1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Dodo1

    Dodo1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Не побарав мислење :) Гледајте си го вашиот праг секогаш, никогаш не можеш да знаеш кој какви планови и желби има во животот, а воедно и можности. Be kind :f:
     
    На sunshinebabe, Traveler91, Irreplaceablee и 9 други им се допаѓа ова.
  2. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    И без брак се живее
    Јас бев во врска 10 години па потоа се венчавме.
     
    На Irreplaceablee, black-angel и Dodo1 им се допаѓа ова.
  3. Anni97

    Anni97 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Со дечкоми сме веќе 8 години во врска.
    Се запознавме така што отидов во еден бар тој стоеше на шанк ние со другарките игравме се забавувавме и во меѓувреме ми врти мајка ми јас бев пуштена до 12 часот а беше веќе 12 ипол и каснев дома..побрзав да се јавам ии така залетана накај вратата тој се заврте на шанкот и јас се судрив со него а тој висок јас ниска само ја подигнав главата нагоре се посрамив се извинив и отрчав надвор да се јавам..влегов внатре да си ја земам јакната и да тргам накај дома кога една рака ме фати..тој..и ми кажа пази па да не се судриме и ме бакна во образ јас посрамотена си тргнав и во тој момент незнам што се случи не сум обично таква срамежлива сум се завратив од пола пат тргнав накај него и го бакнав и јас.
    А чиста случајност судбина ли е што ли е не додаде на фб ден два пред да се сретнеме..а никогаш претходно го немав видено и потоа пишувавме излеговме и ден денес сме заедно
     
    На Mêdêñâ_26, Marialolly, Ramones и 29 други им се допаѓа ова.
  4. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    На форум :l:
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Тука во маалово мое.
    Ме погледнуваше, го погледнував.На почеток ништо сериозно, онака без чуства. Јас кога и да излезам тој беше тука, ме гледаше трчаше накај мене секогаш. Полека се запознавме. На крајот јас го засакав многу многу. Прва го гушнав, прва го бакнав.:inlove: После неколку дена го поканив да спие кај мене. Се двоумеше. Но прифати. Толку слатко никогаш во животот не сум спиела, па една позитивна енергија што ја пушта. Рај.:inlove: Имаме моменти кога се караме по мацку, има моменти кога се сакаме највише на свет. Сега веќе 4ипол години сме заедно.
    Еве една фотка од него кога јас се разбудив порано а тој сеуште си нанаше.

    Screenshot_20210416-172941.png
     
    На 1Q84, Ani45, GirlRose и 54 други им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Мојата љубовна приказна трае долги години. Го запознав кога бев 5то одд. Со сестра му одевме на играорна заедно. И така го познавав како нејзин брат . Минеа години, пораснавме , тој е година и пол постар од мене. . Имав неуспешни две долги врски исто и он, а цело ова време како брат на мојата другарка од играорна го третирав :) . И така после долги години тој почна да излегува со мој братучед и он сам и јас сама и почнавме поинтезивно да се дружиме и бидна. И затоа секогаш вели дека сме си биле љубов од детството. Од секогаш сме си имале симпатии еден кон друг. Од судбината не се бега. Сега имаме 2 срценца (6 год и 3 год),и во брак сме 8 години. Во врска бевме 1 година.
     
    На Mêdêñâ_26, sj *O*, MrenaRiba и 21 други им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.936
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Го знаев многу години пред да сме во врска:wasntme: не бев creepy, ама генерација сме, но учевме во различен клас. Едвај го чекав големиот одмор за да го видам онака, не ни си викавме ни здраво тогаш, тој не ни знаеше за мене:D
    Помина матурската и така и си остана, си го памтев само како мој симпатија;(
    После некое време и после 2 промашени врски што ме уништија, кога ми беше најтешко, добив една многу убава порака на инстаграм:inlove: и мислам срцето ќе ми прснеше:wasntme:
    И од тогаш се започна:sun: Реков ќе му дадам шанса затоа што многу ми се допаѓаше во средно, и не сум згрешила, конечно и јас да не згрешам:D
    Заедно сме скоро година, а се осеќам како да го познавам цел живот, на секоја девојка и посакувам ваков дечко, моја душа:l:
    Од ова само едно научив -тоа што е наше, ќе си дојде.
     
