Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се запознавте со вашата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од babyketi, 2 декември 2009.

  1. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    И јас се запознав на многу интересен начин.
    Бев излезена со друштво во еден кафич и тој седеше со еден другар и уште 2 девојки. Кога го видов веднаш го забележав ,мн ми беше симпатичен , но во исто време погледот ми беше возвратен ,односно ни се споија погледите :$ Јас тогаш имав дечко и ништо не мислев да направам, но цела вечер се гледавме , и си пракавме скриени насмевки. Другарка ми ме забележа дека скришум се смешкам и јас веднаш и кажав дека се смешкам со симпатичниот дечко што седи карши нашата маса. Таа не го ни погледна. Откако станавме да си идеме накај дома , дечкото стана и се упати накај другарка ми и одеднаш видов дека се поздравија и онака тој ми пружи рака и на мене . После тоа другарка ми ми кажа дека тој дечко е всушност братучед на една наша не толку блиска другарка. Јас веднаш и кажав дека тој е дечкото што се гледавме цела вечер . ;) Утредента дечкото го нашол бројот од другарка ми преку братучетка му и побарал мое мсн,моб. или сл. за наша комуникација, јас му дадов само мсн поради тоа што имав дечко и не сакав да си правам проблеми но сепак некако сакав да подобро да го запознам. Комунициравме подолго време ,можеби 1 год. И откако јас раскинав со дечко ми од други причини пак си продолжив со комуникацијата но до тогаш уште се немавме видено туку само преку мсн и решив да се најдеме на кафе . И така се гледавме можеби 1 месец без ништо да направиме, онака само се шетавме ,идевме по кафиња ,дури и на гости ми доаѓаше , и после тоа се фативме ,и еве сега сме заедно и супер ни е :inlove:
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Се наежив цела дур го читав ова, уоу :clap: :)
     
    На babyketi, secretPrincess и LadyBug.k им се допаѓа ова.
  3. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    37
    случајно се најдов во нивниот дом, бев излезена со девојчиња кои се дружат со братму и една вечер се собравме кај него дома. додека ние седевме се врати моето срценце од излегување. тогаш го видов прв пат и многу ми се допадна, но за жал тој не остана со нас само дојде да не поздрави. го дознав неговиот бр. и многупати му пишав да излеземе на кафе, но тој често одбиваше со изговор дека неможел, бил на работа и сл.(можеби и навистина неможел) но јас не се откажав бев упорна и еден ден излеговме. потоа често се слушавме по тел. а некогаш и излегувавме заедно, знаеше да се јави да рече спремај се идам да те земам и излегувавме со негови дугари и другарки. многу често ме носеше со него на излегување во очите на другите сум била негова женска но меѓу нас немаше ништо, чекав тој да го даде првиот чекор, но ништо. еден ден дознав дека имал женска и од тој ден повеке немаше никаков контакт меѓу нас. но по една година судбината пак ми го довеа и си реков сега јас ќе го дадам првиот чекор нема да чекам некоја пак да ми го земе. така и се случи, сега сме заедно и многу се сакаме
     
