Како се запознале вашите родители?

Дискусија во 'Врски' започната од inimini, 31 август 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    67
    Ајде малку да смениме правец се збориме за самите себе да видиме како било на некој наш близок. Еве вака моите живееле далеку еден од друг но сепак се од исти град. Се запознале преку еден роднина. И така ја поцнале врската. Патувале еден кај друг кога можеле. И еден ден на татко ми веже му се смачило да патува и ја побарал мајка ми за жена и нормално она прифатила
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    Како се запознале твоите родители

    моите се запознале на свадба...на мама најверна другарка се мажила за прв бартучед на тато...таму се запознале и после некои време пак се сретнале кај горе наведените младенци и ваљда тогаш и виднало...:)
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Како се запознале твоите родители

    Во библиотека. Со гледање во тишина...за потоа заеднички пријател да ги запознае.... :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Како се запознале твоите родители

    Во кафиЌ.
    Тато бил полицаец, а мама фино моме кое не излегувала подалеку од дворот. КафиЌов бил до дворов де. :D
    Ја прелажал дека е фудбалер, зашто во тоа време само сомнителни цури со низок морал и блуднички побуди оделе со униформирани лица.
    Наредниот ден, мајка ми со баба ми тргнале во стоковната да купуваат нешто и таму на раскрсницата оп! - ете ти го "фудбалерот"... оправа сообраќај со раширени раце.
    :rofl:

    Мајке ми, приказнава никогаш не престанува да ми биде интересна и смешна. :D
     
    На buba4e89, blackwave, shushu и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Marge

    Marge Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    205
    Како се запознале твоите родители

    Моите се запознале на свирка...татко ми имал свирка, и мајка ми застанала во први борбени редови и неможела очите да ги тргне од него(ова е верзијата на татко ми :) ) и татко ми на сред свирка и се приближил и и понудил вино :) А,верзијата на мајка ми е дека вистина она била во први борбени редови,али само поради тоа што барала некој,а не зјапала во татко ми...во секој случај,мене ми е баш филмска,рокерска,законска приказнава :D
     
    На spacegirl92, buba4e89, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  6. eli2622

    eli2622 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Како се запознале твоите родители

    хоохохо, мајка ми и татко ми се запознале на Шапка , мајка ми дошла од Русија на зимуање на Шапка, а татко ми работел меѓувреме на Шапка во некоја кафана ... иии некако после се запознале .. татко ми и пришол хухуух.. пошо татко ми е црн ка Италијанец се претставуал дека е од Италија и се викал Џовани :D :D ..се виделе неколку пати на Шапка и кога мајка ми заминала назад во Русија татко ми по некое време отишол по нејзе да ја земе .. хухуху .. ЉУБОВ :lol: ^^
     
  7. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    391
    Како се запознале твоите родители

    На плажа. Мајка ми на времето со тетка ми (сестрата на татко ми) биле другарки, па кога го видела мајка ми (притоа не знаејќи дека и е брат) и рекла на тетка ми: Леле колку е згоден типов! -И се засрамила кога дознала дека всушност седи со сестра му :D
    Тетка ми ги запознала, но татко ми имал девојка тогаш. По некое време биднала врска, па мајка ми затруднела, па свадба и главниот исход од ситуацијата, сум секако, јас :lol:
     
  8. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Како се запознале твоите родители

    На плоштадов наш драг и мил! :lol: Мајка ми со другарки се шетала нели тука некаде било корзото а татко ми исто со другари и застанале да се поздрават некои познаници и тука и мајка ми и татко ми се упознале! Од тој ден после станале неразделни ко шо вика мајка ми-кога ми се залепи не ме пушти! :D по 6 месеци ја кринисале плоштадската љубав со брак!
     
  9. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    169
    Како се запознале твоите родители

    Се знаеле од по градов и тато на мама и местел некој другар негов и заедно биле излезени.Ама мама ич не го бендисала другаров и така тате ја фатил :D
     
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    2.371
    Како се запознале твоите родители

    Моите се запознале на една пијанка во студенски дом. :D
    се собрале сите и машки и женски , мајка ми била посрамежлива и воопшто нее пиела, само гледала еден симпатичен тип со плави очи. Majка ми и кажувала на другарката дека сака да се запознае со плавоокот ама и билосрам да му речи. Другаркава покренала иницијатива и рекла ; ej девојкава сака да се запознае со тебе :D ..
    Се запознале втората вечер откако се собирале. Извесно време биле другари а потоа биле во врска.
    Другата година цимери си биле , нема лабаво :D
     
  11. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Како се запознале твоите родители

    Мајка ми излагала со чичко ми и биле најдобри другари ... На времето како вика мајка ми " југо кабрио никој немаше кога јас и чичко се возевме " ... Рок ен рол млади луѓе шема во градот :D Е татко ми како олд скул старец , мириснал тоа младото месо и му се закачил. И со многу напори , и белег на лицето од љубомора како што вика мајка ми , ги кршат сите стереотипи и предрасуди и се пар кој со 12 години разлика , се среќни во брак до ден денес :)
     
  12. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Колку што ме држи сеќавањето :$ се запознале во дискотека/кафуле (каде што работел татко ми во тоа време). Според мене тоа било љубов на прв поглед. :lol:
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Како се запознале твоите родители

    Не знам точно, ама отприлика мислам дека ги запознала некоја заедничка пријателка која раотела со мама, а била мажена за другар од тато... Така нешто беше, ама не сум сигурна, никогаш не сум ги прашала за детали,
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Моите се запознале пред училиштето каде што предавала мајка ми.

