Edvaj me natera drugarkami da izlezam ama ic ne mi se iskacase ama vikam aj zaradi nea da i pravam drustvo ke bil deckoi so bratmu Me cekaa so kola pred vrata dodeka jas na fb objavuvav "NE MI SE IZLEGUVA KAJ GI NAJDE DRUGARKAMI OVIE STRANCI NE ZNAA DVA MUABET DA SVRZA "fino jas si svrzv vecerta ne dva tuku 20 reda muabet ,na fb dobiv milon komentari a deckomi uste mi prefrla za toa sto sum pisala na fb .Procital posle dve nedeli koga stanavme prijateli a mene ne mi teknameguvreme da izbrisam )
Па ајде и јас да ја кажам мојата љубовна приказна.....Дечко ми го видов за прв пат пред 3 години...Тој работи во фирмата веднаш спроти мојата зграда...И така со секое излегување на прозорец тој ме гледаше јас го гледав си разменувавме погледи....И така минатата година зимно време тој по еден негов другар го прашува мојот другар дали би сакала нешто со него...Сакав да прифатам но годините ми беа проблем затоа што он е 8 години постар од мене...прв пат го одбив...по втор пат ме повика мене да збориме јас не сакав и пак по другар му ме праша но јас како јас за се си имам изговор и пак некако го одбив...и минатата година во август другарка ми вика на цел глас еее срцка утре одиш на одмор многу ке ни фалиш и дечкото само со насолзени очи веднаш викна Дејан дојди ваму по другар му и вика оди таму прашај ја пак дали сака нешто со мене...тој дојде ме праша пред сите и јас му кажав не сакам зашто целото друштво не го поднесува дечко ми и врската ни е тајна....на страна го викнав Дејан и му кажав дека кога ке дојдам од одмор ке си биде работата...кога дојдов од одмор му го дадов на Дејан моето мсн и тој го даде на дечко ми така најпрво преку мсн па потоа на телефон "спиевме" по 5 саати и сметки огромни од 24 000 правеше тој...и прв пат се видовме на 06.09.2009 и се мувавме и од тогаш сме во врска.....нај убавото нешто што ми се има случено во животот е тој...и на тој ден 6 Септември ми даде една ружа која и ден денес си ја даваме еден на друг....истата таа иако е овената ама си ја чуваме еден месец јас еден месец тој.....Врската ни е цврста но во тајност е поради "арамиите" моите другари само 8 луѓе знаат за врската но сепак ни е убаво.....А ми беше многу криво кога го одбивав на почетокот а го сакав и го сакам а нај тажна бев кога ја слушав песната "30 Квадрата" од Ален Исламович затоа што во песната има еден дел кој оди "Никад заборавити нечу онај мали стан од 30 квадрата јер у њему нашао сам сречу кад прозор отворим па те гледам с четвртога спрата" а јас живеам на 4 кат и кога го одбив слушав радио и таа песна и многу плачев тој период....но сега сум најсреќна и неможам без него..... И да сте ми среќни сите во љубовта и да се сакате затоа што нема поубаво нешто од љубов
Вашата приказна е многу убава но немораше целиот текст да ти биде со розево напишано .. ме иритираше тоа кога го читав Најважните делови се пишуваат со боја за да потенцираш нешто ако сакаш а не цел текст !
My fairytale began on FB Ја додадов пред бааѓи време, мислев дека ми е брачеда, пошто имаме исто презиме (иронијата ), и тогаш малце се запишавме, ама ништо сериозно. До пред 3 месеци немавме контакт, освен повремен лајк или коментар на статус. И еднаш таа ми пиша на ѕидот на ФБ, во смисла и јас да постирам нешто за да стиснела лајк, пошто јас сум и бил најчест во нотификации (иначе немав задни намери со нотификациите ). И тогаш почнавме да се допишуваме, бидејќи мене ми требаше нешто да праша за мене, пошто јас не бев во Битола тоа време (студирам странство), и контакт одржувавме заради тоа. Ама дури трепнав, се допишувавме по цел ден, до 2-3 часот. И едно-друго, таа дојде кај што студирам јас, пошто има баба таму. И ми се случи најдоброто нешто во мојот живот. И оттогаш сум среќно заљубен.
