ne kako mene ali za se treba mn da se potrudis za da go dostignes za ona sto go sakas vo zivotot mislam deka toa sekoj treba da go znae ne e se taka crno
Ми пиша на инстаграм, а немаше ниту профилна. Јас бев во друга земја на еден месец и ни беше досадно со цимерката и враќавме заедно двете на сите што ќе ни пишуваа- а имавме изговор да не излеземе со нив дека не бевме во Македонија.И така почна од заебанција, ни тргна муабетот и еве 2 години и 1 месец сме во врска
Се запознавме рандом, на журка кај другар. Тој живееше во една држава, јас во друга. Една година само другари, се допишувавме на секои 2-3 месеци. По една година дојде пак во мојата држава и бидна.
Бев кај другарка на викенд, он дојде на вечера кај нив и така се запознавме. Утредента се договоривме да одиме да се бањаме во река, но на пат до таму имавме сообраќајка ( среќа, сите живи здрави ) тука патешествија, па брза помош, едно лице беше без свест.. ајде помина тоа, сите со трауми дента, уште под стрес, а за вечерта веќе имавме резеврирано, се мислевме да откажуваме, но си рековме ајде еднаш се живее - одиме ! Таму ме покани да играме, цела вечер беше многу културен. На другарка ми и рекол дека сум му била симпатична, а и јас и го имав кажано истото. Кога стигнавме дома вечерта останавме надвор, правевме муабет.. ми рече каде беше цел мој живот ( тоа нема никогаш да го заборавам ). И така почна се, уште од првиот ден.
Одамна зборам како сум заљубена. Еве ја приказната. Беше 2019 п.к. ( пред корона) и во Битола се затвори бутик. И океј то нормално е тука во последните години. И другар ми таму го најде, паднат меѓу ѓубрето и без работа. Го зема и спаси и ептен се здружија. Го зема и дома, цимери станаа. Стана дел од нас. Јас тогаш зафатена, како другар само го гледав. Ама малку пред да раскинам, дознавме со другарка ми дека другаров со кој е цимер ќе му качеше нож во грб и онака си прајме со неа, не, не можи. Мора да му поможиме. Е сега другаров е паган и за Коледе огнот планираше да го фрла во оган и да го жртвува на боговите. Па неколку дена порано зборавме со него и сега со другарка ми е цимер и не се гледа со старо друштво. А јас и другарка ми блиски сме ептен и ете се деси. Вистина ранлива бев после раскинувањето и можи зато бидна ама не се каам. Пресреќна сум. Малку е ексцентричен ама мислам дека секогаш такви ме влечеле. Спојлер
Ми беше колега на работа, ме учеше how to be келнер. Дека појма немав, тогаш почнав да се социјализирам. Лани летото беше то, па губевме контакт, па се каравме, па по една година сме заедно, и супер оди.
На работно место се запознавме, не беше нешто интересно. Ама потоа си имаше испади пред колегите и многу му тераа мајтап Мене ми беше страв искрено од врска со колега, прво, не знаев шефовите како ќе изреагираат ( а тие уште повеќе мајтап ни тераа кога дознаа), а после се мислев и како ќе изгледа да работиме заедно, ако раскинеме .... ама еве после три години уште сме заедно и секој на свое (различно) работно место
Многу сакам кога ја кажувам случката Тој ми беше мене симпатија и работеше во една дискотека, ама тој не ме ни познаваше. Една вечер така си бевме на маса со другарките. Бев до надвор и како сакав да влезам обезбедувањето не ми верувше дека имам над 18 како ме пуштиле ..бла бла и јас добро внатре ми е личната сега ќе ја донесам. И се враќам јас и се брзам и не знам како ама се лизнав и готова бев да паднам и некој ме додржа. И си велам пред...кој се избрукав сега и се вртам и го гледам него. Мојата реакција беше цела шокирана и тој ми вели: пополека и јас само фала...мртво ладно После тоа почнавме да пишуваме...ден денеска ме зафркава за тоа ама мене дефинитивно тоа ми е омилената приказна
Не бевме од ист град, се запознавме сосема во трет град на опен фест во Струмица се спонтано се случи дојдоа на наше конопојче прашаа дали може со нас да стојат и така уз песни на Саша Ковачевич и емоции проработеа...
Од исто школо сме, прво почнавме од далеку да се приметуваме, но по 1 месец ми пиша на messenger, почнавме да комуницираме како другари и баш за нова година на 01.01 ме праша конечно за врска, и еве пред 3 дена направивме 7 месеци врска
Ме додаде на инстаграм. Го прифатив, после една недела ми реагира на една песна што ја имав ставено на стори и така почнавме да пишуваме. После една недела се сретнавме во Saloon, тргнавме на афтер. Додека бевме на пат кон афтерот, се откажа све и си седнавме на клупа до рано сабајле. Ми беше како земање на свеж воздух после давење.
На работа. Мислеше дека сум влезена како шпион и тој како и сите колеги ме гледаа лошо. Сега ми е маж