На таткоми многу му збореле дека неговиот другар имал убава сестра и така таткоми идел кај другаров демек другари и ја гледал мајками и се запознале
Местото од кај шо е мајка ми татко ми имал некој роднина ама подалечен и повеќе како пријатели биле и одел често таму и некој човек незнам кој ги запознал.
на одмор во Охрид, ова она и мајка ми останала бремена се земале ама за жал после 14 години брак се разведоа, ама ете тоа е животот
на фејсбук! го поукнала мајка ми и овој ја адднал, и после тоа знаете како иде... лајкови, па коментари од типот “топ си, кисче, мвахче“, па после тоа и на чат си пишуеле за на крај да се договорат, да се сретнат и оп љубов да се деси
На стоматологија ,каде работи мајка ми ..Доаѓал на забар ..на мајка ми многу и се допаднал .. па гледала да не има веренички прстен (среќа немал) ..и преку некој ххх човек , излегле една вечер..
Мајка ми и тетка ми, неговата сестра, биле другарки и често идела кај нив ама овој ретко се вртел дома па никогаш не се ни сретнале. Една вечер бил таа дошла со екипа, и овој им се закачил да излегува со нив, па ја носел после дома, и од тогаш заедно се 28 години од кои 25 во брак.
Се запознале пред бивша Ванила, каде што била тогаш шемата Во далечната '75 Мајка ми подолго време го меркала па решила да пушти една другарка да го праша како се вика. Смешки После тоа се погодило првиот братучед на мајка ми да е другар со татко ми па конечно ги запознал.
Моите се знаеле цел живот, зашто се по потекло од истото село Мајка ми се преселила на 7 години во Скопје, а татко ми дошол тука да студира и средното на мајка ми е блиску со факултетот на татко ми, па случајно се сретнале и почнале да се гледаат.
Моите се запознале во автобус кога училиште од Охрид одел на екскурзија со другото училиште некаде, не знам точно. Учеле заедно факултет па се бендисале се вериле и на крајот се зеле. Ме радува тоа што ниту еднаш се немаат скарано за ништо, да не ги урочам Позз
Татко ми се дружел со братучед на мајка ми, па кога бил на гости кај него се виделе, се бендисале и почнале да излегуваат. Па тоа завршило со брак.
Tatko mi i majka mi gi vencale,ne se ni poznavale ni pa gi prasale dali se soglasuvaat.Posle svadbata se zapoznavale postepeno,se soglasuvale vo se pa i na kraj se zaljubile.Plod od niv sme jas i moite 3 braka.