Аххх тоа беше пред некои 7 години на роденден кај една другарка. Т.е. јас него го забележав и од тој ден наредните неколку месеци не престанав да мислам на него. Тој беше со девојка на роденденот, што учеше во моето школо малку пивнат и таа вечер ми упати само неколку погледи, на кои сега бледо се сеќава Дури после 5-6 месеци излеговме (тој тогаш ме виде за прв пат) и уште вечерта му станав девојка weeeeee Имавме многу караници во врската, раскинувавме неколку пати, бевме со други додека не бевме заедно, но никогаш не престанавме да мислиме еден на друг и да се сакаме. Решивме да се смириме пред година дена и да ставиме крај на сите тие глупости. Сега гураме некако, имаме многу расправии понекогаш но заедно сме Се надевам сите расправии ќе ги снема еден ден и се ке биде совршено Позз
Се започна на мојот роденден.Јас го знам него уште од мала.Од кај 5-6 годинки го знам а сега сум 19.Па на мојот единаесети роденден го поканив но ми беше малку страм додека му кажам дека ќе го канам бидејќи ми беше симпатија.И сите дојдоа па дојде и тој.И ми честита роденден и тој ме завлече настрана и ме праша дали сакам да си бидеме заедно.И ми рече дека тоа ми е подарокот и дека знае дека многу го сакам и тој мене ме симпатизирал и така настана се.Првиот бакнеж бидна на 13 години на неговиот роденден .Многу ми е чудно и до ден денес како може се најубавите моменти да се случат на некој роденден.Се случија повеќе караници со нас но никогаш не се разделивме и се надевам дека и нема тоа да се случи.Скоро 8 години со тој што го сакаш па тоа е П-Р-Е-К-Р-А-С-Н-О!
Jas ako pocnam da vi kazuvam kolku toj mi go promeni zivotot se kladam deka nema da mi veruvate se pocna koga se priblizuvase letniot odmor,a jas bidejki taa godina stanav polnoletna sakav da si izvadam pasos i da odam nekade nadvor od Makedonija na odmor.Ama moite ne bea naviknati da bidam daleku od niv i ne me pustija,tuku mi dadoa pari samo za pasos.No jas ne mozev da se pomiram so toa i resiv da si gi izvadam parite od banka sto moite gi stedele otkako sum se rodila i da odam za Crnagora.Taka i bese.Bev otidena so eden "drugar"koj go smetav za vistinski vo sekoja smisla na zborot,ama se pokaza deka ne bilo taka i nekoi drugarki od skolo.Koga ke se setam kolku sum bila budala se ezam!I znaci koga trgnav moite poima nemaa kade ke odam ni so koj ke bidam ni nisto!A jas demek luta oti ne me pustile da teram po moe ne im kazav nisto.Koga stasavme tamu se bese vo red jas i "drugar mi" se smestivme vo stan a drugite odma do nas(oti nemase mesto za site da bideme zaedno).I posle dva-tri dena toj pocna da nosi nekoi nepoznati luge koi prvpat gi gledav.Mu kazav deka ne mi se dopaga toa ama toj nisto ne prevzemase.koga na krajot se pojavi i TOJ,vistinskiot Otpocetok mi izgledase nekako laden kako da ne e zainteresiran za mene,ama podocna se pokaza deka ne e taka!I po kratok muabet doznavme deka sme sogragani!!!se cuvstvuvav kako da ima nekoja bariera megu nas.Se nemavme videno skoro cetiri-pet dena koga edno popladne dojde kaj mene vo stanot.Jas bev sama i si pravevme onaka opusten muabet.Me prasa dali jas "drugar mi"sme vo vrska,a jas se zacudev bidejki jasno davav do znaenje deka sme samo drugari!I togas mi kaza deka se falel na site deka sme odele i ne samo toa deka sum bila lesna zenska i koj sakal mozel da me ima za odredena suma na pari. UUUUUU...I koga sfativ sto se slucuva posakav da umram i odma da si odam doma.Neznaev na kogo da mu se obratam za pomos,koga toj vistinskiot se ponudi