Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Машки
    Не знаеш како...:rofl:
     
  2. Che Guevara

    Che Guevara Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Со љубовта на мојот живот, случајно преку другар на исто место бевме искочени, само се запознавме имав навистина многу испуено славев... Земав број, се слушнавме видовме почнавме врска која траеше 15години, беше 4години постара од мене. Тоа ми се најубавите години пројдени со многу љубов, разбирање, поткрепа, верност пожррвуваност, посветеност од нејзина страна, и за тоа сум и вечно благодарен... За жал ни се случи нешто што е појако а тоа се вика СУДБИНА ДА НЕ СМЕ ЗАЕДНО, сеуште ми се свежи раните за да пишувам и за тоа... Можеби понатака во некоја друга посоодветна тема.... Ya' aburnee :l: Forever
     
    На Cecko85, DoubleK, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Medicalover

    Medicalover Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    34
    Тој што мислев дека ми е сродна душа го запознав на клише начин, колеги бевме, тој беше постар колега. Имаше презапишано предмет што го слушам, ми пишуваше за да му кажам што сме правеле на вежби и како ќе бидат полагањата. Почнавме да одиме на кафе за заедно да учиме и се затрескав во него. После некој месец се префрли на друг факултет, но ние веќе почнавме врска и си продолживме без разлика што не бевме веќе колеги.

    Но, не бил тој сродната душа и затоа е бивш. Следниот којзнае како ќе го запознаам.
     
    На Mêdêñâ_26 и Che Guevara им се допаѓа ова.
  4. LanaDelRey♡

    LanaDelRey♡ Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Преку братучед ми. Му беше другар од средно, на слава кај братучедот беше дојден. Се додадовме на facebook, ме викна на кафе и останатото е историја. Веќе 8 години сме заедно, наскоро и ќе се земеме.
     
    На Mêdêñâ_26, Cecko85, Sara4444 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Преку заеднички пријатели :inlove:
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.124
    Пол:
    Женски
    Ние се запознавме во теретана и тоа на најнеобичен начин. Тој ден јас бев дојдена во теретана со друг (сакаше да му покажам вежби за нозе) а воедно бев и пресно раскината со тој шо се гледав, бившиот ме вознемируваше и ми се дешаваа и многу други лоши работи и едноставно сакав на себе да се посветам. Арно ама Бог имал поинаков план за мене и мило ми е (fingers) Не стигнав да вежбам со тој шо бев дојдена оти штотуку купениот телефон ми падна во вода и се изматкав со то ;( Ко стигнав до предниот шутер седнав да вежбам, направив 1 серија и паузирав воедно, му кажував на овој шо дојдовме заедно-зошто толку доцнев. Во меѓувреме ми приоѓа висок тип со брада и репче (ќе го означам Х), во пошироки тренерки облечен и не му се познаваше телото, но Боже таа харизма уфф :$ Уште веднаш почувствував енергија меѓу нас :inlove: Х ми вика "Гледам дека одмараш, ако можи да ти ја земам справата за кратко" :lol: Јас само онака му реков "Добро ајде" и станав, гледав да видам колку кратко ќе ја држи справата, стварно за кратко беше :D Другар му на Х отстрана се зезаше, "Леле абе шо стана те зафркава овај ќе се залепи сеа на справата" :rofl: и по 2 минути стана Х од справата, ми рече фала и си замина. Јас уште тогаш почувствував дека ова нема да е нашето последно среќавање, но не придадов значење оти телефонот ми беше уништен и ми беше тешко.
    Воедно тогаш бев заинтересирана за друг тип од теретаната и него го барав по инста, а се испостави тој да е идиот :puke: И сеа рандом онака аднував момци шо вежбаат кај шо вежбам јас и случајно налетав на Х (а не знаев дека е тој оти на профилната само стомачните се гледаа и мал дел од лицето :$:inlove: но недоволно за да го препознаам) и гледам ме адна и тој. Е сеа тој ме познал која сум, ме бендисал уште тогаш и бил среќен кога виде дека го аднав (иако јас сосем случајно го аднав, не знаев дека е тој). Почека 2 дена додека ми пиши, а воедно еден негов колега на работа шо ми е бивш соученик од основно ме испофалил пред него и Х уште толку летна во облаци :D
    И ми пиша Х, story reply на кое ми рече "чувај го предниот шутер, ќе се менваме 8)" И јас само :o "значи ти си тој шо ми ја зеде справата" и тој "да јас сум ;)". Првите 2 дена онака не му придадов значење, но се замуабетивме онака убаво и со длабоките теми за кои зборувавме, а и со самиот карактер севкупно ме освои :inlove: Воедно и шо има и тело и убави црти на лице и висина (прилично мажествено изгледа мм :devil:), како гладијатор е типов си викам, не го испуштај :$]:)
    Моментот кога сфатив што чувствувам беше кога му ѕвонев на телефон и едвај чекав да се јави. Треперев додека се јави, чувствував мир кога се јави. По неколку дена излеговме на прв дејт и оттогаш сме веќе 2 прекрасни месеци заедно :inlove: Ме прифати каква што сум (со оглед на тоа дека имам анксиозност и не е лесно да се живее со личност со растројство на расположение), секако и јас го прифатив него каков што е, постојано сме тука еден за друг, најголема поддршка разбирање толеранција љубов, буквално сѐ сѐ најубо си сме еден на друг, на сите ви посакувам ваква врска како мојата а на себе си посакувам засекогаш да останиме заедно бидејќи тој е личноста во која пронајдов сѐ шо ми требало отсекогаш (а поготово сега и во тој мрачен период (за мене) кога се запознавме) и за толку кратко време станавме едно :l:
     
