Неколку месеци пред да се запознаам со сегашниот дечко бев во најтоксичната врска на светов шо постои..И си реков толку од дечковци одам да уживам во животот. После дојде карантинот и се појави тој. Излеговме еднаш ама пусти страв (од токсичнава врска) дека не е за мене и дека брзам пак со одлуки. После тоа не зборевме едно 4 месеци и октомври повторно стапивме во контакт. Излеговме неколку пати и ете скоро 4 години подоцна сеуште заедно
Јас мојата си ја купив од Пустец (Албанија) абе ај сеа тиндер миндер, Инстаграм, па додворување со месеци сакала не сакала вака 500 евра и раат си,плус тоа време имаше акција една купена добиваш уште една гратис тоа ти доаѓа нешто како пакет магента плус од Телеком.. Хармонија на ниво,никогаш не се караме ,јас незнам Албански они незнаат Македонски Сите насмеани
Блазе си ти, тие дозволуваат и швалерка да имаш а не како нас. Ќе си к'снеш де кај жената, де кај швалерката. Сите насмеани, битно гладен нема да останиш.
Точно така ,добро резонирање најаден, напиен исчешлан, испеглан Со свекрвата нема проблем пантомима раце прсти нозе Сите среќни весели задоволни
Најдобар другар, седвме во иста клупа,плус комшија, споделувавме се и сешто се тешевме еден со друг, и еве ќе се земиме
пред запознавање со сегашниот дечко бев во ПРЕтоксична врска. со него се запознав во кафичот во кој работев, јас келнер он гостин. се запознавме додека уште раскинував со претходниот и мислев дека не сакам друг дечко, ама еве после година ипол го гледам за иден маж
Дали плати нешто за тиндер или не? Јас баш сега направив акаунт и има 3 опции за плаќање, па се мислам...
Уххх па многу одамна. Во маркет. Го гледав срамежливо помнам. Уште на прва средба се заљубив. Кога се здруживме, секаде доаѓаше со мене. Помнам кога влезе во мене прв пат и го сетив неговиот мирис, вкус, оттогаш го засакав сѐ повеќе и повеќе. Често знаев да го изневерам, да пробам и со други, али не ми беше истото. Денес ретко конзумирам Доритос ради холестеролот, али уште побудалувам по него и го посакувам како и првиот ден.
Lowkey смачено ми е да има офтопици на секоја тема од исти луѓе. Толку е тешко да не одите оф топик и да се држите на темата? За чат имате чат. К о р и с т е т е го.