Абе, што убава тема КАКО се запознавте, сте ја преправиле во КАДЕ и со едно зборче. Нејсе, јас да си кажам со мојов. Бев депре и ме убеди другарка да инсталирам Тиндер. Bless her soul, ем си го најдов мачорот, ем имам цел фолдер со скринови од прајслес мачо пози/профили за кога сум даун. Се допишувавме можеби добри два и пол месеци, никако да ни се погоди МојТермин да се видиме оти од различни градови, ама ајде конечно падна договор лани, на почетокот на јуни. Пошто провинцијални душички, договорот беше да се најдеме во Скопје. Мене ми е блиску, тој пак имал бесплатен превоз. Океј, супер. Вечерта бев на роденден, па малку подотерана отидов. Последен бус за дома во 21:30, а договорени во 18:30 да се најдеме. Стигнав малку порано, ме просвиркаа што ме просвиркаа сите таксисти по пат, си седнав пред ВЕРО Центар и си чекам. Ми стига порака од типов дека ги запрела полиција веќе 15 минути, па ќе доцни. Прва мисла ми беше дека е одјеб, втора ми беше зошто толку долго, што направиле? Он златниот се пријавил преку другар да оди на тогашниот митинг на ВМРО (инаку политички сите ги мрази), па оттаму и бесплатниот превоз, ама затоа и ги застанале да им држат лекција да не прават глупости. Тие 20 минути чекање, единствена мака ми беше да не е понизок од мене, дека јас малце ко шестар сум и ми е комплекс машкото да е поситно/пониско, фак ит. Ништо, стигна убав ко бонбона, пола глава повисок. Јас изгубена, тој бетер, не ни памтам што муабет правевме првите 10 минути. Знам влеговме во Џамбо да разгледаме дримкечери накратко, и во таа штама од неколку секунди што настана, му паднало непријатно и ми пружа рака: Иначе, јас сум А., мило ми е. Е, фала на информација... Ама го видов поцрвенет, па само се насмеав и реков дека знам. Потоа отидовме до градски парк, времето си врви, тој кажува неповрзани муабети, му паѓаат ствари од раце, од џеб, цигара не може да си извади, а јас само го гледам колку ми е убав и си мислам како да му се обесам околу врат, најискрено вака. Веќе бидна 20:40, а треба пеш до автобуска да стигнам пред 21:30, он абер нема од ништо. Викам ок, веројатно не му се допаѓам, заеби, тоа е, и си станав по звукот на некое жапче што беше во близина во езерцето. Кога ете го овој по мене: Еј, ќе бараш ли жаба да ја претвориш во принц? Супер, си викам, клише муабет сега треба да смислувам некој... Среќа тука ме пресече со тоа дека он волонтира, па се деси претварањето жаба у принц. 20:57. Почнуваме да летаме накај автобуска. Јас препотена, по пат ваѓам дезодоранс, се сопкам, ми излетува пцовка, он едвај ме стигнува позади со толкав ранец на него. Си викам толку е, овој ќе ме блокне од сегде во 21:31. Те го од позади уз бревтање ми вика „Е, ова е....хух.... состанок што нема да го.... заборавам.“ Ме испрати навремено на автобуска, па се враќал назад до собрание да не му побегне превозот. За ситно, година и пол мина оттогаш. Некогаш, кога ќе настане штама, знам да го прашам на шала „А, како рече дека се викаш уствари?“ Каваљер. Фејк партијаш. Жаба-принц. Перфектно.
