Мама 4та средно, на пракса, а тато веќе неколку години ваботен таму. Се запознале и почнале искрички да летаат (мама црна, тнка, тато висок, смеѓ, плави очи ). Ова си траело некое време, мама изгорена за него ама не признава. Тој леткал околу неа како пеперутче (така вика она). Еден ден земала да му гледа на кафе, а си нема врска од тоа (љубов шта чеш) и му рекла дека гледа коњ. ТОА СИ ТИ. Татко ми и ден денес ја заебава. Во тоа време фраер си бил ако имаш томос APN. Ја враќал тато од работа, на некое уље се излизгале, се испоуптепале. Па он ја однел кај него дома, да не се исплаши мајка и. И така почнало. Пооделе 3 години и ајт во тавче рипнале
многу ми се смешни кога ги слушам како зборат на таа тема,си се присеќаат срцки тие се запознале во дискотека,мајка ми била со другарка а татко ми со дечкото на другаркава на мајка ми,и татко ми кога ја видел мајка ми во црвено фустанче одма му се засвиѓала.мајка ми не го свиѓала,пошто немал стил како што она сакала и ја бркал татко ми неколку месеци,ама кога го суредила мајка ми по нејзин стил,е тогаш започнале врска,и после 2/3год.сестра ми дошла на свет и така се земале.
Мама и тато ги запознала тетка Мими, школска другарка на сестрата на мајка ми , а живеела во исто место со татко ми
Мојве се запознале в кафич. Мајка ми била излезена со некоја другарка сами двете, а татко ми работел шанкер во кафичов. И ја бендисал и и праќал пијачки ама не кажувал од кого се. И на крај мајка ми ја сетила работава и му отишла на шанк се запознале. И така по 1 година си се зеле и по една година сум се родила ЈАС !!!
Мајка ми и татко ми се запознале преку другарка на мајка ми кога идела со другар на татко ми. И искочиле на double date, па татко ми се затрескал по мајка ми, па излегувале и луѓево по 8 месеци решиле да се земат еј а на мене ми мрчат кога на шала ќе им речам дека ќе се мажам со дечко ми со кој идам скоро 4 години.
Мама била једна од најјаче рибе у граду, а татко ми лешпер невиден. Си пуштиле окце во чаршија, како и повеќето млади парови на времето. Пошто мајчево имало краток фитил за сељачки пуштања, татенце постојано по други кажувал колку ја свиѓа, но никако не можел да и` пријде бидејќи му било страв да не го избрука сред чаршија, па да му залепи шамар или да го отера у лепе материне. А типчево ја следело насекаде низ чаршија, нешто ко stalker, и дремело често кај мама под зграда. Бидејќи и мама го свиѓала, а видела со каков нрд си има работа, решила да го позафркава и секогаш кога ќе го видела пред зграда, излегувала и му мавтала со бело марамче ко во 19ти век, а мутавиов кога ќе видел, се криел зад дрво мислејќи дека нема да го види, а всушност заборавил дека таа го гледа од птичја перспектива од 8ми спрат. Минале 3-4 месеци и овој уште немал храброст да пријде, затоа мама преземала работа во свои раце и еден ден закачила ливче со телефонски број на штипка и му ја фрлила пред нозе дури се криел под дрвото. Му требале неколку дена да се јави и кога се јавил, кажувал збор ипол на саат. Мајчево да скрати тупење, му рекло да ја чека во 8 пред трафиката пред зграда, а типов од узбуџење отишол 40тина минути порано и од страв не погледнувал кон терасата. По саат-два мамин монолог, се опуштил малку и конечно кажал дека ја свиѓа. Останатото си е историја...
Знам дека биле на ист факултет, и дека и двајцата биле сместено во студентскиот Стив, за детали секогаш ми било смотано да прашувам.
Сум ја прашала неколку пати, како помала, мајка ми. И само ми кажа дека биле од сегашнава, иста населба. Така да сигурно било нешто како.. Здраво, здраво. Да се упознамо. Ја од овамо, ти од онамо. А колку иделе, е ни тоа незнам. Само знам, дека до пред некое време, мајка ми ги чуваше листовите, што играле брич. Лелее, тоа тевтериште огромно, на еден лист, 50 партии. Како не им се смачило, јас незнам. Ама повеќето време, мајка ми го кантала татко ми.