  4. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Јас и дечко ми имаме заедно учено во основно, но тогаш го знаев ко дете од другиот клас,знаев како се вика и знаев дека е син на една од наставничките. Многу беше срамежлив и повлечен, а како и нема да биде кога мајка му предава во школото кај што учи :) Тогаш воопшто не ми беше ни интересен ни привлечен, имав други симпатии :D
    За да после многу поминати години и едно мое големо разочарување во љубовта (прва врска, и прво големо разочарување :( ), ми предложува другарка ми да ме запознае со некој нејзин многу фин другар, кој бил ко створен за мене :D Викам ај и тоа чудо да го видам :) Ми го покажува на слика на мобилен, кога што ќе видам, другарчето од основно, веќе дечко згоден станал, многу симпатичен и харизматичен, баш мој тип на машко :D И викам на другарка ми, ја овој го знам, што ќе ме запознаваш, само по толку години не сум сигурна дали ќе ме познае. И организираме ние две завера, го вика кај неа на роденден, он ништо не знае. Го довлечка она кај мене да го запознае со другарка , и кога ме загледа, се помисли 2-3 секунди и цаап името ми го изговори. Ја се стопив од гестот , башка со беше ептен разубавен и згоден, не знаев дали е реално се тоа :$ После цела вечер муабети, навраќање на спомени... се договоривме да се видиме на само за некој ден. И бидна и нашата средба, успешна на крајот на вечерта, со бакнежи и гушкања :* :$ И еве веќе заедно сме 3 и пол години, а на другарка ми и должам пар кондури, бидејќи не намести, нели :D
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Првото нешто што ми прелета низ глава кога се запознавме со либето мое беше:"Од која дупка излезе па овој?"....ееееее ама сега оди речи ми нешто такво за него,очи вадам :lol: :lol: :lol:

    Се запознавме случајно кај една моја другарка, почнавме да се дружиме секој ден се поинтензивно се до моментот кога свативме дека е редно време да престанеме да глумиме лудило,да не се правиме на Тошо оти јасно беше дека сме луди еден за друг па си ја почнавме нашата врска која со љубов,среќа,нервози,кавги,пак љубов,среќа ,разбирање и нормално страст фала богу трае до ден денес,а се надевам и во иднина и во вечни векови Амин!! :rofl: :rofl:
     
    На Biggie и femina11 им се допаѓа ова.
  6. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    12
    Jas otidov vo Stip da studiram i edna vecer se zapoznavme vo edna diskoteka tamu i po 2 god vrska se zedovme sega si imame prekrasna kerkicka :))))))
    [mod-kirilica:1uorehd0][/mod-kirilica:1uorehd0]
     
  7. secretPrincess

    secretPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    9
    Што се не се прави за љубов :) И јас имам една интересна невообичаена приказна за тоа како се се случи...Со дечко ми се запознавме на една интернет страна топ мислам дека уште постои,тој ми напиша коментар на една слика дека сум мн прекрасна и дека би сакал поубаво да се запознаеме :) и јас одпочеток не реагирав а усте кога го видов ми светнаа очиињата :D бидејки на сликите беше многу убав и си реков ова не е возможно сигурно не е тој на сликава и ништо,после дена ми имаше испратено порака дека навистина му се допаѓам и дека нема никакви лоши намери,јас се подзамилив и си реков ај со сум глупава :D ке му дадам мсн и ако пишеме со мозе да ми биде ништо неможе да ми направи :) и така почнавме да пишиме секој ден по 3-4 часа па по цели ноќи и јас сватив дека е навистина добро дете покрај тоа што е многу убав и што има многу добар карактер.
    Така си заменивме и броеви и се слушавме цела една година се гледавме преку камера... и се фативме а уште се немавме видено...се чуствував како дете иако имав 19 год тогаш проблемот беше што тој беше од Прилеп а јас од Радовиш,јас студирам Скопје а тој Струга и никако немозевмеда се видиме цела една година и на крај јас немозев да издржам и му се јавив и му реков дека му доаѓам на гости...прво многу размислував зошто уште незнаев точно кој е вистинки тој но си реков ајде ке пробам уште едно искуство во мојот живот на кое одам со ризик.
    И така јас пристигнав во Прилеп и се слушавме на секои минути во автобус до каде си уште колку има и кога пристигнав тој ме чекаше и се смешкаше излегов и одма му се фрлив целата и се гушкавме така може 15 минути... :) и отидовме дома кај него се запознав со неговите леле колку срам имав :$ и така цели 3 дена се запознававме падна првиот бакнеж и уште многу после него :* и така до ден денес вејке 2 ипол години се сакаме многу и се уште се смееме на тоа како се запознавме ...им поскаувам на сите да имаат ваква убава љубов :inlove:
     
