Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Не знаев :) благодарам што ми кажа.
     
    На MaggieTatum, angelche16, 702706 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    134.986
    Пол:
    Женски
    Најлошо од сите болни. Јас ги сметам за болни. Не е право на избор. Не избрале сами кој да ги привлекува. Пораметување на хормони е у прашање.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Океј, имаме тука тема за дискусија, бидејки повелекувате едно битно прашање што ме збунува и неможам до крај да го дедуцирам. Мислам дека сте у грешка ама можда уствари ја да сум...?

    Значи она вика он беше љубоморен, му сметаше да излегувам и на крајот на врската она го оставила и он ја барал назад и и кажувал дека уште ја сака и сака да биде со него иако она нејќе да биде со него.

    Ти после и враќаш дека со тие однесувања глуми мачо тип ака манипулатор, а ја како што разбирам љубомора, посесивност, страв и манипулативност се инфериорни симптоми, ака бета тип? Потреба за контрола доаѓа од страв, желба да вратиш поранешен партнер исто доаѓа од страв. Или има нешто што утињам? Ме интересира чисто за споредба за во моите врски, позз до двете.
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Не, јас појдов од тоа дека дечково прво нема расчистено со себе, пошто е у фаза на себе - пронаоѓање. Не знам као у случајов заклучи дека е претставен као бета тип?

    Е сега, моја претпоставка дека таквото колебање главно поаѓа од неговите потиснати чувства кои не ги дооформил, па затоа и не може да ги изрази. Можеби он не знаејќи на каков начин тоа да го направи, пробува да и го наметне своето алтер его, т.е нешто што тој реално не е а со тоа и да ја контролира. Уствари, судејќи според ова не ни може да има поинаков пристап, со оглед на тоа дека сеуште води борба со себе си`. А и општо мислење ми е дека речиси секоја форма на агресија е жариште, и влече корени од нешто сасвим трето што сеуште не излегло на виделина.

    Башка, глупо е да се прават генерализации од типот дали потребата за контрола доаѓа од страв и немоќност. Бидејќи луѓето главно се делат на две групи. Оние што се манипулатори и оние кои потпаѓаат под нивното влијание и биваат манипулирани. А и двете групи некогаш може да бидат доведени у ваква ситуација.
     
    На srnichkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Јас сум бисексуалка.. И самиот факт што ова го знаат само мајка ми,мојата најдобра другарка и мојот најдобар другар и што имам храброст само анонимно да го искажам тоа на форум докажува колку ’добро’ се прифатени бисексуалките кај нас.. Вообичаено сум многу директна личност која се’ што има да си каже си кажува без воздржување и без да ги крие своите вистински мисли и ставови но за ова секогаш сум молчела,имаше периоди кога ми беше срам од самата себеси,кога ми беше многу тешко и не можев да го прифатам фактот дека ме привлекуваат девојки многу повеќе од машки. Секогаш кога се спомнуваше таа тема најсекојдневно и најопуштено во друштво јас секогаш пробував да оставам впечаток дека ми се гадат лезбејските врски,дека никогаш не би била со женско... Затоа што секогаш мислев дека тоа се приметува. Уште од мала секогаш се завртував по улица кога ќе видам друго девојче,кога почнав да се самозадоволувам гледав слики од девојки и гледав порно со девојки... Сексуално ме возбудуваат и машки,но од секогаш ми бил сон да бидам интимна со девојка... Кога сеуште не бев свесна за својата определба бев многу ладна кон машките,ме привлекуваа само да се излапам или нешто повеќе ама љубов не... А од секогаш ми се свиѓаше едно девојче со кое учев во основно и не сакав тоа да си го признаам на себе. Пред година дена ја имав својата прва врска со женско и можам да кажам дека беше многу поубава и постраствена од сите други врски кои ги имав со машко. Бевме толку емотивно поврзани,блиски,среќни,начинот на кој таа се смееше и зборуваше ми беше како сон. Бевме и интимни многу пати,и можам да кажам дека е најнежното суштетство кое сум го допрела... И ме остави заради тоа што нејзините дознаа и ја тупеле со тоа дека нашата врска не е нормална па и таа почнала да размислува како нив... Еден месец после тоа си најде дечко. Јас бев како мртва и тоа го преболував така што одев со многу други машки, од кои во еден и се заљубив ама не беше тоа тоа,не ме привлекуваше како што ме привлекуваше таа,а емоциите кон него не ми беа ни приближно силни... Сега искрено повеќе би сакала да најдам девојка отколку дечко,затоа што ете,можам и во машко да се заљубам ама иако сум би повеќе сум накај лезбејка. Полека го прифаќам тоа,мајка ми беше сосема океј со мене кога дозна,и го сменив целото свое мислење за тоа. Љубовта си е љубов и се надевам дека луѓето кои викаат дека ова не е природно еден ден ќе сфатат дека е поприродно да си со некого кого вистински го сакаш отколку да се кочиш... Don't let them say you ain't beautiful, they can all get fucked just stay true to you..
     