Татко ми бил студент на правен, прва година, живеел со цимери во Скопје под кирија,а мајка ми втора година средно во Корчагин(родена скопјанка). Ке си помислиш mission impossible ситуација, али не било така. Еден ден татко ми на студентски прашања ја наоѓа изгубената лична карта на некоја негова колешка, од истиот град од кај што е и татко ми и со другарите одат да и ја носат. Али таа негова колешка да ти живеела под кирија кај мајка ми. И сега овие идат на гости и таа колешката се качува кај мајка ми и ја вика да се симне да запознае некој си јаки фраери од нејзиниот град . Смешки. Мајка ми вика ја се спремам, се дотерувам, мислиш принцот дошол, али вика кога се симанв има што да видам. На прв поглед не и се допаднал татко ми( а татко ми вика дека лаже и дека го бркала од старт), али не е битно .... Е така се упознале и после знам само дека татко ми киснел пред Корчагин и во 45 ка И мајка ми често одела во градот на татко ми, зошто и нејзините(баба ми и дедо ми) се по потелко од тој град ама одамна преселени во Скопје, па имала каде да преноќува. Некоја Нова година што ја чекале во некоја кафана во градот на татко ми ги избрале за најубав пар, а мајка ми и за убавица на вечерта. И ми вика, еј незнаеш како сум се прчела кога идев кај татко ти Во врска биле со години Татко ми си го развлекувал факултетот само за да има причина да остане во Скопје. И на крај веќе демек не му се исплаќало да плаќа кирија и мајка ми го поканила да живее кај неа. Ама дедо ми несакал да чуе за живеачка заедно без веридба, па се вериле, а по една година правеле и свадба и така.
Татко ми бил како еден кул гај! а мајка ми по него... се возеле заедно во автобус и од тогаш се запознале...па ајде за 2-3 години свадбаа!!
Отсекогаш ми било глупаво и непријатно да ги прашувам за детали, но знам дека се запознале на факултет, т.е. некој заеднички другар ги запознал, а после тоа почнале за излегуваат тој другарот и девојка му, и моите... Ништо посебно, ама брзо биднала работата, неколку години биле во врска и после тоа свадба.
биле колеги на работа, и воедно сеуште се најпрво се дружеле извесен период па по кратка врска се венчале, и им се чудам како може да поминуваат толку време заедно и на работа и дома, па уште и на прошетки идат заедно, се заедно хаха не си здосадуваат воопшто, па често ги зезам дека се како врзани со папочна врвца еден за друг многу ми се смешни некад, како некои тинејџери се однесуваат, ама битно си се сакаат што е и право чудо во ова наше лудо денешно време.
Моите во средно се запознале, на 17 години. Незнам за детали ама знам дека мајка ми со цел клас на татко ми се дружела ( и уште се другарки - ете какво било другарството порано, а не сега за две години и толку -.- ) и така и они почнале да одат. Само многу долго оделе пред брак, накај 13 години
Мајка ми работела во оранжерија во Грција, берела портокали..а татко ми журкаџиски човек..и тој бил отиден во Грција на провод со друштво без на никој дома да каже ..и таму се сретнале..не ја знам баш детално целата приказна али...
епа вака маме била лична и висока со црна виткана долга коса а тате црн ситен (ама ипак висок) од на село дете по цели деној на сонце и правеле пракса во хотел во струга. Другарката на маме трчала по тате а тате трчал по маме а маме не сакала да има дечко(плукната сум на маме) . И се обидувал тате да организира нешо на само со маме ама не му успевало.Но по долга упорност попуштила маме али само да се повозат со голфот .И се возеле така долго и морал тате да си го нахрани голфот и застанале на бензиска .Мамица го искористила времето да ја најде личната карта на тате за да се увери дека не е турчин или шиптар затоа што бил црн а се претставувал со патриотско име и од кога се уверила почнале да се гледаат се почесто да се запознаваат но се скришно сатоа што вујкоми е карпа човек (2 метра висок и многу широк развиен) ако ги сретнел ....(you can imagine) После запознавање сакал тате да си ја држи маме за рака али маме вика зошто да шетав маркирана (дедо ми се знаел со сите па така и мајка ми).На таквите врски не му се знаело ништо сад је имаш сад је немаш .Но кога се заљубила и мајками и попуштила пак (се било многу озбилно) . После 1-2 години тате заминал во друга држава си ја зел и маме и таму настанал брат ми (од љубов де ) и си се вратиле лете си праеле свадба и сите од фамилијата кај тате ја бендисале маме многуу и ... па после дојдов јас на ред ии The End
Моите родители се запознале во диско преку заеднички пријател. Се запознале сосема случајно, и се бендисале биле во врска окулу една година па се зеле.