    На semplice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. secretPrincess

    secretPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    9
    :inlove: Многу ми е мило за вас...ви посакувам уште безброј убави моменти заедно и бескрајна љубов...и мојата приказна е слична само што ни е рано сеуште за брак млади сме но се надевам дека и крајот ке биде сличен како вашиот :) и дека и ние ке имаме плод на нашата голема љубов позз
     
    На babyketi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    1 Мај 2006, Велешко езеро. Не беше љубов на прв поглед. Имавме лабаво другарство, никаков знак дека можеби чувствуваме нешто еден за друг. И после некои две ипол години, беше лето, сосем спонтано нешто почна да се случува...А сега прерасна во прекрасна љубовна врска :)
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Одамна беше, ама сеуште убаво се сеќавам скоро на секој детал! Всушност јас му се допаднав нему! Ме знаел од претходно, ама периодов кога почнав интензивно да се дружам со моите другарки беше виситнскиот момент за тој да ми покаже дека му се допаѓам! На почетокот бев незаинтересирена, ама вниманието посветено од негова страна, упорноста и искреноста ме натераа да се подзамислам дали нависитна сакам да го игнорирам или сакам да пробам со него! Не запозна мојата другарка,која очекуваше само да се забавувам а не и да останам со него толку мн.години!
    За него бев мало, невино, убаво :P , разгалено, недостижно створение кое според неговото искажување било баш онакво какво што посакувал! А тој за мене беше дечко кој од пртходно не го знаев, а имав слушнато доста, па дури и бев предупредена дека досега нема нити една нормална врска, демек да внимавам!
    Се покажа многу поинаков од тоа што ми го раскажуваа, сакаше врска, и сакаше да ме убеди дека ниту една од оние девојки кои во тој период сакаа да го спречат нашето дружење, не може да го поколеба во интерсите кој ги има за мене!
    Ме носеше повеќепати дома, се обидуваше да ме бакне, ама се правев важна :$ , со оправдување дека треба прво да расчисти со оние кои сакаат да не спречат во започнувањето на врската (сега си велам дека сум постапувала многу наивно,ама ај поминало веќе)
    Ако се споредам со сегашните генерации, сфакам дека сме биле демодирани :lol: , па ние ниту еднаш не се смувавме пред да започнеме врска, а ме испраќаше многупати до дома, и јас секогаш одбивав да се бакнам, се правев дека сум недостижна ;)
    Вечерта кога ме бакна беше старт на нашата врска! Беше изненадување за сите околу нас, моите другарки,неговите другари, мојот бивши, неговите бивши...Почетокот беше проследен со повеќе проблеми но За среќа ги надминавме сите (кои сега веќе сметам дека воопшто и не биле проблеми),останавме заедно и неразделни... Не дека немавме падови во оваа долгогодишна врска, но што и да се случи знам дека се сакаме доволно за да останеме заедно, да основаме наше семејство, да се сакаме колку може повеќе! Имаме многу планови, настојуваме да ги реализираме!
     
    На semplice, femina11, Biggie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    сосем случајно, неочекувано...порано го знаев вака на лик, го гледав по градов и многу ме нервираше :lol: незнам зошто ама неможев да се замислам со него..а еве сега 2 години и кусур.
    не запозна другар му, и онака јас пошо по природа многу сакам да флертувам :) и се зезавме и во еден миг ме фати за половината така машки и.......знаете што :lol: :lol: па се плеткавме неколку месеци ама исто како во врска да бевме секој ден заедно ова она и еве сега....планирам свадба хахахх шала на страна добро е... :lol:
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheOne

    TheOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    океј, ова е bitchy али..
    не запозна бившата негова... бевме другарки ја и она..
    и одтогаш тој ми стана ептен добар другар, и никад немав помислено на него како на дечко..
    раскина со девојка му, ми се жалеше мене..
    после година и пол онака случајно.. почнавме да пишуваме поинтезивно, муабети, линкови, песни, глупости.. малку време сме заедно, али го осеќам како сродна душа.. и незнам што би правела без него.
    Искрено се надевам дека ќе останам со него.. :)
     