    На Ana.brojka, Ouravanture, Bellaa1234 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Teaa999

    Teaa999 Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Мислам дека фали една тема.. Нова сум и како што разгледав скоро има доста теми , само не видов дека постои тема каде што може да запознаеш некого… ; другар , другарка , да запознаеш нов круг на пријатели и.т.н , и.т.н… :wasntme::wasntme:
     
    На Arjanit2021, Cecko85 и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  8. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Само да ги замолам луѓето да пишуваат во оваа тема.
    Така ни давате надеж на нас останатите кои скоро и да сме ја изгубиле. :)
     
  9. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Машки

    Не смее тос тука, форумов не бил за запознавање :D

    Ова да го пишеше некое машко веднаш напади, манијак, не можат жени да отидат на раат да си вежбаат во теретана, таму за вежбање е или за бркање женски, и после зошто не одиме во теретена и слични работи кажани и тн
     
    На Just a chill guy и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  10. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.124
    Пол:
    Женски
    Ми ја осудуваш постапката или?
     
  11. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Машки
    не, туку зборам за оние кои што осудуваат такви постапки доколку таа постапка е направена од страна на машко, а има сигурно и што осудуваат доколку и женско ја направи, има, постојат, безброј такви осудувачи, го осудувам осудувањето ако може така да се каже
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    На нива, тој вршеше со комбајнот, јас се загинав по патот. Бев тргната по полето на фото сесија и јас сета таква пицната на висока штикла тој испотен, па и вицкаст ме прашува женска ти да не се загина некаде?
    И јас да кај е ова и ова, тој ми вели дојди наполни ми ја стомната со вода од изворон таму и таму е па да ти кажам на кај да фаќаш пат. Јас ко што бев нервозна отварам моето шишенце со вода што си го носам насекаде и му ја истурив во фаца:D Потоа отидовме двајцата да си наполниме водичка и ме покани на пијачка, сред село.
     
    На kikkki, buba4e89 и Cecko85 им се допаѓа ова.
  13. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    На Tinder со јавен оглас и интервју . 21век сме 8)
     
  14. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    На факултет (facepalm) нз дали да раскажувам премногу е филмски никој нема да поверува. :rofl:
     
    На Arjanit2021 и Cecko85 им се допаѓа ова.
  15. Peony15

    Peony15 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Преку анонимни пораки. Разговаравме за сѐ и сешто без филтер на јазик. Така си станавме многу блиски, а после кога се запознавме во живо беше чиста хемија, љубов на прв поглед (и на невидено) :lol:
     
  16. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Preku drugarite na bivsiot muvac, koi se poznanici na decko mi. Malce zabegano no se sluci koga najmalku ocekuvas.
     
    На Aleksbonito, Arjanit2021, Cecko85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Што мислите за запознавањата преку Инстаграм? Познавам едни блиски што се запознаа преку инста и еве во врска се две ипол години.
    Ретко се случува тоа или не толку ретко?
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.460
    Пол:
    Женски
    Многу често. :) Дури и најнормално е.
     
    На Glowy, sj *O*, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Ми нема вратено follow, незнам дали да си ја пробам среќата, обично сум се запознавал по чаршија и сл.
     
  20. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Да, се менува светот.