Јас имав кажано во кратки црти, ама сега имам инспирација и ќе ви раскажам поопширно... Имав мсн-другар со кој пишував секој ден. Тогаш бев прва година средно, а тој втора и бевме иста смена во истата гимназија. Еден ден ми даде линк што самиот го имаше направено, со веб страна од неговиот клас. Тој период ми вриеја хормоните и гледав само некои убави типци Никој посебно не ми се допадна, освен едно дете со преубава насмевка и со долгичка коса. И утредента го заборавив. Не го видов низ гимназија, не ни помислив на него. По 6 месеци, значи на крајот на прва година, една моја школска ми вели дојди да те запознам со дечко ми. Се запознав и тогаш тој беше исто така насмеан, како на сликата. Го познав момчето од веб-страната.. Помина летото, помина и есента. Есента имав дечко, но по нова година раскинавме. Тогаш и школската моја раскина со дечко и. Веќе го знаев од муабети како многу добро дете, немав лош збор слушнато за него. Глумеше во драма пред Нова година и со другарка ми прокоментиравме: Ее еве го овој дечко и, колку убаво глуми. Едно зимско утро другарка ми ми вели пишував со Бојан на мсн, вистина е многу фино дете. Незнам што ме мавна во моментот, веднаш и реков ДАЈ МИ НЕГОВ МСН. Уште истата вечер почнавме да пишуваме. Јас учев и по некое време гледам, ми пишал. Почнавме да се запознаваме, и уште првиот ден пишувавме 4 и пол часа, како долго да се знаеме. Тој ми кажуваше дека веќе почнал да ја заборава бившата, ова она, а мене уште ми беа тазе љубовните маки, иако не бев нешто многу разочарана. Кратка ми беше врската и немаше љубов и ништо посебно. Си се тешевме дека времето се лечи и слично Секој ден особено навечер пишувавме. Ми беше убаво, чувствував како ми влегува во потсвеста и под кожа Еден викенд во топик стави: Yours are the sweetest eyes I've ever seen и ми рече да обрнам внимание на неговиот топик. Јас ништо, онака, иако знаев што е муабетот. Потоа по меил ми ја пушти песната Your Song-Elton John и имаше напишано дека песната е за мене. Мене веќе ми стана јасно. И кажав на другарка ми, но не смееше никој друг да дознае, бидејќи оваа школскава ќе ми се налутеше ако претходно не разговарав со неа (бидејќи еден период се дружевме) Сега со мозоков си велам, како сум можела да му ја мислам до толку, кога таа не го ни сакаше и му раскина поради друг! А детенцево многу се срамеше од мене кога ќе се видевме..Чувствував како му трепери душата кога се поздравувавме Една вечер требаше да спијам кај другарка ми дома, бидејќи нејзините не беа тука. Се договоривме вечерта да излеземе и потоа да одиме кај еден другар дома му, со кој таа се плеткаше, бидејќи беше сам. Му кажав дека ми се свиѓа детево (инаку иста генерација) и тој веднаш го викна дома му. Се собравме четворицата. Јас и дечково седевме в дневна покриени со ќебе, а другарка ми и другаров си отидоа во детската негова Спонтано почнавме да си ги допираме рацете и едно време, божем ми пристуде, се тутнав во неговата прегратка. Гледавме цртан филм на Картун нетворк и се смеевме. Едно време тој ми рече: Ама јас сум затрескан во тебе. И ме пресече. Не реков ништо. По некое време гушкањето стана се поубаво..Тој дојде над мене со главата ми срамежливо ме бакна, во 4 и 20 часот сабајле! Потоа и јас му возвратив...Прекрасно беше! Мислам дека тоа беше најискрениот и најубавиот бакнеж во мојот живот. Но ме кочеше оваа школскава. Со другарка ми смисливме утредента да му кажам на дечко ми да почека еден месец додека таа да разбере и да и помине лутината кон мене (бидејќи знаев дека ќе се лутеше). Пробав да му кажам, ама не можев. Толку ми беше прекрасно покрај него..Иако тој веднаш покажа разбирање. Си реков, важно мене да ми е убаво. хах. И така останавме заедно и еве до ден денес, веќе 2 и пол години. Тој некое време веќе кога бевме заедно ми призна дека прв пат ме видел уште кога сум била основно и кога бил дојден во моето училиште. Потоа, кога сме биле средно тој ме гледал секој ден на одмори и за викенд, но мислел дека нема шанси да го погледнам.Навистина не беше нешто мој тип, но ете, се заљубив. За прв пат вистински и возвратено. Секогаш кога зборуваме за минатото, ми вели: Нешто посебно чувствував кај тебе отсекогаш, и еве, навистина, ти си најпосебното и најубавото нешто што може да постои и да ми се случи во мојот живот.
