Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    И за мене е нормално ова, додуша за тоа се социјалните мрежи а не само да сликаме кој повеќе ајвар направил годинава.

    Што се однесува до темава, дали мислите дека постои шанса да ми врати на порака? Статус има Single, од ист град сме не ја познавам и немаме заеднички пријатели.
    Сакам да започнам со чат со неа, ама незнам дали ќе ми врати... Што мислите вие женска страна?
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Ако не те и она тебе следи тогаш не праќај порака.

    Мене лично ми е иритантно тоа, кога имам message requests.
     
    На sj *O*, Angie1432, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    И мене ме иритира истото.
    Само ко би знаеле дека не сме сите со погрешни намери...
     
    На Loslassen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    На форумов :)
     
  5. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Запознав доста девојки низ парк. Сепак останавме само пријатели, сите се во врска и тоа стабилни врски, па не сакам да рушам нешто што некој го гради и дење и ноќе. Последен пат запознав ко бев излезен од чиста досада надвор во парк, бевме само јас и едно замене Х девојче. Не го познавав и од што бевме само ние си реков да се запознаеме и да помуабетиме. А таа пак се насмеа и и се вцрвенија образите, се засрами и побегна :lol::rofl:
     
  6. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    А да пробаш на Тиндер таму барем знаеш зошто се.
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Често ми пишуваат рандом ликови и искрено, не им одговарам. Едноставно таква сум и многу е тешко па и невозможно внимание да ми скрене лик кој не го познавам. Секогаш ме интересирале личности со кои имам контакт од претходно. А и најискрено не би фатила работа со некој кој никој не го знае, секаков може да е. Не мислам на тебе секако, ти слободно пиши и, можеби таа поинаку размислува. Ништо не губиш, ако не одговори здравје.
     
    На IvvaNeo, cresa-jagoda и Osogovski. им се допаѓа ова.
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Ајде бе :D
    Член од петок кога побрзо си ја запозна љубовта :clap:
     
    На Anah, sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Искрено и јас исто постапувам.
    Еве сега само што видов имам 13 message requests и ги избришав а не видов ниту од кој се:^)
    А на друг форум пред 3 години ми пишуваше едно девојче и сакаше да си разменеме инста. Е што велиш ти некој непознат и јас се согласувам тука. Послем во една тема истата таа прашува дека да оди да абортира. Тоа беше веднаш послем тој ден.
     
  10. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Не сум користел такво и некако не ме привлекува. Си велам покрај заеднички пријатели е најарно. Медијатор :D
     
  11. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    @Osogovski. Штом и ти го имаш истото мислење подобро не и пишувај, ако има и повеќе requests нема ни да ти ја отвори пораката бидејќи за неа си само некој рандом лик.. Повеќето женски така размислуваат ии сега сите гледаат да се запознаат преку некој пријател барем
     
    На sj *O* и Osogovski. им се допаѓа ова.
  12. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Епа тогаш батали рандом типки на фб и парк ќе си најдеш стројник и ајде во акција.
     
    На Osogovski. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Не сфати дека се заебавам?
     
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Може планира тука па и ти. Па предвреме си пиша .
     
    На sj *O*, Bitter-Sweet и minne992 им се допаѓа ова.
  15. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  16. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    На работа. Колеги бевме, на еден семинар се зближивме повеќе, се додадовме на инстаграм и спонтано пишувајќи се договоривме за дејт.
    На почеток не ми се допаѓаше на работа многу, ми личеше неодговорен и непристапен, беше од друштвото на колеги со кои не се дружиме воопшто, после увидов дека грешам, само така делувал. :D
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Па така од мала ич не го сакав ама сеа како растам сфаќам колку многу ми значи и го сакам ахх те сакам креветче моее:inlove::l:
     
    На Евроазија, Aleksbonito и LittleZuzu им се допаѓа ова.
  18. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    У кафана у Белград :D
    Btw, од Скопје е и сме се движеле на слични места али судбината сакала да не спои таму. Он беше отиден со друштво (меѓу кои и мој познаник) а јас на женска викенд дружба.
    Се сретнавме и де споивме за искачање и дружба, мислам дека од старт и двајцата бевме свесни колку многу кликнавме. Имаше привлечност, хемија, слични интереси, аnd the rest is history.
    Патем, тоа беше период кога тврдев и бев убедена декс не сакам врска :D
     
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Јас го памтев од основно, иста генерација сме, учевме во исто школо, а и го памтев по тоа што секој го знаеше во градот, беше популарен спортист и имаше доста девојчиња што го сакаа тој период од основно до средно некаде. Лани летото ме додаде на инста, видов познат лик, знаев дека е добар дечко малку самобендисан и го прифатив. Помина една недела, се сретнавме во паркот на трчање, тој со другар, јас сама. Како што трчавме се разминавме, ама јас се свртив да погледнам дали е тој, а и тој во исто време се сврти и ме погледна, ни се сретнаа погледите за момент и толку беше си продолжиме со трчањето. Од тогаш помина пола година, а може и повеќе и не знам што му текна да ми пише. Многу се двоумев дали да вратам или не, и еве не нашето дружење прерасна во многу убава врска.
     
    На sj *O*, Aschenputtel, DrMTR и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Беше сончев септемвриски ден. Како и обично, уште рано сабајле отидов во локалниот маркет за да се снабдам со намирници за појадок.

    Посегнав по бананите, но по грешка турнав неколку лимони. Дел од нив паднаа на земја и ми беше незгодно да ги оставам некој да ги гази па се наведнав да ги соберам.

    Во тој момент пријде тој - најсовршениот човек кој некогаш сум го видела. Веднаш сфатив дека тој е принцот од соништата, се почувствува хемијата меѓу нас. Ми помогна да ги собереме лимоните и разменивме неколку реченици муабет и останатото е историја.

    Кај мене испадна - When life gives you lemons, make love :inlove:

    На првиот наш дејт ми донесе лимонада, како мала анегдота за нашето запознавање. :l:
     
    На Rozevata, 1Q84, Angie1432 и 20 други им се допаѓа ова.