sam da se vratime nazad vo mak. i me ubeduvase deka i na "drugar mi"ke mu plati za se sto mi ima zgreseno.A sto e najbitno i on samiot dosol za takvata rabota kaj mene si rekol zosto da ne,koga site pominale zar jas da ostanam pokuso!?maska rabota!A jas bev samo edno malo izgubeno NEVINO devojce sto ne gi slusase roditelite i za malku loso ke zavrsev.I taka gi preduprediv i ostanatite drugarki sto se slucuva ama tie ne sakaa da si go prekinat odmorot i resija da ostanat.Eden den pred da si trgnam mi se javi TOJ da me prasa dali moze i toj da si dojde so mene.se soglasiv i otidov kaj nego kaj sto bese smesten da se dogovorime vo kolku saatot ke trgnuvame i sl.I togas se sluci onoj prv baknez Koga si dojdovme moite mu se zablagodarija sto me vrati zdrava i ziva nazad,a jas ne mozev ni sekunda bez nego(i sega e taka )Posle nekolku meseci pominati zaedno se desi i prviot moj sex vo zivotot odevme skoro pet godini i togas resivme nasata ljubov da ja krunisame vo brak Sme pominale sekakvi momenti,i ubavi i losi ama najvazno e deka ako ima ljubov pomegu dvajca mozat se sto sakaat da postignat. Ete toa bese nakratko mojata prikazna,se izvinuvam ako vi zdosadiv. I poarno da ne vi kazuvam sto se sluci so "drugar mi" oti znam deka ke vi gi krenam nervite...
Значи за љубов се се прави.... прекрасни приказни ana05 ти имаш посебно убава приказна, тој ти го спасил животот и од тоа излегла големаа љубов..
Јас имав многу интересна дешавка Јас долго време работев во една фирма и во тоа време имав дечко, со кој за жал заврши многу трагично Во тој период јас и сегашниот мој дечко се гледавме одвреме навреме како колеги од конкурентска фирма и тоа беше се. Јас за него имав многу лошо мислење, ми изгледаше многу флегматичен, ни на живо се смее ни на мртво плаче, само едно „здраво“ (кога-како) и толку. По игра на судбината, после толку години и после се што поминав во животот ние се сретнавме сосема случајно повторно. Првин комуникацијата ни беше по скајп, па телефон, па кафе, па сокче, па вечера и бидна, јас и он заедно. Ме извади од голема депресеија. Потоа ми призна дека јас на него одсекогаш сум му се допаѓала ама пошто јас во тоа време сум имала дечко-затоа се однесувал така ладно и многу срамежливо, дури и секогаш ме поздравувал преку мој колега ама за тоа јас никогаш не дознав. Сега сме заедно веќе 2 години и сме си многу заљубени и мислам дека идеме и кон нешто повеќе...
Баш убави приказни се изначитав,..па си викам ајде и јас да ја споделам мојата а со тоа и да си се потсетам.Се запознавме 2007 ама онака ептен официјално и другарски беше целата работа...почнавме да се дружиме не толку континуирано и често меѓутоа еднаш неделано заедно излегувавме неговото и моето друштво.Јас уште студирав и бев во Скопје....не чуствував никаква блискост...само другарска...плус ме кочеа премногу муабети поврзани со него, девојки,...врски ..авантури што ти не... 2008 ма се засили дружбата и се почесто го гледав...како договорени бевме...каде ние таму и тој со неговите...мали пикници, празници...нови години...крајот на 2008ма година дојде за Скопје.Како денот да ми процвета пред очите...се секавам станав и целата еуфорична..па дојдоа ли, па каде се ...каде ке одиме ке излегуваме ли...И така и беше...излеговме навечер, тој се поднапи и почна со гестови да ме впива и привлекува.Си велев сама на себе не не па како е можно, па во другар ли,..па знам каков е , нема ништо да успее и повеке психички се измалтретирав наместо да уживам.