Имам слушнато дека температурата била различна само тој ден кога можеш да забремениш...така да топломерот и мажот во раце и на работа
Незнам зошто вие толку смешна темата.Насловот да смешен е ама не и темата. И јас сум слушнала дека во одредени пози шансите за бременост се поголеми. Мене знам дури и по рецепт ме правеле за женско. ^.- рецептов делува 100% од памти век е.
Рецептот кај тебе ептен успешен, само не знам дали си правена на трезно. Е де кажи го рецептот за машко или и за двете, па кој какво сака такво да си направи. Ете се плашам од Doggy поза да не родам куче. Си чула за X и Y хромозомииии? Не туку тропајте глупости од бабини деветини.
А бе и зафрканцијата на темава си има поента, не се лутете . Стресот и грижите влијаат на плодноста. Не секогаш, но понекогаш. Затоа, правилото е дека ... нема правила. Колку помалку го мислиш, толку полесно доаѓа. Не за џабе несакани бремености на секој чекор.
@tessie тоа влијае што го кажа, ама позата!! Рецептот за машко - женско! Џоа торта е па ќе бараме рецепт. Или еден таков неук со неговата изјава на годината Цитирам: Страв ми е детето да не ми се роди пијано, затоа што на пијано го правев( не се работи за клавир, да нема забуни)
Ај малку сериозно сега. Правило или сигурност нема, само поголема / помала веројатност. Спермата може да преживее до 5 дена во женскиот организам, а жената има овулација 1 во месецот. Зависно кој ден бил критичниот однос пред/ за време/ ден после овулација човек може да ги зголеми или намали шансите, но нема сигурност. Машките сперматозоиди се далеку побрзи и полесни. Тие побрзо може да стасаат до јајце клетката и да ја оплодат. Но тие изумираат побргу. Доколку односот настанал за време или после овулација се има само за ниајнса поголеми шанси некој машки сперматозоид да бил побрз и да ја оплодил клетката, не и сигурност. Исто и со женските. Тие се побавни и потешки...со тоа им треба подолго временски период да стасаат до јајце клетката и да ја оплодат. Доколку односот бил 4 дена пред овулација, постои евројатност сите машки сперматозоиди кои попрво стасале на лице место веќе да изумреле додека настане овулација. Па женските како побавни...но и со способност подолго да опстојат кога ќе стасаат јајце клетката да е веќе таму и да настане оплодување. Ама пак....само зголемена веројатност. Не е сигурност.
Дани, па ти ептен сериозно си ја сфати работата. Темата не случајно е ставена во категорија насмевка.
мала едукација. Се загрижив за младинава. Туку кажете ми јас по грешка намачкав крем на лепче...ама црн И сега у паника што ќе излезе. Пиј пиј млеко да се разретчи демек у желудник, ама не сакам да живеам во страв. ЈАс викам секојд ен по чаша млеко има шанси да ја поправам грешката??? Рецепт, дозирање???
Не спомнувајте вие црнци, си имаме задолжен на форумов по прашање за црнците. Цацко е крив после кога ќе загори детето.