Мајками прво идела со чичкоми, па потоа сватила дека таткоми повеке и се свига и се фатила со него. Интересно е што еден период од околу 3 месеци идела и со двајцата неможејки да се одлучи со кого да биде. И ден денес понекогаш со чичкоми се шалат на таа тема. П.С Се надевам дека тоа мегу нив заврсило тогаш, се надевам дека не се муваат и ден денес
Мајка ми и татко ми се запознале на една Новогоднишна забава. Т.е не знам како татко ми правел забава дома, мама и другарка и' ги донел на забавата некој си другар на тато. Прво на мама и се додворувал чичко ми/братучед на тато.Но мама упорно го одбивала.Завршила Новогодишната забава,а тато утрето ја повикал мама да излезат.И што знам така биднало.Сега се 18 години во брак.
Одсекогаш ми биле интересни овие случки, шо слатко си ги исчитав 9те страници со насмевка од 6ка до 6ка Се запознале на свадба, на мајка ми прва братучеда а татко ми бил старосват, мајка ми била од друг град. Инаку татко ми дома кажал дека нема да се жени (бил непоправлив швалер и живеел сам во кука) и имал 29 години а мајка ми 19. Уште на свадбата кога ја видел почнал да "трча" по неа и и рекол цитирам: 'Јас тебе ке те земам за жена' а мајка ми му се смеела битно ја предупредиле сите што го знаеле дека ако намисли нешто ке направи и да не се смее . Мајка ми останала во истиот град уште 2 дена но тој се разболел и не успеале да се видат, али по сите порачувал да и кажат дека и фрлил мерак мајка ми си отишла а тој почнал да и пишува писма. По еден месец со младоженците татко ми отишол кај мајка ми да ја бара за жена... тоа им било второто видување. Мајка ми прифатила (не знам со кој памет ) но не се вратила назад со него. Така татко ми ја спремал свадбата и на третото видување правеле свадба. Сега не можат да се договорат кој кого излажал, но еве во лагата живеат веке 28 години. Мора да е бела лага
Татко ми бил инструктор во автошкола тоа време и братучетка и на мајка ми полагала. Таа некако ги споила, но на почеток многу го преплашила татко ми дека кај мајка ми нема НИКАКВА ШАНСА! А што ми е најмило татко ми и е прв дечко на мајка ми секако и последен. Аххх, да си имам таков сопруг или личност во која 1000000% ќе бидам сигурна дека ме сака и секогаш ќе биде покрај менем Зарем барам многу?
Мајка ми работела во слаткарница. Татко ми кога ја видел , доагал таму секој ден за да има прилика да разговара со неа.
Баш пред некој ден ја прашав, убаво ми објасна ама и ја расплакав.. ајде нема гајле, ја потсетив За 4,5 дена било Нова Година. Мајка ми со сестра и одат кон чаршија нешто, се се шетаат. Во меѓувреме, татко ми со братучедка му.. (Татко ми со сестра и од мама си се знаеле) Се среќаваат, се запознаваат. И сега секако следуваат и прашања каде за Нова.. И Татко ми ја засвиѓал мајка ми, и рекол.. ај со нас демек.. Сестра и на мајка ми, прифатила, а мајка ми не (Требала да биде дома со некоја братучедка, таа била тазе мажена па дошла кај нив) И татко ми ја молел на мајка ми, ја молел, ја молел.. И не мајка ми таков инет И доаѓа дента на новата година, тетка и спремна за да оди, и татко ми иде сега со кола до пред куќа.. И излегува тетка ми, и го прашува.. А што стоиш сега ти тука? Ама овој ја чекал на мајка ми.. И мајка ми, не бре неможам, ни спремна ни ништо.. Арно ама татко ми не тргнувал без неа.. И братучедката на мајка ми, и кажала.. Демек будалче, не се глупирај, нас можеш да не видиш многу пати, а сега имаш можност со овој оди.. Така отишла, вториот ден на Нова, мислам дека и се десила таа врска.. Па стигнале дури и до брак
Татко ми и мајка ми се запознале на мн. чуден начин.. Мајка ми е од Кочани а татко ми од Скопје..и татко ми отишол во Кочани кај еден другар да го види и на тој другар му жената имала една другарка(мајка ми) и таа му рекла на татко ми дали сака да ги запознае и ајде татко ми се согласил.. И мајка ми дошла кај другарката се виделе ова она и ајде следниот ден да се запознае татко ми со родителите на мајка ми и татко ми отишол со дедо ми и сестра му и татко ми и рекол на мајка ми ,, сакаш да ми бидеш жена'' и мајка ми рекла ,, незнам '' и татко ми рекол ,, ако сакаш да ми бидеш жена кажи одма ајде ќе се земеме'' и мајка ми се согласила xD И ајде тој ден ја зима татко ми мајка ми ја носи за Скопје, дома у станот прослава мајка ми цела уплашена никој не познава пиење ова она и лудница.. И така во рок од 2 часа, само што се запознале ја земал татко ми мајка ми за жена И еве сеа се скоро 16 години во брак
На факултет , татко ми бил апсолвент нели фраер а мајка ми помала , ја шмекал низ ходниците на факултетот ама мајка ми не го фермала , арно ама го видела на собиранка како свири гитара и пее ,и мава со долгата коса и толку било
Мајка ми била излезена со другарки во некој кафич, а и татко ми бил излезен со другари во истиот кафич.Татко ми ја видел мајка ми и почнал да се распрашува за неа.Со денови ја молел да излезат,а мајка ми не сакала затоа што била заљубена во некој друг,и на крај попуштила.. и така
мајка ми дошла од далеку не баш многу далеку и дошла кај снаа од брат и и спиела за неколку дена и таа со друштвото отишла негде и пошла во чаршија и таму се запознале и моментот беше најјакото дека татко ми рече имал 2-3 години постар од неа и кога се омажела и мама дознала нешто на пасош не знам на што и постар бил од 5 години (не знам точно) и ја измамила.. xaxaxaxax
Моите се запознале во пицерија Татко ми работел како келнер а подоцна Мајка ми се вработила таму во кујната..