    На sparklie, Schizophrenia1, Miss.Bass и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Прво мора да ти признаам дека потајно очекував некој ваков пост од тебе...:)
    Браво. :clap:

    Браво за храброста и искреноста да кажеш што ти лежи на душа и да се носиш со тоа.
    Одлично е тоа што не ги потиснуваш чувствата туку дозволуваш да пловат. Штом и од мајка ти имаш поддршка на коњ си! Бидејќи сепак, нема ништо позначајно од семејната поддршка.
     
    На BoneMachine и 702706 им се допаѓа ова.
  7. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Па дека рече дека глуми мачо тип, тоа има обратно значење од бета тип.

    Највеќе ми се свиѓа последниов параграф, го сваќам начинот на размислување (ја не мислам вака ама ми помага у перспективата). Сакаш да кажеш дека прагматично е да го гледаме крајниот исход а не потеклото на потребата - i.e., тип може да биде интерно бета со сексуални фрустрации (буквално, и на крај дури геј испаднал гореспоменатиот) ама ако тоа доведе до крах и контрола на девојката исходот е сепак дека ја доминирал, што би рекла мачо испаднал, бидејки она ја следела неговата воља над нејзината.

    Сите знаевме мање више од старт дека си Би или едно цевка, т.е. нецевка. Браво на храброста :toivo: А баш мислев пред некој ден дома бев си правев вода со бикарбона и читав дека сакаш суканици да носиш дека мора да е оваа актив некој, знаеш пенисовидните суканици, жена, пенисовидните суканици аааа зајдов, треба да спијам, ајде позз
     
    Последна измена: 26 јануари 2015
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Не се сконтавме за бета типот, пошо терминот у геј круговите поинаку функционира па мислев на тоа алудираш. Небитно, заеби.

    Иначе последниот параграф ми падна во очи. Или тролаш, или тролаш нема опција три. Како ги бутна суканициве со сексуалната ориентација у една фиока жити се? И дали за тебе хипик е рамно на педер? Знаш ли колку френдови имам ака Боб Марли или Милутин Станкович рандом фриз што се хетеро? Просто би се зачудил...

    Јас иначе да си кажам за мене лично, да не дојде до забуни дека заклучив врз основа на нејзиниот начин на размислување, пошто деновиве праевме муабет на чет, и делумно очекував вакво размислување од нејзина страна, за да си ја склопам сложувалката. А ти или гаташ на гравчиња или тролаш.

    Под прашалник ја ставам можноста да си праел со неа муабет на чет како мене. :drunk:
     
    На BoneMachine, srnichkaa и 702706 им се допаѓа ова.
  9. srnichkaa

    srnichkaa Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    24
    Значи ваκа,ниκаде не пишав деκа ја следев неговата воља. Наκρатκо го опишав неговото однесување спρема мене, а од дρуга стρана деκа е би. Се согласувам со @Valerin деκа дечκово уште е во фаза на себе- пρонаоѓање ( иаκо споρед годините веќе одамна би тρебало да има ρасчистено со ова). Е сега ја не напишав деκа му дозволив да биде доминантен и да ми го наметне неговото влијание, напρотив имам цвρст κаρаκтеρ и се пρидρжувам до моето мислење. Бидејκи го саκав сеκогаш успевав да ги избалансиρаме ρаботите, ама по κρатоκ пеρиод опет иста пρича.. Κога дознав деκа е би не се тρудев веќе, многу лошо фунκциониρавме и да не објаснувам повеќе зашто ова веќе е дρуга тема :)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Според мене воопшто не се прифатени посебно не кај нас во нашата држава,луѓето генерално не сакаат да слушнат за нив ниту дека некој тоа го го оправдува кај нас сеуште таквите луѓе се табу тема и уште долго ќе бидат...Немам ништо против нив лично јас боже мој незнам ни зошто би имала секој има право да биди среќен и ако има некој покрај себе што мисли дека е вистинската личност барвос за нив,тоа дали се натранети или незнам какви тоа лично незнам и не ме интересира психичкото здравје треба да е важно за секој без разлика на неговата сексуална определба ако тие се чуствуват со нивната определба целосни бравос за нив...Незнам дали имам пишано на темата дека имам познаник кој е хомосексуалец,лично јас мислам дека е успешен паметен фин дечко,е сега овде кај нас вооопшто не е прифатен,напротив да не зборувам какви понижувања исмејувања и тортури има претрпено но му пуштам рака за тоа што си се сака самиот таков каков што е и јавно тоа го искажа но морам да признам дека повеќе во депресија е во последните 2 години отколку што е ок...
     
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Така ќе да е... а што уствари бета значи во геј круговите? Do tell :lol:

    Денес нешто се во очи ни паѓаат последните параграфи... Ја имам многу другари што се хипици или реге-парк луѓе (боб марли деј 11-ти мај мадафака) и си се скроз хетеро, незнам зошто мислиш дека би алудирал на такво нешто. Баш мојот 4-ти или 5-ти по ред другар имаше суканици 2 години, а денес има 24 години и е среќен во повеќе-месечна врска со 19 годишно девојче и мислам прв и беше.

    Имавме зборено неколку пати и ми остави пријатен впечаток, особено за 17 годишна девојка.
     
