Сакајќи да испаднеш едуцирана на тема население забега оф топик скроз, а твојот став за темава нигде не го наведе. Ќе ми биде мило ако ми ги посочиш идеите што не знам како си ги интерпретирала како фашистички во мојот пост. Теоријата можеби е точна, може не, си се потрудила, но слепо повикување на бог и религија како во постот на кој одоговарав и дискриминација на било каква група на луѓе, без оглед дали придонесувале за размножување за мене е злобно и неприфатливо.
Dovolno imam citano i slusano za temava i samo sakam da vi kazam jas sum BI. Uzivam na poseben nacin so mazi uzivam na poseben nacin so zeni, Se si ima svoja ubavina. A kako e i sto e so cuvstvata nema da objasnuvam zasto djabe e i da kazam koga mnogu od vas nema da razberete. Sum bila vljubena vo zena, ete tolku moze da bide silno. A dali e normalno ili ne NIKOJ NE E DOSTOEN DA SUDI!!!!!! [mod-kirilica:63gi7rip][/mod-kirilica:63gi7rip]
Не ми се верува колку затворени умови имало во нашава држава! Сакам само да ги прашам сите оние што се против, нека бидат свои и објективни, и нека наведат барем една причина поради која лезбејките и бисексуалките им пречат во нивниот живот? Не тоа што кажале тато и мама, бидете свои...
Во врска со темата, очигледно е дека не се добро прифатени врските што не се straight особено откако се начитав мислења на форумов ... Специјално си го направив профилот а сега дури ми е страв да напишам шо ме мачи Можи ќе заминам малце офф топик можете и тема нова да отворите ама не знаев каде да си го сместам "прашањето". Имам 21 година, не сум баш тинејџер па да ме прифаќаат периоди на помодарство, цел живот си мислам дека сакам мажи, сум имала и подолга врска, но во последно откако сонував еден забеган сон - дека имам девојка, почнав да си роварам на интернет за би и геј теми .... Се преиспитувам себе си, и да се фаќам во чудни ситуации што и дотогаш ми се случувале само не сум обрнала внимание како на пример излезени со другарки и сите лелеее види го онај, а јас гледам во жени таму ниту сум го приметила Сум имала дечковци со долга коса на што многумина ми велеа добро не ти е чудно дечко ти да има долга коса a мене само тоа ми се допаѓа на него Да не должам, воопшто не ми е чудна помислата да бакнам девојка напротив мислам дека и би сакала ... Единствено знам дека тоа не може да биде некоја другарка. Можно ли е да сум би или геј а да не сум сфатила досега or I have lost my mind ?? :/// хееелп ...
Вака си мислам,ма не ги дикриминирам,а уствари кога видам некои типови такви ми се грози...За девојќи сеуште не сум сретнала...
Ги подржувам. И тие имаат право на живот и одлука какви што тие ќе одберат. Кога ќе слушнам некои петли и кокшки квакаат на телевизија дека тоа не е природно. Како не е природно? Природата нив ги склонува кон истиот пол. Не се они виновни, нив тоа ги привлекува. Не сум лезбејка, но ги подржувам. И сите гледаат со предрасуди кон нив, во стил: Бегај од неа, лезбејка е, може да ти се пушта. Како што ние не им се пуштаме на сите машки, ни они не се пуштаат на секоја девојка. Али тоа изгледа е многу тешко да се сфати. И гледам сега на вести, бракот да биде само помеѓу маж и жена. Ова би требало да биде либерална земја. Нема они само заради владата сега да почнат да сакаат машки. Владата не е свесна дека со ова нив ќе ги избрка од тука. А, зошто да си одат? Познавам многу парови лезбејки кои сакаат да се венчаат и да посвојат детенце. Значи, сакаат да израснат дете заедно. И онака домовите за деца се полни. Сепак, ќе направат добро, ќе посвојат дете! Тоа не е нешто мало. Како и сите други сакаат да основаат семејство. А нашава влада ги брка. Абе владава треба да се избрка. Зошто после не не примаат во ЕУ? Затоа што на ЕУ и треба либерална и антидискриминациска држава. И со овој нов закон(брак само помеѓу маж и жена) нема ги спречат. Ќе се иселат(и онака многу се иселуваат) и тогаш владата ќе се жали дека нема доволно луѓе во оваа мала,кутра,сиромашна државичка(која според нив е либерална земја со јаки финансии и 837482374237 други лаги) .
Не сум лезбејка ниту пак би, но сепак и покрај тоа јас не сум ограничена. Воопшто не ми сметаат таквите, дури имам и другарки кои се би, со кои функционирам најнормално. Доколку некој сака нешто да прави со својот живот, не сме ние тие кои треба да осудуваме. Секој има право да си прави што сака.
