Здраво, ти пишувам оти мислам дека сме на слична бранова должина и осеќам позитивен вајб од тебе, на чиста душа... Ко да ме допре мене, ко самиот себе си да се прочитав, верувај.. порано имав долга врска, од малечки се познававме, пораснавме заедно, исто друштво и се, се беше длабоко да речам во сржтта, и мислев дека ова ако не успее, нема никогаш никого да засакам и слично. После неа се заљубив во друга личност, да бидам искрен се потрудив за себе се и за неа да биди се најдобро, мислам дека си бев свој, пружив максимално што можам да пружам да ја усреќам итн и стварно се демантирав себе си на некој начин. Оттука сфатив дека како човек имам многу љубов во себе да дадам, значи само формата (во случајов личноста би била друга). Немој да се разочаруваш и да се затвораш во себе си, оти ми делуваш на позитивен, ведар и романтичен тип. Ова што си го доживеал памти го како некој вид на благослов, на човек што можиш да пружиш многу љубов, а верувам и почит. Не си сам ако сакаш пиши ми во ПП ќе си поправиме муабет.
Ее времиња Далечната 2009та, ме додаде на Мсн и Скајп. Почнавме со допишување па се видовме. Ја започнавме врската. Траеше 8 год па ме запроси Следната година свадба и еве нè денес заедно вкупно 16год со една мала девојчица
Preku mutual friend, coekov mi e soulmate, ista smisla za humor isto otkaceni vo pozitivna smisla, na shala si velime "imame ista dijagnoza" Od prv dejt se fativme, posle 3 meseci me zaprosi, eve se spremame za svadba esenva Zaednickiot friend mn dobro ne poznava ocigledno
Најспонтано, во парк имаше дешавка кај езерце. Се појавив јас со точакот, облечена за потење се најдов со другарка и тогашниот и дечко (сега сопруг). По кратко време ете ти го се појавува ОН, да ти бил другар на дечкото на мојата другарка. Се запознавме вечерта, утредента пак на истото место се склопивме истата екипа. Цела вечер искри летаа, што викаше другарка ми од авион се гледа дека има некоја хемија меѓу вас. Отидовме на after кај нивни заднички другар во стан, до сабајле седевме таму. Цела вечер муабети, имаше преубава тераса со поглед и го дочекавме зајдисонцето горе сами, ништо не се случи вечерта освен пеперутки во стомак, обострана заинтересираност за другиот и муабети за се и сешто, скроз опуштено. Поминаа неколку дена не се видовме пак, не си сменивме броеви. Јас го аднав на фб, прва му пишав да излеземе. Кога излеговме ми рече ме претрка, ако не ми пишеше ти јас ќе ти пишев секако. Од тогаш сме заедно веќе 4 години, 2 години живееме заедно.
Со дм се запознавме преку мој другар, нејзин братучед. Бевме договорени на кафе да излеземе јас и другарот ама тој ја донесе и братучедка му, јас не и обрнува многу внимание, она ден после кафето веднаш ми пиша, после ми пишуваше уште неколку пати, на почетокот ја гледав само како другарка. Еден ден ја поканив да дојде со мене да ми помогне со избор на палто и панталони, тогаш забелав дека не ме гледа она како другар и дека не досадна како што мислев. После некое време решив да ја прашав за врска и така...
Ми реаѓираше на инста стори. Stalker ми беше. Особено кога имав сликано дека сум во кафана. Седев памтам во Крушево во кафана и така. Вииикаам види види стара пијаница низ Македонија кафаните растур ѓи направил.
2024та на стара нова година во бар. Едвај ме натераа другарките да отидам а тој само што се вратил со другар од Чешка и така директно влетаа. Јас на гз паднав, отсекогаш сум замислувала таков покрај мене како кроен по моја мерка. Забележав дека е постар од мене, па мозокот ми беше двеста триста со прашања па женет е па има девојка па може разведен со деца абе триста глупости. Цела вечер се гледавме. На неговиот конопој беа неколку машки и влета една типка што идевме на онлајн на курс и застана на неговиот конопој со машките, не додржав отидов се поздравив и стоев до него а со нејзе си разговарав. Типката не ми го знаеше името се немавме на социјални мрежи и беше помината време оттогаш така што ја прашал како се викам ама му рекла дека не знае а он пустиот мислел дека лажела не сакала да каже. Во меѓувреме доаѓа моја школска се поздравив со неа и забележав дека отиде она се поздрави со него. Ноќта заврши јас си отидов. Вечерта го барав по пријатели кај школскава и го најдов. Профилот на инстаграм му беше тогаш отворен гледав слики и открив дека всушност човекот живее на не повеќе од 8км од мене во соседно населено место. Таа вечер ја контам дека он е всушност и бивши на моја комшика со која идеа долго но и пред 10г се раскинати ја сум била на факултет уште...исто сконтувам дека он од тогаш до сега е сосема сменет човек. Со брада, коса, тетовиран, раширен во грб, раменици.... сфаќам дека се знаат и со брат ми. Не го додавам на инстаграм но го проверувам секој ден се до валентајн. На валентајн се опивам со другарките и пред да си легнам го додадов. Сабајлете отворам очи ме прифатил и ме заследил. Ставам стори истиот ден селфи од денот од стара нова година и го чекам да пише. Пиша. Се допишувавме два дена илјада муабети извртовме како да се познаваме цел живот и ме покани да искочиме. Искочивме и тоа беше тоа, срцето на 7мо небо.