Најдобар другар од клас во средно ми беше . Немаме посебна приказна, ми призна чувства, се смувавме, долго бевме заедно, се земавме и сега си имаме ќерка и го чекаме и бебе број 2 за неколку месеци, па да сме комплетни .
Нашата приказна е ко од овие Халмарк Божиќниве филмови. Се знаевме неколку години, 2015 дојдов на гости кај тетка ми, во исто место живеат со мм, таа Нова Година славевме заедно како другари, следната пак и после 1 недела излегувања заедно и обострани симпатии, ден после Божиќ, кога излегувавме од ресторанот кај што седевме, се бацивме и неколку месеци после тоа станавме неразделни, јас од голем град, се преселив во помало место, само за љубов и еве 6 години, веќе 7ма тераме заедно и не зажалив ни ден. После 3 години ни се роди нашата прва среќичка. Многу си го сакам, најголема поддршка ми е за се и јас на него. Ко и сите, имаме и ние расправии, ама не верував дека некој во животов толку ќе ме сака. Среќна сум што го имам.
Се појави изненанадно откако го ислушав предавањето, ме бакна во образ и ми кажа дека долго време го чекал нашиот разговор.
Ова е најслаткото нешто евер! Да бев ма твое место, секоја годишнина би му купила подарок + едно лимонче Колку долго сте заедно?
Го знам од маало многу долго време, бевме на здраво само. Инстаграм не спои, таму ми пиша и после бевме на дејт. Немаме некоја романтична приказна за запознавање и флертување, клише модерна љубовна приказна за 21 век - интернет.
Многу не веруваа дека нашата врска ќе потрае, и дека не беше вистинско нашето. Еве не денес по 2 години љубов, прекрасно синче со љубовта на мојот живот
Ме видел на слика на фејсбук и сакал да се запознае со мене преку една моја другарка.Кога ме праша кога ќе пиеме кафе му реков ќе биде еден ден.И ден денеска ме зафркава за тоа.Ми вика јас од првиот ден рачунам дека си моја и така и испадна.Не очекував дека ќе запознаам некого.И дека ќе се заљубам и дека ќе бидам сакана.За неколку дена правиме 7 месеци.
На работа. Постојано комунициравме во врска со работата и стално се каравме А него сум му се допаѓала. И еве веќе три години сме заедно, годинава и свадба ке правиме. Се што сум сакала и повеќе од човекот на мојот живот
Go zapoznav preku drugarite na bivsi gledac. Se karavme I se raspravavme, ne ni odese. Se bev zdruzila so negovite drugari zatoa sto drugarka mi se gledase so eden od niv. Mene uporno mi trebase bilo kakva rabota kade sto decko mi bese odgovoren. Drugarite negovi mi go ponudija deka e dobar decko, I da go prasam. Mi dadoa tel.broj I jas mu se javiv. A vo megjuvreme go adnav na insta a toj mi pisa. Ne mu kazav koja sum, taka se zblizivme. Ne pocnav so rabotata tamu deka drugi sansi mi se otvorija a so nego prodolziv.
Pred 5 godini i napraviv replay na insta story, mi vrati, i ete veke sme 5 god zaedno, verenica mi e veke
Да, одамна беше и кај мене, се запознавме на одмор во Охрид и мислев дека ке ми биде само мало "откачување" но тоа е сега мојот сопруг.