Воопшто не се прифатени. Уште откако ќе се дознае нивната сексуална определба се жигосуваат, отфрлуваат и навредуваат од страна на околината. Лично јас немам некој проблем со тоа. Секој си има право на слобода и си живее со своите погрешни/правилни избори.
Јас мислам дека се плашат тие како би биле прифатени.Насекаде низ светот тие се прифатени како нешто најнормално,освен на Балканот. Лично немам ништо против нив,немам никакви предрасуди, не сум една од нив и не би сакала да бидам.Имам другарка која е бисексуалка/лезбејка.Не го сменив мислењето за неа што го имав пред тоа. Инаку многу често се јавува кај младите,особено тинејџерите.Сакаат да пробаат нешто ново,пробуваат и тоа кај некои "поминува".Нема потреба да се зборува за нив како да се болни.
Најлошо. Прво тие сами се страмат од својата сексуална определеност и прават работи што можат да имаат последици врз останатото опшество, заради тоа што се свесни дека никој нема да ги прифати такви какви што се во држава 500 години назад. Јас ги жалам, воопшто не ми сметат секој има право да биде среќен,сакан....но генерациите зад нас многу остро го сваќат тоа.
Уште се ТАБУ-ТЕМА... Прифатеност никаква, веројатно се кријат што се вели и во глувчева дупка, само да не пукне срамот.
Не се прифатени. Една што ја знам млада девојка постојано се собираат да ја тепаат затоа што дома живее со друга девојка. Сите веќе сфатија дека се лезбејки.
Ма не се прифатени. Џабе колку и да зборат другите. Само ние сме ретардиран народ на Балканов кога во сите други држави веќе е одобрен бракот ЛПГ и никому ништо Јас искрено сум малку позаинтересирана за темава... Некои се против некои се за. Јас од секогаш сум ги одобрувала.
Паа Балканот е малку како да се каже задоцнет.Кај нас почнаа сеа да ги прифаќаат трансексуалците,а лезбејките за едно 50 години.Добро и јас веќе незнам дали да ги прифаќам или не.Ама мислам во споредба со гејовите лезбејките се помалку (според бројка).Јас не сум ни за ни против.Неутрална сум за нив.Нив Бог ги создал девојки па до нив е дали ќе го продолжат животот како девојки или момче.
А чекај, ти мислиш дека ако е лезбејка го продолжува животот како машко? И кога некој е хомосексуалец тогаш тој е геј, нема веза дали е машко или женско.
Нееееееее.Не ми беше тоа зборот.Во никој случај не би рекла така.Зборот ми беше дека сите имаат право да бидат што сакаат.
јас исто така немам проблем ако некој е геј , како што викаат многумина секој си има право да живее како сака , но како што гледам сега последниве години од 15 - 20 годишни стануваат бисексуалци оти така ќе им текне .. сега веќе стана модерно да бидеш геј и некои баш не ни размислуваат за тоа , не го сваќаат сериозно и мислат дека е интересно и кул .. не зборувам за сите , зборувам за деца кои немаат врска уште што значи љубов и прават животни одлуки од тоа што гледаат околу нив и на интернет што им го солат паметот .. се согласувам со тебе потполно
Сексуалната ориентација не е помодарство, туку голем дел од новите генерации прават да изгледа тоа така. Не знам што точно го инкризираше овој масовен ,,тренд'', само знам секоја втора-трета девојка која има денес 15-17 години е лезбејка. Не дека стварно има поинаква сексуална ориентација туку просто друштвениот круг и влијаел, се разочарала од машкиот род па затоа се одлучила на ваков чекор. Зборувам исклучиво во нашата Земја, какви се стварите според мое лично видување, а на други места не знам како е. Додека кај младата машка популација имаме обратен случај, односно тие и понатаму остануваат хетеросексуални или барем тврдат дека е тоа така. Имено, се имам изјаснето уште претходно на темата дека јас сум борец за човековите еднакви права. Но, сешто е насила, уфурано и претерано сметам дека не е вредно за борба. Сексуалната ориентација е лично човеково право, но младите денес тоа го претставуваат во многу лошо светло. Само направете разлика меѓу денешен 20 годишен хомосексуалец (феминизиран), и хомосексуалец кој има 30 и кусур години. Разликата меѓу овие двајца во најголем број случаи би била во тоа што 20 годишниот би бил облечен како жена и на фејсбук профилот би му се броеле накај 100 и кусур фотографии кои укажуваат изречно ,,јас сум геј, ало, погледнете ме'' и 30 годишниот кој го имаш во пријатели но, нема ниту да забележиш нешто поинакво. Истото важи и за лезбејките. Е сеа, да не се разбереме погрешно. Јас против никого немам ништо, секој си има право да одбере како ќе живее, но само заради тоа што си геј да мислиш дека си поинаков, поумен и подобар од толпата не си. Сум кажала веќе еднаш, уметниците се обидуваат да излезат надвор од шаблонот, а притоа не сфаќаат дека шаблонот е тој, и можеш да им пркосиш само на аглите, но кутијата е таа и сите сме во неа. Бидејќи се водам според она ,,Сешто е човечко не е страно'' така да само заради тоа што си геј пријателе, не си измислил топла вода, туку си направил твој личен избор, според мене сосем океј ама тоа не значи дека цел свет треба да дознае. Настрана од тоа што во Македонија располагаме со закоравени размислувања, живееме во Земја каде бракот кој се склучува треба исклучиво да се заснова со ,,еден маж и една жена''. Па, оттука можеби се јавува таа потреба за масовни протести, парадирање и експозирање дека треба сепак да се обрне и на оваа група внимание за да не биде лејбрирана.
Јас мислам секој си има право на свој живот и да го живее како што сака. Ако некој го одбрал тоа зошто па да не. Инаку не се прифатени никако јас да ви кажам.
Овдека ништо не е прифатено. Но според мене мислам дека не треба да им се суди бидејки секој има право на избор.
Неколку пати експериментирав на поле - партнер од ист пол. Од лично искуство можам да кажам дека лезбејките/бисексуалките се прифатени онака како што наметнуваат да бидат прифатени. Ако се со доволно самодоверба во својата сексуалност нема да имаат проблем со светот. Но сепак, сме прилично конзервативни на оваа тема но се надевам дека набрзо ќе се промени. Сите да си ја истражат сексуалноста без да бидат спречени во тоа.
Во една книга ,,Мистеријата на сексуалната ориентација“ пишува дека се тоа е пролазно,а исто така според истражувањата на авторката 99 % од жените се бисексулаки или помислиле на секс со жена.А кај нас ,хах кај нас секако ќе те осудуваат,сепак мене не ми пречи ама баш ич,затоа што почитувам туѓи ставови и размислувања.