Хахаха исто и јас. Ме запозна мојот најдобар другар, односно другаров требаше да дојде кај мене ама беше со него и му реков слободно земи го со тебе,така да нашето запознавање беше кај мене дома . Дојде и тоа ми беше љубов на прв поглед кога го видов очите ми станаа срциња. После неколку години искочивме на дејт и така почна нашата љубов
Во кафич, мноогу ретко излегував таму, ама таа вечер (среда) со една школска решивме таму да ојме да го видела еден. Испадна да не го најде, ама зато јас си го најдов, љубов на прв поглед после дознав дека тој одамна уште на факс ме имал бендисано ама разбрал дека имам дечко и не дошол да се запознајме, па после 1 година дојде денот. Еве сме 10 години подоцна неразделни
Со Колешката ни беше баш досадно на работа и таа отвори тиндер и на неа и на мене. И мојов ме видел на тиндер и ме најдел на фб и инста... Го прифатив на инста ама не ми пиша. По некое време ставам стори од работа, и ми реплицира на сторито со - здраво колешке- Испаднавме колеги сме работеле во иста фирма само од различни градови. Јас бев нова во работата мн работи ми беа нејасни, он продолжи со пишување со мене доста работи ме научи. И еден ден рече да дојде да се запознаеме, јас прифатив и после некое време стапивме во врска....
Se zapoznavme preku drugarka koja bese devojka na drugar na maz mi.Drugarka mi me vikna da odam so nea I deka deckoi ke dojde so nekoj drugat aiii ic nesakav da odam ama ke mi dojde nekoj dosaden ke me zamara cela vecer taka I rekov.Ne be dojdi dobar e deckoto go znam.Ajde nekako se soglasiv so toa sto ako mi e dosadno ke si odime.I taka bevme na Vodno on uporen za mene jas nesakam da slusnam.Bidna sto bidna vecerta I tolku bese.On bese mnogu uporen da se vidime pak a jas I ne bas.Ama popustiv se vidovme I od togas eve 17 godini sme zaedno.Toa zboram za onoj sto ne go sakav hahah a sega mi e se.
На телефон . Беше цимер на мој добар колега. Денот кога се всели му требаа насоки како да стигне до едно место и бидејќи мојот колега е тапа во ориентација ми се јави јас да му објаснам. Кога му го слушнав гласот се стопив, некако смирувачки и му кажав на колегата мора да ме запознаеш. Откако се запознавме постојано се среќававме на исти места, се зближивме и останатото е историја.
На прв поглед, другар ме запозна. 20год. не сме разделени од денот кога се запознавме и не би ја заменил за ниедна.