Секој си има свое право на живот јас искрено би сакала да пробам и со женско зошто да не што може да се случи само ке знам дали повеке сакам да бидам со женско или со машко.Искрено многу пати сум фантазирала дека сум со жена само што никогас не сум се осудила да пробам позз
Немам ништо против нив. Секој си има право да живее како што сака. Имам две другарки би-сексуалки, и воопшто не ми пречи да седам со нив, најнормални си се, ко секое девојче.
Секој си има право на своја определба , и мислам дека не треба да има дискриминација и треба да се посвети внимание и на нив , сепак се луѓе и сакаат да си ги задоволат своите потреби ! Мене лично не ми сметаат и во целост ги подржувам
Сфаќам дека секој има право на среќа,има право да избере каков живот ќе живее,не треба да биде дискриминиран поради тоа што е..... така треба да е. Не сакам да судам,но овие сепак не можам да ги прифатам,едноставно сметам дека тоа е сосем неприродна работа.Тие веројатно не се виновни за тоа,не можат да го променат,затоа што не е нормално.
Ги поддржувам и прифаќам. А овие од страна што 'мрчат муда' да ми извините на изразов, незнаат што да прават со својот живот па ќе солат памет на други. Што те боли тебе за интимниот живот на другот? И некој тука ке пише као демек се декларираат како лезбејки или бисексуалки оти сакаат модерни да се прават. Уааат? Мислам стварно?! Сеуште не сум сретнала некој доволно луд што е стрејт, а се преправа дека не е.. зошто? За сите да плукаат по него во оваа наша проста државичка? Не било нормално.. Па не е нормално и в г*з да се еб*те кога веќе имате дупка наменета за таа работа, па вие сеедно го правите тоа за свое лично задоволство и затоа што ви се допаѓа. Доаѓа некој од надвор да ви каже дека не е нормално и да не го правите тоа? НЕ. Чисто пример давам.
Никако! Од што се `убаво` прифатени тука, знам девојки што отидоа во странство за да не мора повеќе да се кријат.
За жал,луѓето од ЛГБТ заедницата никако не се прифатени во државава. Нивните права не се ни на маргините на општеството,отфрлени и исмејувани од другите.За оваа проблматика имам пишувано и во темата геј-пријател.Јас ги поддржувам и ги прифаќам како граѓани на оваа држава.Нивните интелектуални способности се занемарени,а приматот е ставен на сексуалната ориентација.Па,секој има право на свој избор и живот.Кои се тие некои да глумат светци и да прават дискриминација од ваков тип,како тие да се совршени и да имаат идеални сфаќања.Од една страна бараат јавно да се декларираат,за да се знае нивниот број,па потоа да се отвори дебата за нивните права,а од друга страна доколку ги знаеме "ќе ги плукаме'.Какво лицемерие и деградиран ум Мислам дека ова прашање уште долго време ќе биде "жежок костен' за балканците.
Jas na 19 godini otriv deka sum bi i uste ne sum ok so faktot inaku spored mene nikako ne se prifateni homoseksualcite ...
Во ова општество во кое живееме,прифаќањето на некој што излегува од шаблонот наметнат од застарените сваќања е сведено на минимум,или е жустро критиковано или осудувано како болест.Јас лично 5 години живеев студирав надвор од земјава, таму научив многу за толерантоста кон секоја поединка во општеството, било да е по верска, национална или сексуална определеност различна од мојата.Би се сместила во бисексуалка,ми се свиѓаат жени, сум била и со жена и наравно со мажи.Секоја врска си е прича за себе.Тоа го знаат и мојот круг на пријатели , и особи на кои им сум се доверила, и искрено баш ме брига дали го оправдуваат или не. Во секоја врска без разлика со м/ж треба да си пронаоѓа човек задоволство.Мене тоа ме прави среќна и убаво ми е.Како што посветувам време во врска со маж така и со жена, значи немора строго с**с , пред се пријателка, зезање да излезеш на кафе, диско и слично. Секој човек сака да се осеќа сакан и почитуван од партнерот без разлика спротивен пол или ист.Во Македонија малку е потешко да се отворат девојките, да ти пријдат, мислам оние кои се би или лезбо.Тука на форумот читам некои имаат слободни сваќања на оваа тема, драго ми е што има девојки и кај нас што макар на форум признаваат.Можеби малку оф топик отидов али нема веза ,
Воопшто не се прифатени, ја сум би, сум имала една врска со девојка, беше фатална. Многу голем притисок е и од општеството и од самите себеси какви се прифаќаме и дали мислиме дека правиме нешто лошо... влијае на психата. Сега сум во долга врска со дечко, но понекогаш знам да се загледам во некоја цура
Здраво, Дали знаете каде можат да се најдат 3-4 лезбејки кај нас? Имам идеја. Edit/P.S. Не такви доминантни мушкасти алфа лезбејки, туку природни, со убав и женствен стил на облекување и фризура, итн., не шишани кец како машко. Поздрав, - Играта