Прекрасни приказни, секоја интересна на свој начин и различна од другите... посебно првата која е поттик за другите да ги кажат своите приказни... Пред околу 3 години кога не помислував на дечко бидејќи ми беше прекрасно со другарките, една моја далечна роднина од друг град зборувала за мене на еден нејзин другар (сега веќе мојот дечко). Му кажувала дека сум прекрасна, воспитана, мила итн. итн. и му праќала слики од мене, а тој бил воодушевен и пројавил интерес за мене бидејќи многу сум му се допаднала. После некое време таа роднина ми кажа за дечкото и ми прати слики од него. Навистина беше прекрасен . По неколку дена дечкото ми прати порака на мобилниот, потоа следуваа околу 3 месеци интензивно пишување на мсн (ахх тој мсн ), период кога дознавме еден за друг многу работи... Немаше ден ние да не се слушнеме и да си кажеме се што ни се случило тој ден. Многу се зближивме, можеби и премногу со оглед на тоа што бевме од два различни градови...Но кога зборував со него имав чувство дека го познавам цел живот, а истото ми го кажуваше и тој на мене... Потоа тој дојде во мојот град, бевме на кафе, всушност пиевме сок и се сеќавам на еден детаљ: некако случајно тој ја турна масата и го истури сокот по масата, а јас му реков ааа ова е некој знак После еден месец се фативме... Едвај чекавме да појдеме на факултет за да бидеме почесто заедно (инаку генерација сме, дури јас сум постара од него точно еден месец)... Од тогаш сме заедно 2.5 години, со него се чувствувам како да сум на седмо небо, секогаш е тука за мене, секогаш имам на кого да кажам што ми се случило, најголема поддршка ми е во животот, а тој знае за мене работи за кои никој друг не знае, со него ги делам сите мои успеси и порази... едноставно го обожавам... а најмногу го сакам поради тоа што секогаш е искрен со мене, никогаш не ме присилува на ништо, верува во мојата љубов и јас во неговата...за 8 дена ќе одиме на нашиот прв заеднички одмор...едвај чекам... Многу се сакаме и двајцата сакаме таа љубов за трае засекогаш P.S. Љубовта доаѓа кога најмалку се надеваш
Ех,тоа беше нешто... Се случи во нашата гимназија..Јас бев втора година средно,утка,поима немав од животот.. И отидов до WC во нашата гимназија на тој спрат,и таму беше тој..Со својата школска,која пушеше цигара..И стоеја на врата од WC и јас само му реков може ли да влезам? И тој,така ладно,може како не...И одам јас пиев вода,и како бев навалена на чешмата,само што се поткренав и еве го него,стои до мене... И јас му викам,а може ли да се поместиш да поминам? И тој ми вели не. И јас се зачудив на дрскоста,ама...И следно што беше,ми вика а ти моме убаво,имаш ли дечко...И јас не. И тој тогаш буквално ми налета да ме бакне,ама јас му се извлеков....И само така слатко се насмеав! И ја слушнав школската негова како му вели,абе што само му правиш на девојчето?! Не го малтретирај! А после тоа,тој дојде во училницата,и само се појавви на вратата и ми кажа ќе ми платиш за овоа! Оттогаш,ништо веќе не е исто... Јас се заљубив како глупава седмооделенка.... Но за ништо не се каам..Да не го запознаев тогаш....... Немаше да се запознаам ни себеси!
Баш пред Велигден,се вртеше црквата таа вечер.Тој диџеј на работа,а јас излезена со другарките.Немаше гужва во дискотеката,а ние стоевме баш пред него.Уште од многу одамна ми се свиѓаше и тоа многу.Приметив дека цело време ме гледа и се смешка.После некое време дечкото на другарка ми ме праша дали ќе сум сакала нешто за пиење на сметка на диџејот ама реков дека не сакам.Така помина вечерта смешкајќи се и така... После некој ден другарка ми ми се јави дали сум сакала да се прошетам со него зашто тој и се јавил нејзе да праша за мене.Јас и реков дека ако сака нешто нека ми се јави мене и така беше.Се договоривме и се најдовме.Се прошетавме,па после некој ден се согласив на врска и еве уште сме заедно иако во некои моменти се каам што не подразмислив малку,прво убаво да го запознаев како човек а после да терам врска.
