Е моите можеби нема да верувате уште кога мајками била 5то таткоми 6то одделиние. На почетокот исто друштво. Со текот на времето таткоми се повеќе се вљубувал во неа многу а мајками била малку посмирена.По долго време односно 1ва година била мајками таткоми 2ра за прв пат се фатила итоа на 7ми Јануари ( вчерашен ден) Божик.Имаа долга врска од 5 и пол години и на 20 и 21 год се зедоја. Се роди сестрами..... Вчера направија 28 години како се знаат а 23 како се заедно
Мама отишла на разговор за работа кај тато и само што ја видел рекол- Јас оваа девојка ќе ја земам.И така и било,што намислил тоа остварил.После два месеци се земале...
Учеле во иста гимназија, во соседни класови. Инаку, татко ми се дружел со вујко ми, па тој ги наместил, неколку години откако завршиле средно. После неколкугодишна врска рипнале во тавче. Далеку од романтично, а како мала секогаш си го замислував целото тоа одвивање на настаните како да е најромантичното нешто на свет.
Приказната за моите родители е многу интересна. Тие се познавале уште од 7 години. Тагаш баба ми и дедо ми (родителите на мојата мајка) работеле таму и тие така се запознале. Биле добри другари околу 8 месеци. Подоцна мајка ми и нејзините родители се преселиле во Струмица, и мајка ми и татко ми воопшто повеќе не се сретнуваат. На 17 години таа повторно се враќа во истото место бидејќи таму имала тетка и се запознава повторно со татко ми кој тогаш работел како келнер. Тие само се просетувале на добрите денови кога си играле во песокта. Се заљубиле и по 6 месеци вреска се земале. Тиее уште малку ќе полнат 26 години брак.
Па на мајка ми најдобрата другарка била во врска со на тато најдобриот другар. И така се развила љубовната идила . И мама и тато се зедоа а нивните другар и другарка не Судбина
Татко ми работел со баба ми и мајка ми често пати одела таму од школо за да си одат заедно.И еднаш некој човек што работи таму рекол: ,,Е Д ствари кафе на момата,може еден ден жена ќе ти биде." И така биднало работа.Инаку мајка ми ми има кажувано оти го мачела човекот(во смисла да не ја лаже и да биде сигурна оти ја сака).Итрица
Немојте со ова погрешно да ме сфатите дека се фалам или така,затоа што навистина не ми е целта да се пофалам. Татко ми бил(и е сеуште) пејач,познат по градот и подалеку,а мајка ми ќерка на поранешен официр во Србија.Татко ми држел кафич во центар,а мајка ми работела таму.Се знаеле подолго време и мојот полу-брат многу ја сакал мајка ми како личност,му била многу драга и постојано одел во кафичот да се играат,па така и татко ми почнал да забележува дека е прекрасна личност.Татко ми бил разведен,а мајка ми слободна девојка,убава,згодна,сон на секој маж(не дека ми е мајка,ама навистина била пуцка што би кажале денес).И така со години било само „пријателство“ кое потоа прераснало во љубов,па се крунисало со брак.Тие и ден денес се прекрасни и среќни заедно,секогаш кога ке ги видам си велам и јас сакам да имам таков среќен брак.Уште малку ке бидне 16 годишнината од бракот
^^ А ти си имала 6 години кога стапиле во брак, или имаш 16 години ? Моите се запознале преку заедничка другарка на мајка ми и татко ми. Се виделе па си се допаднале еден на друг
Хмм... Епа вака, мајками 5-6 години одела со еден наш ракометар (нема да именувам) многу се сакале, но од љубомора се скарале, тој многу богат,денес доктор, мајка и татко богати, и многу чупиња се врткале околу него.. исто и тој мајка ми не ја оставал да прави одредени работи(во граници на нормалата) но за мајка ми тоа не било нормално, сакала да излегува да се дружи, него како што кажав му се лепеле женски и така еден ден на мајка ми и пукна филмот.. и се скарале. Послем неколку месеци тој и се јавил на мајка ми и и кажал дека ке се женел, жена му го носела истото име на мајка ми. И таа од инает преку нејзин пријател го пронашла тато ни пет ни шест, за неполна година стапија во брак. Татко ми многу ја засака... и оп ете ме мене Можеби ке звучи не реално,али за некои од вас повекето работи ви се нереални така да нема да објаснувам...