Кај братучетка ми јас секоја недела наутро одев кај стрико ми и со братучетка ми си прераскажувавме како сме го поминале викендот. Недела штотуку излезена од бања инаку многу блиску живеевме со братучетка ми и со полу сува коса во тренерки одам кај нив зет ми со другар сегашен маж ми а он со брада до појас а јас мразам брада многуу и така се запознавме не зезаа јас слободна он слободен и се дог следен викенд да дојде инаку од различни градови бевме. Се беше ко на зезање за кафево ај си реков нема светот да пропадне ако излезам на кафе. Дојде следниот викенд јас на братучетка ми и викам ако има чоеков брада јас бегам е до толку ми беше одбивна брадата што ни за кафе не можев да го поднесам таа ми вика не биди луда седи мирна. Доаѓа едно момче без брада згодно отидовме на кафе ме освои од старт со неговата харизма и смисла за хумор и од тогаш доаѓаше нон стоп да ме види иако ситуацијата не беше сјајна пост воена беше каде сеуште беше вжештено но на мојот витез не му пречеше ништо и ништо не можеше да го спречи да доаѓа за да се видиме. Љубовта надмина се...
Не запозна другарка ми, тие биле школски, а тој работеше во барот кај што одевме ние стално. Прво не мислев ништо со него зошто е помал од мене, ама ете 5 месеци среќа
Додека плаќав нешто во банка, бидејќи брзав за да стигнам на факултет ми паднала личната карта, а он чесен момак па ме најде и 3 години остана.
Ставив стори на инста кафе кога пиев.Ја видел околината во која живеам и ми пиша ,,Наздравје кафето". А и не само тоа школски ми беше,уште поинтересно.
Преку фејсбук. Обично никого не прифаќам ама ни ја не знам зашо него го прифатив. После некое време ми пиша и викам ај да видам шо чоек е овај. Заглавивме со пишување со недели, па си дојдов тука со цел да учам за колоквиумска. Само што си дојдов, почна да ме заебава пц, па на 1ви април го викнав да ми помогне со компјутерот. Ииии се заборавивме гледајќи филм кога веќе почнал полициски час и не можеше да си отиде дома, па мораше да остане на спиење. И така на шала сеа не можам да се одлепам од него.
Го знаев уште од 2015та дека постои како лик на твитер, имав и ја твитер и ме имаше заследено на инста ама ништо појше. Ми лајкаше слики и роденден си честитавме само така на твитер до 2017та. После деактивирав твитер, на инста првпат ми пиша есента 2017та на некое стори, за вежбање и некои мусли нешто беше муабет, ја вежбав и он исто, па правевме муабет за доручек кои мусли се најдобри за енергија и да те држат најаден. Не го рецкав, не беше физички мој тип и ретко после знаеше така да ми пише ама најобичен и краток муабет. Не му придавав важност. Дури се дејтав тој период со еден, но нишо сериозно не беше. До февруари 2018 така знаеше да ми пише на некое стори, дури многу кратко му враќав. Прекинавме со тој шо се гледавме измеѓу и некако баш почнавме муабет. До јуни ме викна 2-3пати на дејт и го одбивав дека од друг град, а и ја средно, он на факс, на крај викам ај ќе излезам и така сум на распуст, имам време за едно пријателско кафе бар, другарките ми рекоа ај излези бар, види шо како, греота е детето 24/7 со месеци ти пишува. А и на твитер ми пратија дека твитал дека баш за мене и ептен бил затрескан у мене. На старт не ни приметив ја, мислев другарски си збориме. И така бевме на еден дејт, немаше ништо освен едно кафе у кафич шо испивме, не ме импресионираше нешто многу, викам дефинитивно нека иде у френдзона. А, он па вика љубов на прв поглед сум му била, а ја смислував план како да го откачам безболно. Али беше срамежлив, се приметуваше, па после тоа уште еднаш излеговме, пуштив срце и вториот впечаток ми се допадна баш, некако се опушти и он и така почна врската шо трае речиси 2г. Сега ми е смешно и се смееме за почетокот ептен. Не му беше лесно да излезе со мене на дејт, се измачи пустиот. Ама па благодарна сум им на другарките што ме тераа да излезам со него. Една од нив беше @nevermet18, фала ти.
Одевме заедно на германски во основно и случајно се паднавме во ист клас во средно...Другарството од училишните клупи прерасна во врска во 3та година