Таа вечер се случи нашиот прв бакнеж и отпосле се беше поинаку. Едвај чекав да си одам дома надвор од скопјето за да го видам...но ан почетокот ми се правеше фраер...се мотавме некои си 6 месеци а мене колку само ми беше убаво толку и неубаво од причина што не знаев на што сум, каде води работава...ке правиме ли муабет.Дојде летото 2009та и после половина година моткање и потискање на чувствата тој конечно ми се предаде...правевме муабет цел ден и нок,..ми изнакажа работи што порано не бев ги чула од машко...вистински ми пријде и ми се доближи до срце.Не беше обичен муабет...мислев дека летам, не сум на површина....ги голтав сите муабети заносно..и на крај ми призна дека ме сака, дека му било тешко да си признае сам на себе,.....И нормално чуството беше обострано...го изнагушкав, го бакнував кај ке стигнам...Не ми се веруваше дека дојде моментот за кој не ни верував дека ке дојде.Сеуште сме заедно,..променет е многу од аспект на авантури и девојки за една нок...се гледаме секој ден скоро...и не можам без него..Иако е поголем 6 години не ни пречи таа разлика и на двајцата.Сакам да останам заселогаш со таков човек како него...Нучив многу работи а и тој од мене, се надополнуваме во секоја смисла...Другарите до ден денес го зафркаваат во стил ееее каков беше каков стана...Е тоа е тоа девојки....совет..некогаш судбината си поигрува со нас..упорно бараме на погрешно место, додека можеби вистинскиот ни е пред нос. I love him more than everything,...my soulmate
Незнам од каде да почнам .. Јас мојот го запознав некаде мај 2008 на интернет поточно на чет..И тогаш ни најмалку не помислував дека ке се случи нешто помеѓу нас. Значи времето поминуваше ние комунициравме месец на чет, па ни текна да се префрлиме на месенџер и таму онака само пријателски разговори, се дури не му текна да ми побара бр од мобилен и тогаш пак бевме онака на дистанца не се слушавме, само титкање, дур една вечер мислам јули беше, имав ставено 100за 100 и незнаев каде да ги потрошам а не бев долго време пуштена на интернет, па ми текна баш на него да му се јавам.. Кога му го слушнав гласот како да имав некое претчуство дека тој е вистинскиот, просто се заљубив во неговиот глас. Почнавме почесто да се слушаме ама никако да се видиме зошто јас од Штип тој од Скопје па никако да се договориме кој да дојде..И во Август пушти срце и дојде да се запознеме лично, и бидна работата. После 4 месеци ме запроси и решивме да започнеме заеднички живот. Само што јас имав малку проблеми со моите зашто не сакаа да прифатат дека сакам да се омажам зошто кратка врска имавме, јас баш таа година тргнав на факултет, и ете ти проблеми. Па решивме бегалка да биде работата. Моите после 3 дена лутење се смирија и сега се е ок. Еве веќе една година помина од свадбата и се е ок, среќни сме и заљубени..
баш се разнежнив од приказните ваши. ете доказ дека постои вистинска љубов. јас немам и некоја посебна приказна, со оглед на тоа дека се знаев со мојот сегашен дечко 3 години. и 3 години му требаа за да ми пријде како што е редот, а јас не го ни приметував. и ете... се почна на шала и сеа сум заљубена до уши