Кај мене дома! Ми дојде на гости бидејќи му е другар и колега на брат ми! Беше тоа љубов на прв поглед! Цела вечер го служев, се смешкав, зборував... Во тоа време(пред 3 години) бев доста привлечна и во еден период на среќа, па самодовербата ми беше на највисоко можно ниво! Потоа дојде на викенд кај нас и се зближивме повеќе, излеговме вечерта со него, со брат ми и со уште еден другар и убаво си поминавме, таа вечер бев тажна и тој ме бакна во челото... Тоа беше толку нежно и убаво што се стопив покрај него! Откако замина јас му пишав порака ама на Е-МАИЛ!!! И почнавме да си пишиме по маил, па после на мобилен. Дојде за Нова Година кај нас и ноќта прв пат се бакнавме на уста(онака невино и нежно без додатоци) Таа ноќ се фативме! Точно на 1.01.2008! Потоа следеа тајни средби да не дознае брат ми, па тој дозна па караници, па пак тајни средби... така цела година помина додека се смирија и сега си излегуваме сите заедно, јас , брат ми, дечко ми и женската на брат ми(моја другарка и колешка!)
Се запознавме на листата на примени студенти на факултетот потоа станавме пријатели на fb,па пишување на skype и по тел..и така започна се..еден месец контактиравме на тој начин..ама се беше слатко и невино и мило (без задни намери) се запознавме кога тргнавме на факултет на 22.09.2009,и наредните 5 дена ги поминавме заедно цело време..буквално нон стоп бевме заедно..јас престојував кај него бидејќи тој беше под стан во Штип..иако имам тетка таму,не и ни кажав дека сум во градот.. на 27 септ се фативме и од тогаш до денес ни е супер позз
Па вака...... тој прво и беше симпатија на една моја бивша другарка која сепак си имаше дечко.Ми го покажа кој е и што е и јас само и одговорив што тие на тебе ма кај овој(поради некои причини)но подоцна се сврте тркалото.Недостижната јас паднав во неговите раце и сега воопшто не можам а и не сакам да се оттргнам.Бевме излезени го добил мојот број се слушавме,но јас се правев важна.И една вечер паднав на испитот Од тогаш па се до денес сме си заедно и ми е убаво.Се радувам што запознав човек како него.Добар,мил,реален и со искуство
Јас сосема случајно се запознав со мојот дечко.Беше петок вечер и бев излезена со другарките,тогаш една другарка ми рече на шала ајде ќе ти местам дечко и ме запозна со него.Јас тогаш првпат го видов не го знаев бидејќи учеше во друг град.Се запознавме и излеговме да поразговараме ми беше симпатичен.Така на шала се фативме...мислам јас првата вечер незнаев дали воопшто повторно пак ќе се видеме,не си разменивме броеви туку си кажавме само ај утре можеби ќе се видеме.Другата вечер се видовме пак и така почна се постоа се слушавме,се гледавме почесто и уште сме заедно....веќе 9години.
бојата сум ја ставила онана зашто секој текст што го пишувам е у боја и таа ми дошла при рака затоа таа боја а фала за коментарчето за приказната
И се вратив на мојата прва љубов. Го запознав во шестто одделение. Мала бев, не сум знаела што е тоа љубов и како да постапувам. Тогаш го изгубив. Сега, после 6 години повторно се сретнавме. Го познав, а он мене не. И ми се претстави. После два дена си пишувале на фб и брат ми му кажал за мене, т.е. која сум. И овој ми праќа покана на фб, го прифатив, а се двоумев дали да го направам тоа. Ми пишува и ми вика кој идиот сум не те познав, извини, па ова-она и се зближивме. На фб се ставивме во брак (али ова беше поради тоа што многу не озборуваа). И после неколку дена се фативме.
Jas go zapoznav koga edna drugarka od drug grad mi prijde i mi rece : mi se sviga eden tip od tvojot grad. Se zaangazirav za devojcevo, srediv rabota se, tie se smuvaa i site bevme srekni - se dodeka ne sfativ deka tipov mene mn mi se sviga. Godina dena mi trebase da gi prevrtam rabotite i da go osvojam. Sega e so mene, vo vrska od dve godini, i mozam da kazam deka stanuva zbor za LJUBOV
хахаха јас го запознав на мсн првоо се 4иткавме се зезав мее и после ај да се види мее и такаа се фативмее и сеа сме во врска 1 год и 9 месеци
wowwww navistina e mnogu ubavoo da dade gospod da vi se mnozat godinite zaedno vo brak i da si imate uste edno detence kako sto sakatee pozz do sitee
Навистина преубави стории ......Лов ис ин тхе еир.... Мојата сторија е многу едноставна....љубов на прв поглед!