се запознавме во продавница,на другарка ми другар и потоа си разменивме телефони месинџери..и така....
Си беше некогаш една девојка што се викаше...девојка која не веруваше во љубов,која се откажа од се и мислеше дека ке умре сама (ама буквално ),се до тој ден...29.12.2009,вторник...надвор беше -150 степени,излегов на кафе со една другарка али како што знае да биде пред Нова Година,сите кафичи беа преполни и неможевме да најдеме место за седење и решивме да седиме некаде надвор и да си земеме нешто за пиење,за да не ни биде толку ладно пиевме што пиевме,се напивме убаво и ни текна да идеме некаде на топло,да си ја продолжиме журката во некоја дискотека,али немавме друштво...се јавивме кај милион луѓе и сите не откачија и кога изгубивме надеж (нели,како во филмовите ) ни се јави сестра и на другарка ми,се предомислила и ќе дојде со двајца другари...стигнаа луѓево,со едниот се знаев,а другиот...леле луѓе другиот беше најубавото нешто што сум го видела отидовме кај отидовме и на излегување од дискотеката зборевме за Нова Година,он се изјасни дека нема да иде никаде,а јас проклето многу сакав тој да дојде онаму каде што ке одиме ние и кога ме носеше накај дома (алкохолот во мене собра храброст ) му реков дека се надевам дека ќе се видиме пак,на пр.ако случајно биде со нас за Нова Година...и беше...мојот живот започна тогаш,30 минути после полноќ,на 01.01.2010 и трае сеуште...се надевам дека ќе трае уште многу,многу долго...засекогаш
Да си кажам и јас иако се уште не ми е дечко, но се надевам се ке биде... Прв пат го здогледав на 18.08.2008 г.во нашето село, инаку сме комшии ама порано не го имав сретнато. Ми беше симпатичен. Постојано се вртев околу него, но ми беше срам одма да му пристапам. И наредниот ден тајно го сликав. Си заминавме и двајцата во нашите градови (живееме во различен град). Сликите си седеа во телефонот и немав намера да ги избришам. После 6 месеци се јави желба во мене да стапам во контакт и најдов негов мсн. Започнавме да разговараме, да се дружиме... но никако не можевме да се видиме. Тој имаша женска, но не бев разочарана затоа што знаев дека таа врска нема да трае долго, а не сакав ништо да расипам и не расипав. Требаше да дојде за мојата полуматура но не дојде. Потоа го чекав во селото на истиот датум една година подоцна и не дојде. Веќе почнав да губам надеж. И годинава ми честита роденден на фб и од тогаш не се уклучи. Ми падна чудно. Да не му се случило нешто? Сепак одлучив да не го барам до неговиот роденден (2 месеци после мојот), а во меѓу време јас го сменав мојот број кој тој не го знаеше. Цело време мислев на него... Дојде неговиот роденден и јас се јавив да му го честитам. Знаеше која сум, ме препозна по гласот. Не ми звучеше така расположен и мислев дека тука е крајот. Се уште беше во мене, беше невозможно да го заборавам. На 1 август бев со моите брачеди на еден концерт во неговиот град. Претпоставував дека ќе биде таму, но тешко дека ќе го пронајдам во толкава трупа на луѓе. Постојано го барав никаде го немаше. Подоцна го здогледав неговиот најдобар другар. Се сетив дека му е именден. Му пуштив порака. Постојано гледав накај неговиот другар. И конечно го здогледав и него. Се пикнав во гужвата и како споменик се исправив пред него. Се насмевна и ме гушна. Силно и нежно. Ми се чинеше дека на светот сме само јас и тој. Си кажавме неколку работи и си заминав. Беше како во сон... И уште мислам да чекам на него...Ќе одам до крај. Или се или ништо...