  13. milk.honney

    milk.honney Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    Хахахахах...на фејсбук :D Искомунициравме 2-3 пати на чат и излеговме, без премногу титнтрање по фејсбуцине. Излеговме неколку пати и тоа беше тоа. :) Е сега..работата е што мене фејсбук ми ноќна мора, па се фурам дека може пак да запознае некоја таму и да му се случи некоја нова љубов :( И до пред некое време тоа беше нон стоп муабетот и караниците, ама со тек на време се се средува..трпение-спасение ;)
    Битно ..текнк ју фејсбук што ја запознав љубовта на мојот живот :bow:
     
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Случајно во дискотека не запознаа. Прв пат се видовме таа вечер и двајцата дека од други градови сме :). Тој ме забележал и сум му се допаднала. Застанаа со нас, бидејќи со дел од тие што беа излезени се знаевме, не запознаа и почнавме муабет. Цела вечер разговаравме, а на крај ми побара и телефон. Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Посебна ми беше :inlove: :inlove: :inlove:. И ден денес си спомнуваме за оваа вечер, што како било :lol:
     
  15. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    од еден братуЧет па на интернет посто бевме далеку :D
     
  16. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
     
  17. ansi311

    ansi311 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Interesni raboti se slucuvaat vo zivotot taka i jas ke ja raskazam mojata prikazna. Jas mojata ljubov ja zapoznav na facebook, pocnavme da si pisuvame od taka dosada od sto nemase sto da se pravi no poleka poleka pocnavme da se zapoznavame eden so drug si pisuvavme okolu edna nedela i resivme da se sretneme. Dogovorivme sredba vo edno selo Zrnovci kade sto bev na gosti za praznikot ilinden, sredbata se sluci se zapoznavme tocno na 3.8. 2010 uste koga go vidov pocuvstvuvav deka nesto ima vo toj covek sto mene mnogu mi se dopaga i vednas kako da se rodi ljubov pomegu nas. setavme po prirodata pokraj reka i se bese interesno i prekrasno. Naredniot den se vidovme pak ja oficijaliziravme vrskata i se bese prekrasno. Edinstven problem sto bese pomegu nas bese toa sto jas sum od stip a toj od kocani i sto nemozevme sekoj den da bideme zaedno, no bidejki negovata ljubov bese pregolema taka eden den na 17 oktomvri me iznese na romaticna vecera, vecerata bese prekrasna so sveki, crveno vino tivka muzika i odednas go postavi najomilenoto prasanje sto sekoe devojce sakat da mu go postavat a toa e Dali sakas da se omazis za mene? klekna na kolena so ednata raka na srce i vo drugata prsten i me poabara za zena :) jas normalno kazav da iako go znaev samo dvaipol meseci. Naredniot mesec napravivme veridba na 20 Noemvri i otogas ziveeme zaedno i najubavo mi e, se cuvstvuvam mnogu srekan ispolneta i se mi e najubavo.
    [mod-kirilica:a2vtgo15][/mod-kirilica:a2vtgo15]
     