woooow стварно интересни приказни веке цел саат ги читам љубооооооов Ај сега нешто и за мојата. Може не сме долго заедно (само 2 месеци) ама затоа го познавам цел живот. Заедно одевме во забавиште. Неговата баба ми беше учителка. Уште првиот пат кога го видов се заљубив, се сеќавам како вчера да беше. Имаше помала сестра и стално кога ќе ја донесеше заедно ја шетавме низ цело школо. Јас бев во облаци... Почнавме прво, второ, трето... одделение, секој ден се повеќе го сакав Цело школо знаеше, правеа шали на наша сметка... а он ладен ко камен, ништо не покажуваше. И така до 6то одделение, додека не си го фатив првиот дечко. Почнавме средно во различни училишта, многу ретко го гледав, а кога и да се видевме, стално на другаркиве на шала им викав “еејј еве ми ја првата љубов, од завабиште до 6то“ И пред едно година дена кога си го направив фејсбукот гледам ме аднал за пријател, од таму на мсн муабети аауу излеговме на кафе ама ништо посебно, не ми остави онака впечаток Пак се раздалечивме, арно ама за неговиот роденден 25 март оваа година му честитам на фб и ми праќа порака уствари ме кани на роденден, онака ја од нигде од никаде Ама кај се погоди тогаш сред колоквиумска неможев да мрднам од дома После тоа почнавме муабети на нет, заебанции, смеење, позабавен тип немав сретнато. Се случуваше онака он “случајно“ да поминува од кај мене од маало па да се симнам да се видиме да ми правел друштво на цигара и јас буквално бев во збунка. Не беше она класично пуштање ко со сите претходно што ми било. Незнаев дали он нешто сака со мене, дали се што прави е онака другарски се додека не излеговме една вечер и после цели 15 години падна првиот бакнеж Толку беше филмски, убаво, ми се вратија сите чувства за него, го сакам како никој до сега. Се ни функционира совршено, секогаш е тука за мене, приметувам дека и он чувствува нешто и ми призна дека и јас сум била неговата ПРВА ЉУБОВ од забавиште
хммммммм..се запознавме 4,5,год пред да се фатиме,тој се моташе со една моја школска(мислам со повеќе)и една вечер таа дојде да спие кај мене и му звоневме и јас правев малку муабет со него па ми рече дека не ме занел па се договоривме да се запознаеме утредента во сендвичарата на училиште,се запознавме и ништо...минуваа годините а ние онака си бевме пријатели секогаш си пишевме пораки, се слушавме,и никогаш немавме ништо мегута јас малку пораснав и во втора година се сретнавме и се случи...одам 4 години и прекрасно ми е....го обожавам!!!
лелеле еј темава е лудница и богами ваквите лјубовни приказни ме расположија ....знаци јас и мојот дечко се упознавме сосем случајно јас така едно сабајле се уште поспана морав да се симнам пред зграда да го просетам куцето облецена у еден блузон од братми кој ми бесе 6 броја поголем и моментот беа папуцките за по дома ..и така си го сетам кучето ама моево куце жив лошотилок а помине некој со не го знае ке се убие од лаенје и така поминува некој симпатичен тип и носеше кеса со јаденје бил да си купиии изглеа и куцево коа му се ссна јас незнам мислам дека потонав коа го видов среден убав згоден а јас јас за греотка со да ти прицам кад све знашс типов ме погледна некако чудно заплашено и му викам со да праам лошо е и си се свртев си отидоооооов ...и нишо другиот ден ми дојде на гости еден другар од велес и ми вика ајде на кафе мафе несо ау и нмвз бевме со бевме на кафе и сеа да го испратам накај зелезницка ми вика еј ај постои со мене овде прај ми друство цекам да дојде еден другар да се видам као од дамна се неам видено и јас ај нема везе итака имав време и седиме така на паркинг се смееме како луди и глеам иде типот од претходниот ден и му казувам на другарцево со се десилко како се десило и овој поцинја да се смее како луд ,,знаци типов се доблизува до нас се позз и пред да се упознаеме знаци да ми се престави како се вика ми вика ти си таа девојката вцера со куцето и јас така зацрвенета му викам да..