На нова година. Уште од како влегов внатре погледнав накај него. Неговиот поглед исто така беше накај мене. Ја се срамев од неговиот поглед и кога и да се свртам натака забележував дека гледаше накај мене. Помина 00:00. Си честитавме нова година. После накај 3/4 саат седна до мене и почнавме да се запознаваме, од кај си, кај учиш општ муабет. Си разменивме мсн, и од Март/Април деноноќно почнавме да правиме муабет на мсн. Потоа се видовме сами. И се само од себе си дојде. а иначе,и јас имав од мирц дечко од пред година дена може и 2. Идевме 5 месеци,тој дојде тука да живее во Скопје,и на крај нешто проблеми му испаднаа(не се сеќавам што како беше).. ,и бидејќи бевме од различни градови врската пропадна. А многу ми беше мил дечкото, не беше како останатите на мирц кои идат само за се*с преку жица.
епа вака се запознавме во апартман во грција бевме соба до соба и после многу ми беше убав и многу ми се свиѓаше и си разменивме телефони,мсн,фб..и потоа ме покани да излеземе..од 17 год одам со него а сега имам 18 значи 1 година одиме
Jas i de4ko mi se zapoznavme na eden mnogu cuden nacin. Toj odese so edna moja skolska toa bese minatiot avgust i edna letna vecer so mojata drugarka otidovme na kafe kaj nejze bidejki ni bese na minuvanje pred izleguvanje. Togas mojata skolska mi kaza deka imala nov de4ko i deka treba da dojde so kolata sekoj moment po nea pa da ne prefrli do diskotekata. (nie na nejzinite komentari se iznaseavme bidejki de4kovcite gi menuva ko corapite) Vo toj moment dojde toj ts.mojot de4ko. koga vlegov vo kolata go vidov najubavoto sustestvo na planetata. Utredenta skolskata mi kaza deka toj i raskinal. edna vecer dodeka sedevme so mojata najdobra drugarka i pievme kafe vo kafi4 dojde toj i se pozdravi i sedna so nas .od toj den izleguvavme zaedno se druzevme i jas poleka se vljubiv vo nego i toj vo mene i po cetiri meseci druzenje toj na msn prvpat mi kaza deka e vljuben vo mene sega sme zaedno i sme najsrekni na sveto ednostavno go najdov vistinskiot za mene.
јас вака одам на нет, и си прашувам која е најголемата заводни4ка на сајтот(најспособната и најинтелегентна)...и после тоа и се пуштам...затоа што резервната клупа никогаш и не ме интересирала.
^ А ти затоа ли се зачлени тука? Ако ти била таа целта, овде нема заводнички, ова е женски форум, а не дејтинг сајт. Се извинувам за офтопикот, ама ова станува честа појава кога некој овде дошол да си се презентира себе, со некоја крајна цел, наместо да учествува во темите на форумов со реални свои мислења. Се нарушува шмекот на Фемина заради таквите.