    На Mêdêñâ_26, GirlRose, wildqueen и 18 други им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    8.112
    Пол:
    Женски
    Заедно работевме. Негов прв ден на работа со мене. Пред да почне со работа шефот ми вика утре имаме нов колега, викам давај слика :D и гледам со девојка ( долга врска) и на смеа на шала со шефот, викам жал ми е ама ќе раскине он со неа ( период со шефот имавме кај што мањачевме само )
    И така си работевме , иако он во врска имавме некои јаки погледи али ништо повеќе. Јас дадов отказ , се видовме колегијално на кафе еднаш, заминав на сезонска раб во друга држава и еден ден ми пишува блабла, раскинал бла бла бла и типот си купи карта и дојде кај мене.
    На почеток не мислев дека ќе биде нешто сериозно, дури без тажна , но ете не 3 години скоро, верени и најмногу заљубени:D
     
    На SummerGirl, Mêdêñâ_26, wildqueen и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Учевме заедно во средно, студиравме заедно на факултет, хемија меѓу нас имаше од порано но после 10тина години ( од првото запознавање во средно ) конечно започнавме врска, досега 3 и пол години врска и многу наскоро годишнина од брак ☺️
     
    На Mêdêñâ_26, wildqueen, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Се преселивме со мајка ми во нова куќа далеку од старата поточно во едно село. Таму живееја и наши блиски роднини.
    Баш за празникот илинден кога бевме сите од селото во црквата прв пат го видот и тој мене, не сме правеле муабет но после неколку дена бевме поминале цел ден и мене онака ми се допаѓаше дечкото (тогаш и моите почнаа да се шегуваат демек и тој мене ме свиѓал)
    Па утредента бевме на свадба (јас кај пријатели на мајка ми а тој беше кум на свадбата)
    Вечер во ресторанот беше што беше:D:Dме покани на танц а ја целата усрамена, сите во нас гледаа:$прифанав :nod:и после цела вечер бевме заедно:Dтогаш се роди и љубовта :sun:
     
    На Mêdêñâ_26, Ramones, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  11. nesanica92

    nesanica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Нема да кажам како точно, но јас го свиѓав многу пред воопшто да бидне нешто. И не ми се верува до ден денес дека маж како него се плашел да ми пријде, бидејќи сум била ладна и со дигнат нос.
    А јас само да ме замуабетеше и се ежев цела и лицето одма патлиџан боја добиваше.
     
    На prashinka, sj *O*, Traveler91 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    7.710
    Пол:
    Женски
    Во еден кафич, темен, задимен, гужва огромна, напикани внатре сите како сардини. По игра на случај, како што минуваше келнерката низ гужвата се најдовме залепени еден до друг. Многу незгодна ситуација беше ама ја свртевме на шала и се разделивме. Подоцна истата вечер ме викна да се најдеме повторно некој друг ден, во друг кафич, на помирно место каде што може да се разговара. Е тогаш вистински ме освои и од тогаш не се разделивме. Некој да ми кажуваше претходно дека тој дечко, случајно сретнат во кафич на толку кратко, некогаш ќе ми биде маж во иднина немаше да му верувам.
     
    На Ramones, sj *O*, MrenaRiba и 11 други им се допаѓа ова.
  13. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Значи мало и некој аир од шетање по кафичи:D
     
    На prashinka, sj *O*, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Се запознавме на многу млади години, ама тогаш не бев свесна за нејзините магиски својства.
    Не сфатив колку е способна во секоја можна смисла.
    Прекрасно искуство имам со тебе зошто ми го правиш убав секој ден.
    Моја десанка :l:

    [​IMG]
     
    На LoneWolfGuy, MrenaRiba, Elf и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Машки
    Хахахахаха легендо
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    На уписи на факултет.
     
    На LoneWolfGuy и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  17. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Машки
    На социјална мрежа. Само што научен од искуство, гледав да се движи работата што поспоро и да не избрзувам со ништо. Изгледа се исплатеше, и се надевам дека ќе трае :))
     
    На MrenaRiba му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gold.unicorn

    gold.unicorn Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    На море. После токсична врска, јас со другарки, тој со другари. Во врска беа другарка ми со негов другар но никогаш не бевме предходно запознаени. Ме нервираше цел одмор :rofl::rofl: Сега веќе 2ипол години во пресреќна врска:sun:
     
    На sj *O*, MrenaRiba, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    На инстаграм така што јас му ја лајкував сликата од мачката бидејќи сум љубител на животни мислев дена е маче некое по страниве така почнавме муабет знам дека беше за Божиќ најубавото нешто и сега сме во брак :inlove:
     
    На Ramones, sj *O*, Traveler91 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Брат му беше кум на свадбата на другарка ми ,ама тогаш вечерта некако не го изрегистрирав баш. А и јас некако не бев баш како што треба ,само што излегов од многу лош брак.
    И упорен дечко после некој ден ме најде на ФБ ,не се сеќавам ни кога ни зошто сум го прифатила , ама некако почнавме спонтано да комуницираме и така продолжија случувањата … сега сме во брак и имаме три деца :dance:
     
    На sj *O*, MrenaRiba, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.