    Последна измена: 26 јануари 2015
    На BoneMachine и 702706 им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Јас порано мислев дека се болни хормонски луѓе кој треба да се третираат во болница.
    Али бидејќи човештвото решило да ги третира како нормални луѓе , решив и јас да покажам разбирање , така да како моја новогодишна резолуција или како и да се нарече, ќе ги прифатам такви какви што се и нема да ги осудувам , како си го избрале животот така нека си го тераат , јас нетреба а и несмеам да осудувам :D


    Него ми текна друго , муабет со луѓе , на крај се одлучија дека машките се океј ако девојката нивна е бисексуалка , а пази зашто , бидејќи така ќе можеле да бараат секс во тројка со уште една женска и имало поголема шанса да се согласи :rofl::rofl:
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Па шо знам добив впечаток у делот каде што искоментира нешто као демек
    ^ Вакви другари имам еден куп во приватен живот.
    Подвоени моралисти, мечови со две острици, кои најчесто по социјалните мрежи ќе ги сретнеш како ке*аат оти педерлукот не чини, вадат медицински истражувања со цел да покажат колку им држи вода теоријата. И толку проклето добро им е издржана, што кога ќе сретнат жена лезбејка или би си го билдаат егото до бескрај. И, тука посекако важат сосем нови правила, пошто нАли, жена е, а 80% од жените според нивен закључок се полу геј. Yeah, sure. :muscle: ;)
     
    На MaggieTatum, Yipman2 и 702706 им се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас на пример те прифаќам и не те прифаќам.
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи ако некоја познаничка е геј или би. Не ми пречи ни ако видам две девојки како се лапаат на сред улица. Не би ми била пријатна глетката ама ок ќе поминам преку тоа. Не ми пречи што на форумов има бисексуалки кои не ја кријат својата сексуална определба. Не им аплаудирам ама не ги ни осудувам. Всушност сеедно ми е како што би ми било сеедно дали постојат или не.
    Доколку дојде во прашање некој мој близок тогаш не би ми било сеедно. Не би замижала ако сестрами ми каже дека сака да лижи пи***. Не дај Боже, никогаш не би прифатила дека децата ми забегале настрана од природното. Би се уништила психички.
    Во превод, не баш најдобро сум ја прифатила геј популацијата.
    Она што мене ме нервира е тврдењето дека е тоа сосема нормално. И јас сум дел од овој 21 век и јас сум прифатила дека многу стеги се скинати, ама сепак не е во ред некој да тврди дека неприродните работи се сосема ок
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Мене ми е чудно зошто се кријат.... :wasntme::^)
     
  18. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    @Igrata што значи ова? Мислам дека суканиците не играат никаква улога.

    Јас имам познаник кој толку се страми да адне девојчиња на fb што неконтролирано ги следи наместо на им прати покана за пријател. Кога ќе спомнеш банкок лејдибој(транвестит)неконтролирано се кикоти како срамежливо девојче. Еднаш очајно ми спомна дека сака да посети проститутки, но онакви како што не би пробал секој, незгодно ми беше да прашам ама имам некои претпоставки. Која е твоето мислење за ова?

    @702706 Сакам да ти честитам на храброста иако сепак ова е анонимен форум, се надевам дека во иднина ќе те прифатат и останатите околу тебе и ќе се чувствуваш удобно со тоа што си. :)
     
    Последна измена: 27 јануари 2015
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    @BoneMachine

    Никогаш не можеме да знаеме до каде оди патот на потсвеста.

    Големиот Фројд мајстор пиејќи Ердингер еднаш рекол дека фалусовидните објекти во секојдневието се само мала рефлексија на мислите што ни тлеат во свеста, далеку зад егото и суперегото. Ти покажи ми девојка со суканици што сака други девојки, а ја ќе ти покажам маж со голема глава и мало тело со глас како да има заглавено јаболко во грлото како се пали на бангкок лејди бој, се е истиот круг кажан низ друга приказна - се надевам со оваа една долга реченици ти ги опфатив и двете прашања
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Мислам дека ако прашате луѓе на улица повеќето ќе ви кажат дека не им смета, но сепак мислам дека ако отворено сакаш да признеш дека си ќе биде доста потешко да се чувствуваш прифатено, не само од поширокото општество туку и од блиските.

    Мислам дека Груевски е потајно геј, тоа го потиснувал со години и испливало на површината во форма на фалусоидни споменици. Развиени војници со копја, мечеви и пушки. Зар некој од вас не се запрашал зошто Букефал има надприродно голем пенис?


    Зар навистина познаваш таков човек? Интересно. Претпоставувам дека големата глава придонесува да има добра меморија и добро познавање од историјата. Исто така ја запишува историјата на блиските во своите анали.

    Него муабетот ми беше ако му спомнеш дека брат му има вазелин одма се лути и вика дека е во долга врска, а не знае дека голем број геј мажи имаат долги врски со жени дурии имаат и семејства. Ова зборам за постарите генерации.

    И ти имаш киселини? Не зезај. Јас избегнувам бели пецива особено пити.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.