Моите се запознале на свадба на заеднички другар. Претходно не се познавале, иако завршиле средно во исто школо, а разлика се само 1 година. По некое време почнале да излегуваат, се вериле, и завршиле со брак пред 23 години.
Па додека мама ги носела книгите и листовите накај школо, тато со брзината на светлината се прчел со новата кола и улетал во дворот. Потоа несакајќи умислен во фраештината, се бапнал во неа и и ги бутнал сите листови. Потоа се наведнал да и ги собере, и во тој момент се ѕвекнале со главите, и покрај тие болни ѕвездички околу нивните глави, нивните погледи се допреле и мајка ми ја доживела својата прва љубов, а татко ми, последната. Лажам бре. Здраво јас сум Трајко, добра си мори? Здраво ја сум Трајанка. Добра бе, ти?
xoxo.Martina сега ке полнам 17,сум имала 1 година кога се земале.Баба ми и дедо ми биле во Србија а мајка ми сакала да бидат присутни во сите работи(матичен,свадба ова она) и затоа почекале тие да се вратат, поради некои причини неможеле веднаш да дојдат
Се изначитав забавни приказни, како љубовни комедии да сум гледала Приказната како моите се запознале не е толку занимљива - ги запознал заеднички другар. Поинтересно е како се ќариле... Бидејќи тато бил фино момче (ја шетал - не ја пипал ) мама ја начнала работата, она прва го пољубила и еве сега 25 годишнина ќе прават на лето
Мајка ми и тетка ми (сестрата на мајка ми) биле за Нова Година заедно. И таму се запознала мајка ми со татко ми. Не сум ги прашувала многу.. Ама знаам излегувале неколку пати, па започнале врска која траела 2 месеци И на 24 Декември се земале
Хахахах..не е интересно кај моите како се запознале туку ова. Татко ми со неговите отишле кај мајка ми на гости за да ја побарат и станало збор за свршувачка(армас) и рекле ајде нека отидат младите во другата соба нека се договорат и тие отишле и сеа седеле можеби пола саат и татко ми стално други глупости зборел освен за тоа што требало. И на мајка ми и е било срам затоа што толку многу се задржале, што ќе си помислат старите и рекла: Ајде кога ќе се земеме? И до ден денес и се смееме затоа што таа го запросила него, а не тој неа..
на некој си собир кај роднини колку што памтам.. само незнам кај се нашле оти и двата се од различни града. Толку знам а и никогаш не се зборувало многу за тоа..
Само знам дека се запознале на село, бидејки мајка ми е од село а татко ми од град. И татко ми ми велеше дека мајка ми му се бутала постојано... Сигурно се заебава... И на друго ни тие не се сеќаваат.
Моите се од различни градови. Татко ми се вработил во градот на мајка ми. Ја видел, му се допаднала и многу и досадувал. И праќал поздрави по кого ќе стигнел. Постојано ја чекал пред школо... Ептен досаден бил Мајка ми не можела да го смисли. Ич не сакала. Но од судбината не се бега Еве ги сега 24 год. во убав и среќен брак.
Моите имаат интересна приказна... Мајка ми е од Неготино, а татко ми од Кавадарци, градови оддалечени околу 12 км, а тие се запознале дури во Белград. Се случило во студентските денови. Татко ми и еден негов другар се знаеле со цимерката на мајка ми и им влетале в соба... Потоа биле другари, па биле во врска 5 години и на крај... свадба (најинтересен ми е моментот кога татко ми ја запросил мајка ми. Сите се шегувале со мајка ми дека е по наше речено "стара мома", и таа многу се нервирала. И така си стоеле тие до колата во на мајка ми уличката и татко ми на шега ѝ рекол дека му здосадило веќе постојано да шета од еден до друг град... И на крај ѝ рекол: "Абе дај да си се земеме, Македонија нема време за чекање") Сега сме едно прекрасно големо семејство, со 4 деца и двајца родители. Сеуште мајка ми ми ја раскажува нивната љубовна приказна која за чудо - никогаш не ми е здодевна...