијание многу и баш ме радува фактот.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Машки
    Се уште не сум се запознал :D
     
    На buba4e89, simonna.a, LittleChili и 5 други им се допаѓа ова.
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    3.545
    Пред 5 години, решена бев дека сум спремна, знаев дека е голема обврска и многу време размислував за тоа, не сакав на крај да му го скршам срцето и да го оставам затоа долго одолговлекував, ама тогаш бев вистински спремна. Ако си спремна одиме во Штип кога сакаш, знаеш дека е таму и те чека баш тебе. Судбина ви е-ми рече другар ми. Еден ден станав и знаев дека е тој ден. Тргнавме и по патот осеќав трема, неизвесност и топлина. Сепак е огромен чекор и ќе ми го смени животот. Ама сега нема назад.

    Стигнавме, не пречека мајка му, убава, дотерана, си реков дај боже и тој како неа да старее. И го видов, седнат пред тв, сладок и неодолив, одма знаев дека е тој. Си го зедов за назад, пресреќна бев. До денес нашата љубов само расте се повеќе и повеќе.

    Еве 5 години како го имам мојот пинч Бади. Мојата љубов.
     
    На Harper, MarigoldA, Hellobeautiful и 20 други им се допаѓа ова.
  6. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Машки

    Хаха.Хаха.хаха.

    Треба да почнеш да пишуваш.
     
    На buba4e89, faye, Stark и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Coco - L

    Coco - L Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Се запознавме преку мој братучед. Беа во исто друштво и многу пати братучед ми ме викаше да излезам со нив , но јас ни ден денес не знам од која причина не сакав да излезам . После долго време решив дека ќе отидам и така првично се запознавме . Потоа почнавме се повеќе и повеќе да се дружиме и муабетот одлично ни идеше . Од како се фативме ми кажа дека сум го интересирала уште пред да се запознаеме , го копкало која сум била и зошто не сум сакала да излезам со нив :lol:
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, LoneWolfGuy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Машки
    Во маркет неможеше да дофати чипс па и помогнав. Рече фала и ме погледна со плавите очи:inlove:
    После кога искочи врнеше и ја викнав да го делиме чадорот. Правевме муабет, ја испратив до дома, ми даде бројче, и така:D
     
    На Harper, Billy Idol, Brinetka и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Nikola1967

    Nikola1967 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Се запознавме во Капиштец во кафе бар Бас(не го памтите вие помладите).Немаше во тоа време ФБ,Инстаграм,Твитер и останати социјални мрежи....Пиеше кафе со другарка од маало а јас од работа во кафана(памтам земав плата),па после продолжив..хехеххехе....Така требаше да биде.Го викнав келнерот да им однесе по една пијачка на девојките,и замисли не сакаше да ја земе пијачката.Мене толку ми требаше и опааа од столче.Чек да видам која е таа што мене ми одбива пијачка.Признавам бев досаден дури и премногу но ете успеав да земам телефон.Следниот ден вртев ко нездрав да ја добијам,па следниот ден,па пак следниот ден за да конечно ја добијам на телефон за да ми каже дека имаат многу работа и дека останува прекувремено(малку сомнително ми беше тогаш,ама ајде).....Излеговме во Лептокарија на кафе и пијачка....Јас сок а она коњак(лелееееее)...И реков што е ова?...А ми рече ние дома си пиеме алкохол.....Останатото е историја до 2018 кога Господ одлучи да ја земе во своите прегратки....22 години брак и две прекрасни деца ми подари кои страшно ме потсетуваат на неа......Почивај во мир....
     
    На CrazyGirl15, snegulkata, SnowWhite8 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly.285

    butterfly.285 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Порано бев во врска 1 година,но поради многу причини,раскинавме.и после таа врска несакав да имам дечко,бев решена да се посветам на самата себе.Но дојде еден ден кога требаше да отидам кај една моја другарка од друг град,односно беше празник.И отидов,го сретнавме дечко и со уште 2ца другари,но јас баш тогаш не ги бев забележала кој е,како изгледа и се тоа бидејки бев премногу уморна,потоа отидовме кај другарката одморивме,се спремавме и вечерта требаше да излеземе и така пак се сретнавме со нивните другари и се запознав,но еден толку многу ми се допадна,на прв поглед што уште тогаш знаев дека ке биде нешто,но не бев баш сигурна,си велев од дека баш мене ке ме засака и ред други работи.Отидовме кај количките,рингиспилот и таквите работи и јас прво се возев со другарките,а за тоа време тој се договарал со другар му како да ми пријде да ме покани да се возиме,и ете го,дојде.Така се возевме можеби над 10 пати заедно,ама супер ни беше.Неговите другари намерно се удараа во нас за да се удриме јас и тој.Потоа бидејки сакав на балерината,ги питував другите дали сакат да се вртиме но никој несакаше,па ете го,тој ме праша и се вртевме.И јас толку многу се доближив до него додека се вртевме,така што неможев да се одделам.Потоа се решивме да се шетаме цело друштво заедно па така одевме сите заедно додека оддеднаш се најдовме јас и тој пред сите нив.Еден пар од друштвото сакаа за рака да се фатиме,и тој ме фати за рака.Кога дојде моментот да си одам,се поздравив со сите со рака и баш кога се најдов пред него,незнаев што да правам дали да го гушнам,али премногу срам ми беше,и кога гледам тој ме гушна и така целата се збунив,вцрвенив..И ете така кога си отидов дома тој ми пиша како сум си поминала и ред такви работи,после 5 дена ми понуди врска и ете сега сме скоро година заедно за 11 дена и премногу се сакаме.:inlove:
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    4.785
    Пол:
    Женски
    Преку бивша другарка требаше да одиме во Борис Трајковски да се лизгаме ама на крај беше затворено па седнавме во кафич и ептен ни тргна муабетот .
     
  12. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.215
    Пол:
    Женски
    Na rabota i ostanavme samo so zapoznavanje posle edna godina tek prifatif da izlezeme na ( kafe) pivo.
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    4.630
    На работа. Тој беше таму вработен. И за 2 месеца замина. Продолживме со пишување, за нова год. Во врска преминавме.
    Летото ме запроси и поради повторно заминување -брак и сега сме си заедно :inlove: