Како се запознале твоите родители Комедии... Мајка ми на времето била од чорбаџиска фамилија од Прилеп и доаѓале стројници кај дедо ми да ја бараат, арно ама дедо ми не ја давал, и штом дојде некој досаден „вана би“ зет, дедо ми фрц мама во Скопје кај сестрата на дедо (на мама, тетка и). Така и било, завршиле со берење на тутунот и некој типац дошол со стројниците кај дедо, а тој несакал ни да чуе, најстара-најмила му била, а и мајка ми млада 18 години имала. И овој почнал секој 2-3 дена да доаѓа, и дедо ми ја пратил мајка ми за Скопје. Таа бидејки доаѓала често во Скопје на поседок, ги знаела комшиите, и била во комшии на кафе, кога се вратил синот на комшиите со другари од работа, меѓу кои и татко ми. Кога го видела мама моја, коса искубала, висок, згоден, со зелени очи. А татко ми фраериште сите се запознале со мајка ми, само тој си свртел глава. И биднало што биднало, таа го шмекнала тој неа не, ама мајка ми се заљубила, и секое доаѓање на гости гувеела на прозор и чекала татко ми на гости да дојде. Официјално се запознале дури после неколку месеци, ама пак баба ми/на мама тетка и, смешала прсти, таа ги наместила. Се запознале што се запознале, па татко ми ја поканил да танцуваат, мајка ми стално вели „Јас дете селанче, нозете ми се пресекоа, кај сум играла танго, не оти играв само се клатев“. И толку мајка ми се заљубила, штом дедо ми спомнел мажење таа само за татко ми зборела, а тој нејќел да ја мажи барем не уште 2-3 години.. Но мајка ми демек дошла на гости кај тетка и, таа се договорила татко ми да ја чека на станица, тој пошол ја зел и наместо кај тетка и си ја однел дома. И таму му останала, не му ја вратил на дедо ми .
Како се запознале твоите родители Тетка му на татко ми ги запознала тато и мама и потоа отишле во кафиќ и почнала врска меѓу мама и тато
Како се запознале твоите родители Работеле во иста фирма! ..ама на различен спрат.и некако на шефот му текнало ај да го премести татко ми на горниот спрат!! и воала...љубов на прв поглед(не баш на прв..ама може да се каже)
Како се запознале твоите родители Татко ми се дружел со вујко ми, заедно бркале женски Една вечер вујко ми никако не можел да се откачи од неговата помала сестра (мајка ми) која упорно инсистирала да излезе со него. И така това. Знам дека врската ја започнале на концерт на Лепа Брена . Еве на песнава се бакнале прв пат http://www.youtube.com/watch?v=iP6oOShlM_8 и татко ми секогаш ми ја пее, само наместо Чачак, го кажува моето име, некоја нагалена верзија.
На Корзо. Мајка ми економиста со крупни локни, висока згодна облечена по најпоследна мода, од богата фамилија. Татко ми висок со коса до рамена ѕвонарки-фармерки и бела кошула внатре пикната, слуша Битлси, Стоунси... Само што се вратил од Германија, абе највечи фраер у маало. И фрлил око на мајка ми и пријдол ама таа сама со него во никој случај не останувала. Тогаш било срамота да зборува девојка на само со машко а тек пак ако се фатат за рака, морало да ја земе и за жена. И така фраеров ја прелажал мајка ми дека е една година постар од неа, а всушност бил една година помлад. И мајка ми после долго убедување попуштила и тргнала со него. Оделе околу година ипол и се венчале. По уште година ипол се родила сестра ми, па другата сестра па јас. Потоа на исто место почнале да работат. Мајка ми благајник, татко ми шофер на директорот и ондак то. Пред 2 месеци прославија 35 години брак и заедно поминале многу неубави и убави работи. Кога го пишувам ова и кога читав како вашите родители се запознале, мака ми е кога ке помислам дека јас со мојов се запознав на интернет. Кил ми ајм олдфешн грл. Инаку нели е чудно, имале нашите родители врска од година две и одма брак и сеуште се заедно. А во помодерново време кога ке се фатат по 8-9 години во врска па потоа брак, и после 2 години развод. цц цц
Се запознале во ресторан,биле друштво на вечера,татко ми другар на дечкото на другарката на мајка ми и мајка ми му сместила лути пипреки(а он сирот од луто бегаше) и така се смееле вечерта,потоа не знам како се одлучиле на врска,ама знам дека иделе едно време па раскинале,па 3 години ништо од нив и после 3 години се сретнале,се смириле и се земале.Абе шпанска серија
