Татко ми е од еден град, мајка ми од друго село. Се запознале во Битола, преку другар и другарка и живееме тука сега. Тој тука работеше, таа тука учеше.
Во една белградска слаткара Татко ми решаваше крстозбор, мајка ми седеше за соседна маса, и татко ми и побара помош Ептен романтика.
Многу интересна приказна Мајка ми била излезена со другарки низ скопска чаршија се шетале,и наеднаш почнало многу да врне ,па за почекаат да преврне седнале во најблискиот кафич(кој татко ми во тоа време го држел),и он си седел надвор под стреа си пушел цигара,а они се натокмиле на маса некоја и нарачале кафе да почекаат да преврне.И така дур седеле почнале муабет со татко ми за дождот хахах и после тоа почнале да се гледаат т.е да излегуваат.
Мајка ми била играорка а татко ми работел во домот каде се одржувале фестивали. Таму се сретнале и се почнало со она фамозно понудување на цигара.
Моите ги венчале без предходно да се запознаваат ама не можам да се жалам,се почитуват секогаш,имало љубов и ќе има тоа се гледа и осеќа.
Браво,се дивам на вакви примери Сега одат,одат,и кога ќе се земат,откриваат дека не се еден за друг И страдаат деца Они ќе си го најдат крајот,ама децата страдаат
Таткоми е геодет па така работел на улицата кај што живеела мајками порано и така го засвиѓала му направила кафе и по 3 месеци се земале бидејќи ја згрешиле работата.
Моите имале договорен брак,ги венчале без да се запознаат.Но,секогаш се грижеле еден за друг до ден денес.Мислам дека ако би можела да бирам мајка и татко пак нив би ги одбрала.
Двајцата биле во некој кафич мајка ми играла биљарт со друштво а татко ми бил таму со другари и од страна ја гледал и мајка ми го приметила и после он и пришол на неа и се запознале,излегувале, биле во врска 4 години па после се земале
Во танц-клуб. Мама одела на часови по латино-американски танци, а тато идел таму да шармира млади девојки. Мама му била трета среќа, беа во брак 25 години... Сега се разведени.. А, се запознале преку заеднички другар од клубот.
Се запознале сосема случајно.Мајка ми била со другарки кај некоја нејзина другарка,додека татко ми со братучедот на таа другарка дошле на истото место.Тука се запознале,почнале муабет.Во брак се сега за сега 22 години. Тоа им било среќата..Преку другарка и другар хахах ..