Одев често кај него на работа, се запознавме службено, се знаевме две години речиси. Ми требаше итно совет за нешто од него за тоа што работи, па вон работно време на вибер му пишав порака за да прашам. Ми врати на пораката и толку беше. Поминаа неколку дена, на вибер наместо да пратам слика на мајка ми од мене и ќерката, наше селфи, му ја пратив него погрешка. Ја виде веднаш пораката, се извинував дека е грешка, па се надоврза на сликата дека сме биле многу убави, ќерка ми била моја копија, преслатка била. Пиша дека многу сакал деца, нема зошто да се извинувам, сум му разубавила денот со убавото девојче, немал негови деца, но често го чувал внучето (дете на сестра му). Слична возраст биле, да сме ги здружиле, викендот ќе одел во парк со внучето и сестра му, ако сум сакала да дојдам со ќерка ми, ако сум слободна. Сфатив дека "му фаќам око", па си викам зошто да не, ќе отидам. Одлично си поминавме, потоа почна да ми пишува да излеземе и ние на кафе сами, му годело моето друштво и муабет тој ден. Набрзо почнавме и да излегуваме, па ете сега ми е сопруг. Инаку ми призна дека на работа уште кога сум доаѓала многу сум му била симпатична, но сепак професионално се однесувал и затоа никогаш не покажал дека му се допаѓам. Најубавата грешка што ја направив во животот е што ја испратив таа слика кај него. Велам јас, судено ни било. Да живее вибер.
Чудно и несекојдневно се запознавме на форумов, за жал раскинавме пред некое време.. Беа и ќе бидат најубаво поминати 4 месеци во мојот живот.. Ќе ми фалиш засекогаш
Здраво феминки дали може некој да ми пише во инбокс (кој сака) нешто непријатно ми се случило, за допишување станува збор и не е баш за јавно.
Не знам што те чуди толку. И јас имав убава врска со девојка која ја запознав од тука. Има случаеви каде од играње игри онлајн се имаат изродено врски... Преку еден фудбалски форум мој другар го запозна сегашниот кум... Ако се отворени и нормални луѓето се е можно.
И јас мојот сопруг го имам запознаено на времето на еден форум. И еден куп пријатели меѓу кои и мојата кума, старосватот. Но долго време бевме друштво....сите заедно.
Од една реченица направивте цела приказна. Форумов е некад како цвет. Колку повеќе го посетуваш толку повеќе те затвара во своите пупки.
Немој. Јас исто така по грешка пратив слика од мене и братучедка ми дур беше бебе и заглавивме скоро шест години во врска.