Преку заеднички пријатели се запознале. Мајками дури завршила со учење медицина, сите се испомажилe, таа некела дечко ја деконцентрирал, па после тоа станала available на single пазарот, иако таткоми и пред тоа око и фрлил По 6 месеци некаде од врската требало да одат на одмор, и мајками лисица му рекла не знам јас да си го прашаш таткоми ако ме пушти ок И таткоми кутриот кошулче, пантоломчиња, здрвен, испотен, вцрвен, усрамен, пошол на гости да праша дали ке ја пуштат на одмор, се скапал туткање, тоа кошулата џимиринка ја направил, дури и му рекол на дедоми дека после тоа планираат да се земат, дека не е само за на одмор, и дедоми му рекол голема е 26 години ке полни, ако сака таа нека иди, неа прашај си ја А мајками дремела и се смеела, овој вриел. Ех... дали некој за нас ке дојди да праша дали можи на одмор
Ги обожавам овие приказни за како се запознавале на времето нашите родители Моите се запознале на тренинг, во кошаркарска сала Maјка ми тренирала во Вигор и чичко ми и бил тренер. А татко ми одел со чичко ми неколку пати на тренинзи за да гледа девојчиња нормално И вајда ја бендисал мајка ми и чекал момент за да оди во акција. И еден убав ден мајка ми почнала да тренира и чичко ми и викнал да ги симне прстените и алките зашто ќе и пречат во тренирањето може и повреда од нив да си направи и татко ми кавалер тука, скокање и рекол јас ќе ти ги чувам да не ги изгубиш. И ете на ти го дај ми го се здружиле, излевање ова она и оп биднала работата.
Преку пријатели нели ... како и што било често во тоа време. не ми кажувале многу, некако ми се по затворени за овој муабет Инаку двајцата си биле веќе обезбедени, да не фалам ама ко маникени , татко ми е ден денес таков ... И само знам дека после 2-3,4 излегувања татко ми ја прашал мајка ми Јас мислам да (ова значи дека имал намера да ја земе), ти што мислиш? И она си рекла Паа да ... И така после неколку средби си се зеле. Во брак се веќе 43 год. кој функционира нај нормално. Нека им се множат!
Младиќиве мои се запознале на пазар. Се закарале за чушките, мој се, не - туѓи се, ќе видиш ти, не - ти ќе видиш, ќе ти кажам убаво, што ќе ми кажеш? , ќе ти го загорчам животот, не - јас ќе ти го загорчам... ... и си останале верни на заканите. Еве скоро полни 30 години континуирано си го загорчуваат животот.
ОВА Е СМеШНО АМА ИНТЕРЕСНО ! АМ МОИТЕ ВО ВОЗ СЕ ЗАПОЗНАЛЕ ЛЕЛЕ КАТАСТРОФА И ТО ОДЕЛЕ НА ПЕЧалба во Германија и таму се зеле !
Овие моиве, во студентски во Штип, каде што и двајцата биле на факултет. Како, дали било љубов на прв поглед или дрн, дрн, не знам детално, битно тоа било местото
татко ми бил на служба во србија, во градот кај што бил, во кафиќ се имале сретнато, година и пол иделе и се земале (јас дум ги преварила )
Иста генерација се во школо, биле први комшии, значи во маалско друштво, а после кога почнале средно, оделе заедно на школо секој ден (учеле нели во гимназија, во Охрид). Од прва година средно се заедно, се земале на 28-29 години. Го чекала мајка ми татко ми, и си го дочекала... а јас не можам да замислам така некого да чекам, да оди на студии, доусовршувања, војска, ти реков, ми рече... оваа година прославија 37 години во брак, а инаку заедно се вкупно 51 година... машала!
Излегле друштво да се шетаат(незнам изгледа намерно то друштво )за една другарка на мајка ми да ги запознае
Мама била малолетничка и пасела овци таму во Србија на планина кај што израснале на 1400 м н.в. Тато пасел крави али он бил зрел мужјак оти од мама е постар 9 години. Првата љубов ја доживале на ливада покрај стадо овци и крави, знам дека мама се криела од баба и дедо, оти сакале да ја кандисат за мужјак кој не пасе крави оти ипак била малку поинтелекталано изградена од тато хахах. Ама пуста Љубов, се криеле по штали, по ридој, долини, тато кога бил у војска си го доживеале моментот пишување писма и исчекувања, како и моментот у сено. Знам дека тато бил јак фраер и ѕвонарки дуга коса, брк, тесна кошула хипстер, и многу му се вртеле жените од село, мама мака си имала да го одбрани, ама ете веќе 30 години во брак. Ух да и мама има белег поради забаранетата Љубов. Баба ја удрила со тврд предмет по глава и сега има белег на чело, ама шта чеш, Љубав је јачија..
Хехехе средношколка љубов... иста генерација, Корчагин, различни класови ... а ја започнале врската на екскурзија во 4та година - класика