    Кратко интро....
    Имено мајка ми била наставничка и да не ја фалам дека ми е мајка ама стварно била многу убава. Долга коса до половина, долги нозе, крупни очи и гајтан веѓи, а плус и наставничка-нос у облаци кренат :lol:
    Фраерите што се собирале пред школо меѓу кои бил и татко ми (оние со долги коси, што пушеле цигари-нели модерно било да се пуши, со ѕвонарки фармерки и кои слушале Битлси, Стоунси итн.итн.) ја меркале и му рекле на татко ми дека никој не може да ја ќари учителката.
    И тука татко ми се клади со другар му дека тој ќе успее....и успеал :rofl: По само еден месец излегување мајка ми отишла бегалка за него. Уствари и` избегал автобусот и не можела да се врати дома, а другиот бил многу касно (добрите девојки не се прибирале од корзо после 21ч.) и татко ми и` рекол да остане кај нив и да ја жени.
    Најинтересно е што баба ми (на татко ми мајка) не дозволила да спијат во иста соба, срамота е :tmi: :rofl:
    И така се запознале и за кратко време се венчале моите. :)
     
    На ku4ence, LivingGlam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Хехе, интересна тема. Знам дека татко ми уште пред да се запознае официјално со мајка ми, ја шмекал долго време. :lol: Во зградата каде што живеела, татко ми имал братучед и по цел ден седел таму, од балкон и фрлал камчиња на мајка ми, ја задевал често. Ама она, фраерка, со дигната глава си поминувала покрај него. И по една година, некако и двајцата влегле во исто друштво, станале другарчиња.. после нешто повеќе од тоа и така. Сега се во брак веќе 18 години. :inlove:
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Мајка ми и татко ми се запознале на забава преку другарка на мајка ми оделе една година па стапиле во брак :) :) :)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Како се запознале твоите родители

    Преку заеднички колеги на работа, во земја каде што татко ми работел на времето. Мама секси асистентица, тато секси Југословен кој влага у шема. Оп се наоѓаат по ходници, се запознаваат, и татко ми покушава да ја импресионира мама у најскапиот и најстариот хотел у градот, односно у ресторанот (да не мислите одма - види ти момче Македонче што прави) :D и ја кани на фламбирани палачинки со коњак :emo:

    А мајка ми, не да не паднала на г’з ама ич. После ја однел веројатно на селска супа и на еден куп секојдневно несекојдневна романтика и го засакала. Гарант. Ко што ја знам каква е, дека не паѓа на тешки луксузи ниту WOW потези.

    И така си се засакале, си се земале, ме напраиле, и тато сите не донел дома. Ха! Ја шо си донесов од Странција - две девојчиња :D
     
    На blackwave и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Хах, тате си ја фатил мама на цака :D
    Таа 16 годишна, врцлеста, тој 25 годишен, висок, црномурест, а бе маникен :D , незаљубен во никоја посебно :tmi: Ја откачил 2 годишната „љубов“ кога го прашала дали мисли да се жени оти неа стројници од Скопје и праќаат, со зборовите „ ти како сакаш, мене некако не ми се жени“. Сурово бе, како не го утепала, си се омажила тетката :D
    Неколку недели после тоа, водејќи ја најубавата манифестација кај нас, сред бел ден, заглавил на една реченица кога мајка ми поминувала по улица, и откорнал за да ја запознае. Би што би, нашле заеднички пријатели, рандеву под лозница еднаш неделно, и намерно влечкање под рака сред пазар, таман за дедо ми да се „посрамоти“ пред народот. И дедо сам му ја дал |( Оти оваа лудава пиштела по дома оти момчево е преубаво, превисоко, препаметно, и таа е презаљубена во него, и не може без него, сите ја мислеле на школо ама таа под лозница со стражари :!:
    И така со свадба од 500 гости на времето, пред 25 години без месец дена си се зеле, и цел живот живеат само од љубов, не им треба ништо друго, изгубени душички :inlove: :D Да видите како и денес си се гледаат бе, се прашувам дали мене мажот така ќе ме пули :^) :D
     
    На Tatjana95 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    86
    Како се запознале твоите родители

    Па, сигурно не на фејсбук...и затоа и ден денеска си се сложуваат и сакаат како првиот ден. Да ти е мерак да ги гледаш.
    Инаку, да не давам многу, си се запознале на корзо. Шетале една улица нагоре, надоле, и кога ќе се сретнеле си се шмекнувале. И ондак, тато одма во потера, си нашол врски да се запознаат, си оделе неколку години, и на крај крунисале со брак.
    Happy end
     
  20. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Како се запознале твоите родители

    Мојте се запознале додека студирале. :)