и ај на кафе отидовме и излезе дека ми е комсија т.е студент децкоми е од др град ама студира у ск.Додека бевме кај него на кафе другарцето мое требасе несо да ми префрли мене у пц со неговиот флес ама несо не сакасе кај мее и као му дава предлог на комсијата као ај да ги остаам сликиве кај тебе па вие ке се видите ке и ги дадес и таман и кафе ке си пиете и он без проблем прифати ...поминаа два три дена ни трага ни глас од него ми стига порака на фацебоок драга комсике во рок од два до три дена ве оцекувам да дојдете да се видиме да си ги земете сликите а ако не дојдете во дадениот рок следува дупло кафе и јас ја цитам поракава и јас у облак после два дена отидов кафе мафе сликите никако мислам усе не сум ни ги земала хахах и така прво си се мувавме месец дена и еве сеа сме си срекни веселни насмеани понекогас тазни ама тоа е кратко и такаааа ви посакувам сите да бидете срекни веселни насмеани и НАЈЗАЛЈУБЕНИ а тие што сеуште ја немаат најдено љубовтааа верувам дека у најбрзо ке си ја најдат еј сеа се потсетив како било и срекна сум леле дури сеа приметив колку многу сум напишала ама ако само за арно нека е хахахах
Ахх преубава темаа Браво Babyketi my love story..па вака се запознавмее мн одамнаа ама се немавме видено мн времее и судбина како судбиина си го прави своето Септември 2004 идам ја кај другарка а он кај негов другар шо се брат и сестра и се дешава другарка ми излезе4 на кратко а и брат и и ни викаат на нас почекајте ќе се вратиме и така останавме сами ја и он и седам ја на фотеља а он на кревет на тв цртани филмови и двајцата фанатици за цртани фативме муабет и едно 2 саати сами си седевме и супер беше..али мене не ми се ни свиѓаше само онака убав дечко а и плус го биеше глас дека бил женскароѓ дека сите девојчиња го сакале абее типично машко у тие 16 год и тој другар му брат и на другарка ми кажува за него и ја му викам Еххх на мене да ми дечко ке го завртам за 360C hehhee и остана тоа на тоа помина 2 месеци и ја разочарана од икачања со другарка ми ќе идеме у интернет кафе кај некои другари отвориле па да сси седиме и когаа ОН таму и мене одма да ми се засвиѓа и прво две недели она било ова било муабети преку други и дојде тој ден у живот не сум прва на машко да му кажам нешто ама ете ссе деси и тоа 11 11 2004 како вчера да беше ја идам у нет и му викам може да праиме муабет и он као нешо имам раб ќе те викнам абе не поминаа ни 5 мин он ме вика и така шетамее и ја му викам " слушај знаеш дека ми се допаѓаш и све тоа доста беше детски раб преку други ја ценам искреност и сакам да ти кажам и да чујам од тебе што мислиш нема да те врзувам да се фатиш со мене само ако сакаш ја да ти кажам не се мувам може само дечко да ми бидеш хахаххаа и он цело време си ќутешее си правеше др муабет се шетавме 2 саати се ми кажа за него ама никако за фаќање и се приближуваме кон нет и ја у себе си викам нема шанси чим досега нишо не биднало и така ја на слуби си мислам на тоа прва слуба и он ме фаќа за половина ме врти накај него ме бакнува толкууу нежно абе цела се стпоив се наезив пепрутки ли сакаш абе како на сон ме фати за рака и останато се знаеше дојде и н год кога првапт ми кажа ТЕ САКАМ ..и од тогаш сме неразделни не викаа Божиќ и Бадник хехе И Да го сменив во право сум била хехе ГО обозаавм мн ми значи имам поминато се и сешто ама се сакамее ептееен Срцкаа ми е п.с. малце се занесов ама темава ептен ме погоди...секоја чест bebyketi и драги мои феминки на сите ви посакувам да ја најдете љубовта заштѕо за тоа вреди да се живее....