Mojata prikazna e dosta smesna Se zapoznav so deckomi so namera da i go mestam na edna moja drugarka bidejki mn i se svigaseee i bidejki jas bev edinstvena onaka bez sram devojce se soglasiv da se zapoznaam so nego i da im dogovoram se. No od toa nisto ne bidnaa a jas primetiv deka ustvari deckovo trca po mene. Sekako toa bese uste vo ranoto detsvo, no so malo zakasnuvanje deckovo pocna da mi se javuva da mi doaga vo skolo itn. i edno vreeme prestanavme pak so kontaktii, no koga se zapisav sredno prva god, sto da vidammm vo ist klas so deckovoo. I posle se si pocna taka sekoj den zaedno i na odmori i sekade i bidna rabotava.... I sega sme si zaedno 5 godini
На HI5 ми остави некоја шмеќерска порака,му ги видов сликите ми се свиѓаше надвворешниот изгледа и после месец дена муабетење и запознавање на МСН се договоривме да се видиме.Уште првиот ден кога се видовме станавме дечко и девојка
На мирц ахахахах во овоа време кога никој не се уклучува на мирц те ние будалите се уклучиме и се најдеме и на двајцата ни било досадно дома оти петок беше и не беме излезени и ајде на мирц да се зезаме и таму се распишавме па после на мсн па во живо и така аххх
Јас бев на одмор во Црна Гора, се запознавме таму пред 5 години. Го сакам моето мрзливо црногорче највеќе
Беше сабота вечер, време кога излагавме во град со другарките. Мене тој ден не ми се излегуваше, убаво ми беше дома, топло а и си гледав цртани ( имав 14 год ) Но, на крај по долго молење од другарките, излегов. Додека бевме во диското една моја другарка ми рече дека сакал некој да се запознае со мене, а јас се противев (зашто тој период ме сакаа помали од мене 12,13 год и мислев дека е некој помал ), но и се замислив за братучедот нејзин (го видов претходната недела и ми беше многу симпатичен ) и ја прашувам другарка ми кој е тој што сака да се запознае со мене, таа не сакаше да ми каже, ми рече дојди со мене па ќе видиш, но јас не сакав да одам и таа немаше што да прави,и ми покажа накај него(братучед и), бев изненадена бидејќи она што го помислив и се случи. Се запознав со него и потоа си прачавме љубовни пораки , и по 2 недели се фативме. И сеуште сме заедно. Никогаш не знаеш кога ќе ја запознаеш својата љубов. Некогаш доаѓа порано, некогаш покасно. Кога најмалку се надеваш (ја очекуваш) тогаш ќе ја сретнеш
еве и јас да ја споделам мојата приказна. вереникот го сретнав кога имав 17 години а тој 23 во еден кафиц во насиот мал град. бев нерасположена таа вечер бидејќи дечкото што ми се свиѓаше почна да прави муабет со мојата најдобра другарка и си висев на шанкот сама кога одеднаш дојде еден од соседите и вели другарми сака да се запознае со тебе. само го погледнав бев некултурна малку посто бев нерасположена. и дечково дојде дотеран, среден на факултет почна муабет а јас детиште. неможев да го смисалм ми беше арогантен. но ми беше многу убав и различен од се што сум видела до тогаш,после неколку месеци молење пустенје решив да се смувам со него по првиот бакнеж не бев ништо посебно возбудена но тој леташе као демек осетил таква хемија никогаш порано нешто слично, а јас го фледав и му се чудев му велев добро еве ме смува немора да ми правиш филмови и така се мувавме долго време пред да му станам девојка се вљубив како никогаш до тогаш па онда прв секс (мој прв воопшто)и остало а тој сеуште не ме праша да му бидам девојка и изгубив надеж си велам ништо ќе го заборав и така ке одам во странство и оп неколку месеци пред за заминам му светна сијаличката стапивме во врска и почна неизмерната љубов, јас заминав и 3 години бевме на скајп обесени се оболевме од тага и од љубов, преживеавме се и сешто, ме подржуваше ми ги прости грешките и јас се вратив кај мојата љубов тука дома, и веќе една година се будиме заедно, заљубени повеќе од кога било, и планираме да официјализираме во блиска иднина.некој да ми кажеше дека тој дечко што несакв да го видам ќе стане љубовта на мојот живот слатко ќе се насмеев но ете.. никој не веруваше дека ќе издржиме и ќе успееме заедно но како што вели тој "ова не е љубов, ова е вистинска љубов"