Мајка ми имала 28 години , ама нејкела да помисли на брак ,добра работа ,голема плата , што сакала си купувала , кај сакала си одела , за обврски нејкела да помисли арно ама сите од страна у тоа време и викале стара мома е веке и се и местеле некој ,па некоја колешка запнала да дојде некој нејзин пријател да се запознае и така тато (33год) дошол на работа и јас сум тој и тој таа ме прати да не заобиколуваме ти слободна си вечер ( а од различни градови биле таа стара скопјанка нејкела одма да се полета тој не бил од Скопје )и мајка ми не и оставил некој впечаток од прва а и нешто као у стил нејкела од одма и рекла не сум и он и оставил број од кај братучед му кај што седи у ск и рекол да се јави и оваа како па да не јас ке му се јавувам , ама исто и рекол дека ке намине друг ден и госпогицава секој ден дотерување , шминкање ова она , ама татко ми тогаш отишол негде на службено патување 10тина дена и го немало и мајка ми си рекла се откажал овој и еден дождлив ден немала време за дотерување натнала некоја долга сукња без врска дека нагло заладило и у последен момент се пресоблекла па уште дожд ја накиснал кога таква никаква ја чека фраеров пред работа ,оваа врие си рекла кај баш денес и рекол као да не се јави кај братучед ми , не бев тука ау , мајка ми не не сум се (си мислела какво јавување јас ) и и рекол ајде остави ми број да се договориме , и се јавил после работа излегле и ја фатил на шарм и со смислата за хумор Иделе 2 години и двајцата се плашеле од брак и врзување ама на мајка ми и чукал биолошкиот часовник и на 30 год му рекла мислиш ли ти да се зимаме? Татко ми испоплашен као што ти фали вака будалче и она опасница му рекла имаш рок 30 дена да се одлучиш ако не секој на своја страна ама овој за сериозно не ја сфатил а она лисица начула дека на некој со години што му се допаѓа дека рекол ако е раскине јас одма ја зимам ,криво ми е што никогаш не собрав храброст да и пријдам ова она и така... прошле 30 дена мајка ми решена моментално да го остава ако не ја земе и човеков немал каде и биднало , сега ке прават 22 години уште малку
Татко ми мој, најголем фраер во градот.. со дружината негова биле шема ау кој ни можи нас нешто Ги свртел сите чупиња во градот и на крајот не останала ни една салам за да ја ожени, од што бил разгален не сакам ваква не сакам таква.. И на крај некој другар негов го запознал со мајка ми која инаку е по потекло од Прилеп од видна фалимилија, чорбаџиска. И така по неколку видувања на крајот си се решиле да си се земат. И така баба ми и дедо ми ќефови што синчето конечно си најде невеста направиле свадба со 1000 души... И денес кога ќе прават муабет се смеат дека сликарот не можел да ги слика сите гости и морал да се оддалечи 5 метри за да ги фати сите
татко ми и дедо ми (од мајка ми) заботеле заедно и мајка ми со баба ми и дедо ми имале сообраќајка и татко ми дошол на посета и се запознале
Мама медицинска сестра во Љубљана во главната болница (кај шо умрел Тито), убава, висока со долга коса. Тато рокериште без скршен денар, висок, згоден, отишол у Љубљана по работа. Во средината на 90-тите било тоа. И мама сама стоала во некое диско, и тато ја здогледал и и` се приближил. Тато појма немал Словенки, па ајде на Англиски ќе и прави муабет, а колку што го знам како збори Англиски, јасно ми е мама зашо ги шутнала. И си направиле 2-3 реда муабет на Англиски и чао пријатно. После некоја недела мама била поканета на некоја забава, и оп еве го англичанецот. И таму дознале дека всушност ни мама не е од Словенија, ни тато од Англија, дека се Македончиња и двајцата. И така се здружиле, па врска, па ова она, и тато ја донел мама назад во Македонија, да го види источниот дел, и си останала тука
Интересно е тоа што татко ми и мајка ми учеле во исто основно училиште,но не живееле во иста околина.Една година разлика.И одтогаш си имале симпатии.По завршување на основното образование,секој на своја страна.По игра на судбината,татко ми повторно се сретнал со мајка ми и таа на 21 година со сватови со се`,како иде процедурата си дошла кај татко ми.Правеле свадба и по три година на свет сум дошла јас.Најпрво,најмило внуче. Во брак се 21 година.Нека им се множат!