И да кажам нема да верувате.... Му ја удрив колата на паркинг, 2 недели откако положив, браникот партали и крилото изгребано, не знаев чија е и оставив ливче со број бидејќи ако не оставев ќе ме јадеше совеста бидејќи секакви мисли ми поминаа. Се јави и рече да се видиме, се заблагодари што не сум избегала. Се видовме и беше тоа љубов на прв поглед незмам зошто и незнам како не ме прашувајте. Кога ќе се присетам само срам ме јаде Непријатно до немајкаде. Таткоми среди се, му плати. После тоа почна да ми ѕвони и пак да се заблагодарува па после тоа на кафе ме покани и ете бидна да сме заедно.
Де кажи на кој паркинг беше. Можда ова е некој знак за мене Да одам да ги зачукам сите коли по ред, па можда некоја кола од овие ќе припаѓа оној мојот вистинскиот? Колкава е шансата да бидне нешто за мене? Spoiler Се стопив на приказнава
Те најде ли ? Јас еве чекам од небо да ми падне, ако тебе не те нашла веќе 5 години, јас да не зјапам накај небото џабе..
Мојата најголема љубов што сум ја осетил некогаш ја запознав тука на фемина. На почетокот се беше како на шала, после тоа осетив како ми игра срцето на секоја нејзина порака. Се заљубив најпрво во нејзината душа. По првите разменети слики знаев дека тоа е тоа, знаевме дека нема назад. За мене оваа љубов беше нешто многу посебно и големо. Со неа ги поминав најубавите 4 години, кои што никогаш нема да ги заборавам. Најголем проблем беше што врската беше на далечина, до последната капка здив се боревме со тоа. Се трудевме што повеќе да бидеме заедно, наоѓав начини секогаш како да поминеме убаво време заедно. Гледавме филмови заедно, готвевме и уште многу работи, се чувствував многу блиску до неа. Летав во облаци на секоја нејзина насмевка, на секоја нејзина слика,порака. Се трудев никогаш да не го почувствува моето отцуство. Си бевме најголема подршка, чувствував нешто што со никој го немам почувствувано. Некоја чудна сила ме влечеше кон неа. Како и сите други имавме многу падови успевав е на некој начин да ги решиме. Намерата ни беше заедно тука да ја раскажеме нашата приказна дента кога ќе се венчаме, така бевме договорени, ама за жал заврши се, раскинавме поради далечината не можеше веќе таа да го поднесе тоа (иако мислам дека во позадина лежи нешто друго), ме остави на најлошо можен начин. Затоа решив сам да ја раскажам оваа приказна, затоа што моите чувства секогаш биле искрени, мојата љубов кон неа нема никогаш да згасне. Оваа љубов за мене беше онаа вистинската, онаа која што вреди да се раскажува и за која што вреди да се зборува. Никогаш во животот нема да засакам така и никогаш нема да имам сила после неа за некој толку многу да се борам.
Колку си години? Секогаш има поголема љубов од претходната. Ако била вистинска ќе траела. Ти треба време да прифатиш. Не мисли дека било нешто најубаво кое нема никогаш да го осетиш пак. Претпоставувам многу си млад. Дај си време и уживај во животот. Пак ќе се заљубиш. Среќно
Па така ако размислуваш само ќе тонеш и ќе живееш во минатото. Одболувај, дај си време ама не предолго и продолжи со животот. Младоста троши ја на иднината а не на минатото. Било, поминало.. Уживај дете, младо си, животот е пред тебе. Ех да ги имам јас 23, каде беа, каде летнаа