    На Tam4yy, sonce777 и semplice им се допаѓа ова.
  18. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    На Фејсбук :rofl:
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Епа девојки да Ви ја раскажам и јас мојата приказна.
    Јас со мојот сегасен сопруг се запознавме вака. Зимата си бев во Мк и досадно на интернет барав на skype од различни држави кликнував по некое име и ако ми потврдуваше и тој и започнувавме разговор...од сите тие најмногу се задржав со еден дечко од Грција и ми повеќе одговараше пошто јас живеам Грција и работам таму и си велам може некогаш и од блиску ќе се запознаеме...се слушавме со типот околу 2 месеци и јас веќе требаше да заминам Гр.за работа ми се има јавено газдата и така си променивме броеви и му кажав кога ќе бидам таму ќе му се јавам па де видиме....откако заминав веќе вториот ден тој ме побара на тел.и сакаше да се сретнеме....прво мене ми беше малку страв да си признаам пошто не знаев дали навистина е таков каков што го запознав преку интернет, не знаев каков човек е во живо...и го скршив мразот и се договоривме, ми рече ќе дојде во тој град кадешто живеев јас, а тој беше од друг град и дојде со еден другар, се сретнавме и седнавме на кафе...типот не беше тоа што очекував, но доста беше фин исто и другар му, но мене искрено ништо неме влечеше кон него...си направивме муабет се изнасмеавме и потоа си заминаа и јас исто дома. После тоа продолживме само да се слушаме по тел.и ништо повеќе, ма да тој беше доста заинтересиран за мене, но се срамеше и не ми го кажуваше, али се приметуваше од авион како ме гледа, како се понесува со мене :D
    После некое време ми кажа една вечер кога ќе завршам со работа ќе дојде со друг другар па да излеземе во дискотека и да се забавуваме. Му реков ок и дојде со другар му и седнавме прво на пијачка во еден кафич наплажа и потоа продолживме во дискотека, си поминав преубаво, јас имав и другаркии со мене и супер ни беше , а тоај ептен зацепан во мене што го примети и другар му, но јас не сакав едноставно не ми се допагаше и потоа доагаше уште неколку пати со истиот другар се ододека не почна многу да ми смета по тел.сакаше да биде со мене беше полуден и јас се изнервирав и му реков веќе да не ме бара и не сакам да имам никаков контакт со него...после неколку дена на facebook ми пиша другар му чисто онака си правевме муабет се додека не се договоривме да се сретнеме сами на кафе, па на рѕчек и постепено видовме и двајцата дека сме еден за друг и така си продолживме со излегуванја па со бакнежи и се блјубивме и двајцата до даска и после 2 месеци од нашата врска јас дадов отказ од работа и ми предложи да живееме заедно. т.е.да се преселам кај него. Така и направив и до ден денес сме заедно и ни е многу убаво, заљубени сме, планираме и бебенце и така :*
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Најинтересно во мојот случај беше местото на запознавање :lol:

    Бевме излезени јас и другарките од класот во една кафана ... кафанава беше на 2 спрата ние бевме на горниот а тој и другарите беа долу пиеја вино .
    Бидејќи виново го пиеа подолго време и мешаа со пиво си бело вино и се степаа со едни што беа пред кафаната..ама не беше тоа крвава тепачка,среќа без повреди што помина .. бидејќи ние женскиве слушнавме како се дери некој одоздола слеговме одма си рековме да не се повредат машкиве..
    само што слеговме долу гледаме пред вратата полиција
    се стаписавме, сакавме да се качиме пак горе но направивме уште поголема грешка ..
    така фино не однесоа во станица и нас и нив .. јас требаше дома да се вратам до 1 и пол саат и ги прашав дали може да си одиме , но не не пуштаа..
    додека седевме мене не ми се праеше муабет со никој ...почнав да паничам :D
    како што седевме ми рече : да не имаш запалка ?(тогаш уште не беше донесен законот за против пушење )
    му ја дадов мојата запалка која си ја чувам веќе две години иако не пушам , ја носам од навика
    му се виде интересна , светкаше како ласер па за тоа ми напраи муабет дека била убава
    другите сите беа нервозни а мене почна смеа да ме фаќа :D
    и кога ни ги запишуваа имињата јас се смеев , а полицаецот чудно ме гледаше ( што и е на оваа) :D
    одкако излеговме од полициската станица ме праша дали може следниот ден да излезиме на кафе во нормални услови ..бидна :D
    Ви посакувам среќа на сите и на попаметно место да ја сретнете вашата љубов :$
     
    На peperutkaa и De-lovely им се допаѓа ова.