Се запознавме во основно, далечната 2001, ми беше прва детска љубов. Ми го зема тогаш една постара од нас, пошто нели ние се имавме само бацено, а таа беше поискусна, а он преубав, цело школо го сакаше, тогаш де. Животот си течеше, никаков контакт, јас се омажив, родив дете, се разведов, и го сретнав после 22 години, од тогаш сме заедно.
Не ме чуди тоа што сте се запознале тука, ама баш прееска сакав да пишам во сдк дека претерувам со користење на форумот затоа што приметив два пара дека имаме тука, а сега ми потврди дека добро око имам.
Стварно? Леле јас ништо од тоа не приметувам, или ептен сум зарѓана или ептен аутсајдер, дека ме има па снемува ич не сум во тек, дури и во тековни теми каснам во дискусии . Кнап со време, се во трки...да не одолговлекувам со среќа нека им е. Ај да не сум оф на темава, во авион .
До мене е дека немам баш што да правам додека сум на боледување деновиве и како оние бабите сум што седат на тераса и гледаат кој, со кого и кога поминал. Јас имам кажувано мислам, ама еве пак ќе кажам, преку мој другар, нејзин братучед, бев договорен јас на кафе со него, ама не дојде сам.
Побрзо да оздравеш и пак да следиш ко бабите и споделуваш за убави појави, нема ништо лошо во тоа. Сите да не куртулиме од такви убавини.
Јас па за вакви работи и пред очи да ми се, нема да приметам не па на форум. Обично ноќно време листам кога не можам да заспијам ама па ни на крај памет тоа не ми текнува кој, што, како.. На форум сум дива а во живо па Ниеден трач не знам, освен кога сама си слушнам оговарањата за мене во маало Да се редактирам да не ме караат, јас на скајп, па замислете колку сме заедно повеќе од 18 години Јас го додадов, муабетот ни тргна, после се видовме, 7 години врска, 11 + во брак