Се имавме на инста ама не го познавав. Прејаки сториња ставаше, скоро секад си се смешкав ама никогаш не му реплајнав. После некое време сингл, го приметив на забава. Чекав стори да стави и да се пуштам во акција .
Беше другар на тогашниот дечко од другарка ми, неколку пати имавме излезено во друштво и баш ни беше убаво, ама никогаш не се зближивме и немавме направено насамо некој муабет. Една вечер бевме излезени во еден кафич и на крајот останавме само ние и уште едната маса до нас. Еден од нив почна да ми се упикава и страшно да ме напнува, па ги изнамолив да си одиме од тука и тргнавме накај колите. Човеков тргна по нас и почна да ми се колне дека ќе ме најдел која сум. Кога во еден момент, дечково му се врти и му вика не се труди џабе, она е за мене судена. Па, очигледно претходно договорени, ме наместија да си одам јас со него со неговата кола, а останативе 7 души се напикаа во другата. За 15 минути до дома си се изнамуабетивме ептен deep муабети, преубав впечаток ми остави и од тоа произлегоа прекрасни 10 месеци. Иако никогаш официјално не започнавме врска, само излегувавме, сепак мило ми е што еден период сум го поминала баш со таа личност. Кој знае, можеби ќе се сретнеме еден ден пак, можеби стварно сум му судена како што кажа.
Се запознавме во дискотека (или пред влезот на дискотеката). Еден тип цело време ме замараше, а јас му велев да ме остави, но тој упорно и упорно се пикаше во мене и јас си отидов и на вратата тој (дечко ми) се појави и ми вели "не дозволувај типот да те разочара, ајде влегувај јас ќе ти правам друштво". И така веќе 9-10 месеци одиме заедно.
Као случајно во камп тој на летување јас на работа ,за после сестра му да ми каже дека ме намерачила за него и му кажала па затоа дошол инаку немало да доаѓа натаму
Онака ја запознав уште кога беше малечка случајно ја видов покрај нејзината куќа.И си реков ова мора да биде моја i eте бидна
На фб го запознав барав стан (соба) сакав да се селам видов негов оглас на група па му пишав...бев да ја видам собата така се и запознавме али одлучив да барам друга соба и не се вселив кај него најдов друг стан...после тоа месец дена тој ми пиша на фб 2-3 пати на фб и јас не враќам незнаев зошто ми пиша кога веќе му реков дека сум нашла соба и после тоа уште еднаш ми пиша јас бев на работа и онака од досада му вратив после тоа ден или 2 незнам точно се договоривме за средба да пиеме кафе се смувавме и од тогаш сме заедно скоро година дена пред 3 месеци се преселив кај него заедно живеевме и баш супер ни оди...жалам што не отидов одма да му бидам цимерка
Кај него на работа. Ми го промени животот на подобро откако го запознав. За кратко време ми стана сè на светот, не верував дека за толку кратко време можам со некого ептен да се зближам. Се уверив во тоа дека ништо не е случајно, сè се случува со причина.
Преку заеднички пријател, сосема случајно, не му беше намера да не 'намести'. Се најдовме на право место, во право време, почнавме да зборуваме и никогаш не престанавме Често си го спомнуваме тој момент и колку лесно можеше да се случи да се промашиме, ама ете за среќа не испадна така
Го видов на улица се разминавме, вратот го скршив по него од што ми се засвиѓа. Не го знаев, и сама не знам како го најдов на фб (судбина можеби) . На сите им реков овој ќе ми биде дечко, уште пред да се запознаеме.. После некое време му слајднав у пораки со среќен роденден, и еве тераме седма година заедно. feels like the first day everyday
Ние бевме другари на почетокот. Јас ја свиѓав и навистина сакав да поминувам време со неа, ама не мислев дека ќе биде нешто сериозно. Мислев ме гледа само како другар и ништо повеќе, иако забележував како да ѝ се допаѓав, но си помислував дека преувеличувам, дека не е тоа што мислам. Потоа еден ден жестоко се скаравме за нешто и кога требаше да се смириме долго се гледавме во очи и тогаш ненајдено се случи првиот бакнеж. Ѝ кажав дека ја сакам, дека е многу убава кога е налутена. Потоа неколку часа ми беше со главата во скут, ѝ ја галев косата... Беше незаборавна вечер. Мислам дека никогаш не би се откажал од неа, без разлика на сѐ. Еве веќе неколку години сме заедно и сѐ уште срцето забрзано ми чука кога ќе ја видам.
На факултет, всушност тој беше и првиот со кој што се запознав. Толку добро ни одеше разговорот, што од тој ден веќе 10 години не се разделивме.