Ех одамна беше пред 8 години, од почеток се беше наивно. Јас на факултет , имав дечко , али не озбилна врска. Требаше да одам на гости кај колешка во друг град, и на слика го видов брат и на нејзината цимерка и најдобра другарка. Ми изгледаше многу збунет , мирен срамежлив , па дури тресев зелени дека ке го смувам и сл . Сестра му му купуваше боксерки пред да одиме , а јас со целиот памет и реков дека јас ке ги одберам, ама под услов да ги проба пред мене Отидов таму , а они се му кажале , а јас не знаев , така да се посрамив малку , али нема врска Се запознавме, многу си се допаднавме .Додека го откачив дечко ми се мувавме, он имаше девојка, после раскинаа и се фативме по пола година познанство. Врската ни беше низ подеми и падови, сега живееме заедно, супер ни е се надевам дека наскоро ке се земеме
Се знаеме од деца. Двајцата од различни градови, јас секое лето кај баба, а тој комшија од карши Не се дружевме, јас постара од него и се со повозрасни, а тој не ни излегуваше на местото каде што се собиравме. Пред 2 год. јас пак таму и излезени во диско со друштво доаѓа тој и се поздравува со еден од моите другари. Го прашав кој е и тој ми објасни. Секој ден претходно го гледав низ двор, но не знаев кој е, а кога ми кажаа уште повеќе дремев на тераса и во двор да го гледам. Долго време не бев на местото кај што се собиравме и решив да отидам, таму беше тој, но и две нови гостинки. Таа едната почна да му се пушта, а јас се обидував да му го привлечам вниманието и успеав, дојде до мене , да се поздрави. Заврна ме испрати до дома и толку беше, јас си дојдов во Ск. По два месеци пак отидов таму, на празник. На сред село се собираат луѓе и отидов со другарите, го барав , но го немаше. И како во некој филм, се појави качен на мотор и застана точно пред мене. Цела вечер бевме заедно, игравме, се смеевме, убаво беше. Се понуди да ме испрати до дома и по пат ме бакна. Утре дента отиде во градот во кој учеше и мислев толку меѓу нас, но ми праќаше постојано пораки, ми се јавуваше и јас бидејќи уште бев таму, отидов да се видам, таман и роднини да посетам. Три дена не се двоевме, но морав да се вратам дома. Се слушавме секој ден, јас отидов таму уште два пати, за кај родините и по 4 месеци станавме пар. Но, мајка ми не ја одобруваше врската, како и сите мои роднини, помал, па и од село, но нас не ни беше важно. Мајка ми дека болна играше на таа карта дека ќе умре, а јас со него, ќе умрела со отворени очи и морав да му раскинам. За да го заборавам се фатив со мојот најдобар другар кој мајка ми го обожаваше, но тој излезе најголемото губре. За сето тоа време овој не се откажуваше од мене. Се бореше за нас, да бидеме заедно, па дури и ми прости што сум била со другиов. После 8,9 месеци сега пак сме заедно и заради било кој не се откажувам од него. Ме прави најсреќна на цел свет. Го сакам, ме сака, се разбираме. Проблем е кога правиме муабет за месеците што не бевме заедно, но ќе се потрудам да заборави, затоа што знам колку му значам и колку ми значи.
ја со мојата љубов се запознав на школо затоа што учиме заедно.но никогаш не очекував дека ќе се заљубам во него
Се започна од hi5! Ми коментираше по сите слики ми пишуваше на профилот,па муабетот си го проширивме на мсн-цееееели 2 години! (тогаш јас затрескана во друг,не приметував дека типов е опседнат со мене) Не се знаевме лично,само јас го имав еднаш видено и ми се виде интересен На мсн го викнав на шала да дојде со мене,зошто тој период секогаш после излегување си седевме на клупи кај него во населба..Прифати,дојде. Ни тргнаа муабетите,искачањата (1 недела другарски) се додека една вечер не останавме сами и...си се зближивме малце повеќееее Си се мувавме 2 недели и потоа почнаа сите другари и другарки да не прашуваат на што сме ? И ни текна да се официјализираме Сега после 1 година и нешто не ми се верува дека тој е тој тип кој не сум го ни забележувала Убаво ми е со него ! И ми е смешно кога ми раскажа како го покажувал мојот профил на другарите,киснел секој ден на него,се нервирал и го гасел компјутерот кога не сум му пишувала на мсн и како се радувал по дома кога сум му пишала на мсн прва ( дури 2 пати! ) и еднаш на шала сум му посветила топик хахахахахахахаахахаха аххх!