На наше море, во Котор.. Татко ми бил управител на одморалиште, а мајка ми медицинска сестра пратител на група ученици Морале да бидат во контакт, бидејќи децата и не биле баш примерни, па после неколку групи кога мајка ми се вратила во МК, Бог знае како останале во контакт.. Кој знае што правеле таму, за да дојде татко ми да ја бара за жена
Татко ми бил цимер со колега на мајка ми. Но официјално се запознале на некоја забава во студентски дом, татко ми свирел на гитара. Па за првиот дејт биле на кино. После 2 години се земале бидејки брат ми бил на пат.
Прво само така се познавале од низ град, па потоа ги запознал некој заеднички пријател. Биле 2 години во врска, после се венчале, па сум дошла јас на свет, после 2 години добив и брат и така беа во среќен брак 24 години.
Се познавале од "чаршија "на времето и неколку пати биле во исто друштво .За кратко започнале врска и за некој месец татко ми ја побарал за жена зашто тогаш веќе имал 30 а мајка ми само 20 и толку убав брак имаа ,што разликата во години не се ни чуствуваше .
Се запознале преку заеднички пријатели . Мајка ми , веќе имала еден брак зад себе и ќерка од тој брак . Татко ми , исто веќе имал еден брак зад себе како и ќерка од тој брак . Кога се запознале , татко ми и раскажал на мајка ми за неговата судбина , и дали ќе ја прифати ќерката од првиот брак , доколку тој ја порасне ќерка и како негово дете . Секако , двете страни ги прифатиле условите такви какви што биле , и по една година ме добиле мене , како плод на нивниот брак кој трае до ден денес .
Мајка ми била јака женска, татко ми фраер. Ги запознала трета личност зашто ги сметал за компатибилни.
Мама била 17 год кога тргнала на работа во конфекција. Татко ми и бил шеф, 11 год постар од неа. Фраериште бил Кога ја видел прв пат останал запрепастен од нејзината убавина. А она Словенка, лепотица. Веднаш ја смувал. Ама од дома не ја давале, па на сила ја пратиле во Словенија. Тато отишол таму и ја 'грабнал' . Т.е беганка нели Еве ги , 45 год се во брак
Октомври месец татко ми и другарите оделе да се бањаат во една река а мајка ми со другарките седела на балкон кај другарка и татко ми како поминал покај тој балкон ја здогледал мајка ми и им рекол на другарите онаа во средина ќе ми биде жена. После се сретнале на работа испаднало дека работеле во иста фабрика така официјално се запознале потоа излегувале во корзо за да завршат во среќен брак цели 47 години уште малку па ќе им славиме златна свадба.
Комшии биле. Останала бремена со мене и се земале. Да не заборавам дека биле во 2 годишна врска. Така да не сум плод на тоа фамозно комшиско кафе туку на вистинска љубов.
Во студентските денови, на излегување. Заеднички пријатели ги запознале. Неколку години биле во врска пред да стапат во брак, а јас сум се појавила неколку години подоцна.
Татко ми бил излезен во градот кај што живеела мајка ми во некое кафуле и таму се запознале, но кога се запознале татко ми имал друга девојка, а таа била роднина со мајка ми, но тие не биле блиски роднини и после одреден период од кога раскинал со таа девојка тој започнал врска со мајка ми. Оделе три и пол месеци и потоа се вериле, а јас сум се родила после 10 месеци од веридбата.
Прво запознавање на интервју за вработување, татко ми бил во комисијата за избор на нови вработени и од прва се исконтрирале за нешто и откако и покрај тоа што татко ми имал против да ја примат мајка ми на работа било одлучено да ја примат и неа покрај другите избрани за вработување. Долго време комуницирале само службено во домен на работата, после почнал татко ми на зафрканција да и вели дека еден ден ќе му биде жена и по многу интересни и интригантни ситуации во кои случајно или не запаѓале двајцата на крајот така испаднало. Најсмешно од се кога требале да се венчаат на матично дента матичарот им рекол не може да ве венчавам, таа веќе е во брак, татко ми пребледел. Кога испаднало станува збор за личност со исто име и моминско презиме како на мајка ми, па кога утврдиле по некое време проверки во документацијата дека не е навистина во брак, венчавкта им продолжила се по редот како што треба и намислиле да бидне