МисС, многу ми се допадна твојава приказна, само еден совет до тебе: нареден пат пишувај интерпункциски знаци во постот. Полесно е за читање
heeh Hipica баш ми е мило шо ти се допадна ама ова македонскиов ме буни па не знам шо попрво да пишам
Мојата приказна е малку чудна Јас бев прва год во средно, го познавав но само како фаца (никогаш немавме некаков контакт), беа најдобри другари со дечкото на братучетка ми, секогаш кога се сретнуваа тој ќе и речеше за мене,демек му се допаѓам, но јас не сакав да слушнам,го MРАЗЕВ, буквално не можев ни да го гледам пред очи, немав ништо против него но ми делуваше како прототип,онака го мразев, без причина. И така поминаа некои 7-8 месеци,тој никако да престане да трча по мене, никаков директен контакт, се преку други (братучетка ми, едни другарки). Некаде на почеток на 2 год, не знам што ми текна, не знам ни зошто прифатив да излезам (само на кафе и готово-мислев), кога излеговме почна да ми се допаѓа, т.е. да не го мразам , како нешто да ме влечкаше кон него, и така тој ден само кафе, муабет. После некои дена пак закажавме состанок и... тој ден прифатив И знаете што ми рече после некое време, дека навистина многу сум му се допаѓала, но го нервирал тоа што го мачев толку и сакал да ми се одмазди така што за 2-3 месеци ќе ми раскинеше но штета што се заљуби во мене И сега сме во врска скоро 4 години... (и така живееја среќно до крајот на животот ) поука: НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ , ТОА ШТО НАЈМАЛКУ ГО ОЧЕКУВАШ ЌЕ ТИ СЕ СЛУЧИ
Колку е прекрасна првата приказнааа Јас со мојот сегашен дечко се запознав случајно седејќи со неговите другари , си пруживме рака и толку беше... Тој имаше девојка тогаш а кај мене према него уште од првиот ден се јави една преголема симпатија што прераснуваше во една голема љубов! Се случи пред 4 години... Јас со мојот детски, искрен памет му признав се а тој го прифати тоа на најпрекрасниот начин... Раскина со девојката, имавме неколку бакнежи , се беше во тајност.... Сакав да му дадам се од себе уште од првиот пат заедно, прекрасно чувство имав... подоцна се случи и тоа, не бевме во врска но сепак јас затрескана во него ја направив таа грешка... Веќе не го чувстуваше он тој предизвик према мене и ме остави ... неможев да го преболам фатив нов дечко како една глупава утеха по извесно време, тогаш тој се врати ... не ми се тргаше од мислите а ниту од патот... Ги криевме емоциите долго време , имавме неколку бакнежи и додека јас бев во врска, дечко со преголема гордост на својот грб една ноќ реши да ми признае се што како чувствува за мене цело тоа време ... Ја прекинав врската ради него... Сега сме заедно веќе подолго време... Се изборивме против сите што се наоѓаа на патот и сега сме пресреќни, а најбитно се изборивме против сите гордости што се наоѓаа на патот!
Мммм колку е интересно кога слушаш другите како си ја запознале љубовта .... -Значи кај мене се започна вака...само што завршив прва година средно се слушаме со една братучедка од велес(се имавме видено ама како мали а сега не ја познавав)и јас и ја викнав на гости,дојде она и после требаше јас да одам...поминаа две недели откако си отиде она и отидов јас за велес...вториот ден таа ме однесе кај една нејзина другарка на гости и јас опуштена,несрамежлива си трескам глупости си правиме муабет,јас братучетками,нејзината другарка и братот нејзин...и значи момчево мн ми се засвига...утредента дојдоа они кај нас на гости и јас и он испаднавме на тераса и цела вечер си правевме муабет ми кажуваше тој за него а јас замене и пред да си оди сакаше да ме бакне ама јас поцвенев целата и му викам еве на образот и ок ме бакна....утредента испаднавме чаршија и јас и он се одделивме од братучедками..и си седеме така и вој се пружи да ме бакна и му дадов ме бакна се ок и после уште три дена бевме заедно(се мувавме само)и дојде време јас да си одам ....Лелеле ми беше мн тешко ....Си дојдов во штип се слушавме секоја вечер пораки фрчеа и викендот пак отидов за велес и беше род.на братучетками...дојде он седевме јас се опив и седев до него..и гледам на тел нон стоп му стигнуваат пораки и јас му викам ,,женската ли е тоа бе,, и тој ми ја покажува пораката и ми вика не не другарми ми пиша за испагање....Дојде време да испаднеме низ чаршија а вој уште не ме прашува дали сакам да му бидам женска .....само што испаднавме од куката после 3 чекори ми вика а сакаш ли ти да ми бидеш женска(оти јас цело време му зборев за женски )лелеле се скаменив...го бакнувам и му викам зошто да не може..и го вади тел и вика чекај датата да ја запомнам....лелеле луге ми беше мн убавоо таа вечер....сега веке две години сме заедно и ни е супер дај боже и на сите да им биде убаво и да се сакаат......
Ах убаво прашање... па све почна во 5 одделение... и од тогаш до ден денес... го сакам премногу... и покрај тоа што он е е тука... за жал...