Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Фројд има големи придонеси во психијатријата, меѓутоа се фатил у сопствената мамка објаснувајќи ги феномените кои би можела да ги манифестира единката од периодот на раното детство се до адолесенцијата. Фини аргументи има приложено, и тоа си стои. Но, тоа никако не го прави онолку супериорен колку што денешните исладувачи го фураат. Во некои црти оригинален да, бидејќи дал добри поставки, ама главната грешка него уствари му е во методологијата. Не може цела човекова свест да биде базирана врз сексуалниот нагон или да се земе како примарен фактор, тука малку претерал у анализите. Затоа понатака ги мењале неговите пристапи скоро од корен.
     
    Последна измена: 28 јануари 2015
  2. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Фројд е многу битен во муабетов.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Мојот логичен одговор е дека повеќето од нив се кријат, бидејќи нели повеќето од нас имаме свои лични предрасуди. Кој и да каже дека е човек без предрасуди, ќе излаже верувам или може не ја памти ситуацијата кога изреагирал со предрасуда. Лично не ги презирам/осудувам и слично. Би ги прифатила за пријатели доколку не ја преминуваат границата на дозволено т.е. да не се обидуваат да влијаат на мене со нивната секусална определба. Неможам да ги разберам зошто имаат таква определба и што ги натерало на тоа, но не сум ни имала прилика да запознаам таква особа па можеби ако ми објасни ќе ја разберам. Се сложувам и со тоа дека природно е маж и жена да се привелкуваат, но времево се менува па валда ќе морам да се навикнам дека и се друго се менува. Што знам многу дискутабилна тема за да кажам нешто кое држи вода од една страна, а од дрга пак нејќам никого да навредам со кажаното. :)
     
  4. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Па јас сметам дека кој како е среќен така нека се однесува, кој каков е задоволен со себе нека си е таков, кој со што се задоволува тоа нека гледа и има. :D
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    1. Можам да те уверам дека 99.9% од LGBT не би ни пробале да направат такво нешто зошто знаат дека тоа не може да се смени :D Ама ако мислиш дека некој може да влијае врз тебе кога станува збор за сексуална определба, тогаш можеби не си толку стрејт :wasntme:
    2. Тебе што те натера да бидеш стрејт?? Ништо?? Така беше родена?? Епа тоа ти е одговорот :nod:

    Стварно не е тешко да се праша, да се истражи малку, не мора да сретнете queer личност за да ги дознаете сите одговори..

    Инаку, за темава - мислам дека зависи од градот... Еве Струга на пример, колку што знам скоро сите се многу попаметни и пообразовани на оваа тема, и скоро сите ги разбираат овие работи.. Веројатно и Скопје е слично, ако не и подобро... Ама сепак, со овој наш балкански менталитет, тешко дека еве на пр. постарите луѓе би ги разбрале овие работи, или па би се потрудиле да ги разберат..

    А знам дека на форумов повеќето се отприлика 15-30 годишни, така да еден совет до тие што сакате да коментирате без да навредите некој -

    1. не велете дека сексуалноста е избор
    2. сменете го мислењето дека некој може/сака да влијае врз вас со нивната сексуалност
    3. во никој случај не велете дека тоа е болест или пореметување


    има и повеќе ама сега не ми текнува што се имам прочитано тука, едноставно мислете пред да напишете нешто, turn the tables и видете дали би имало смисла ако кажете нешто такво за хетеросексуалноста..

    А, ако целта ви е да психички уништувате животи за да се чувствувате "супериорни", тогаш go ahead, се надевам дека ќе бидете задоволни од таквиот живот :mm:

    И еден совет до сите бисексуалки, хомосексуалки, асексуалки итн, ако се чувствувате како да не припаѓате тука, одете на Tumblr, никој друг сајт нема да направи да се чувствувате посигурни :):hug:
     
    На nati44, Abrakadabra, Sunflowers и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FREE MIND

    FREE MIND Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Во врска со темата, сакам да ви ја раскажам накратко мојата историја.
    Знам дека бендисувам жени (освен мажи) уште од мала, односно одкога влегов во пубертет. Ми се случувало додека бев на факултет да се зближам со неколку девојки, но секогаш се завршувало само со пријателство. Никогаш немав храброст да одам докрај, знаејќи дека тие се стрејт. Негде до 28 годишна возраст ми се случувало да имам сао некои авантури кои завршувале со бакнеж во дискотека (работа што ја прават можеби 50 посто од жените под дејство на алкохол.)

    Како и да е, дотогаш имав врски само со мажи, но во никоја од врските не се чувствував себе си, не бев реализирана ниту емотивно ниту сексуално. Не дека беше лошо, но знаев дека може и подобро и дека не е тоа тоа. Така едно лето на одмор се запознав со една девојка. Веднаш се виде дека има хемија помеѓу нас и видов дека таа би сакала нешто повеќе од пријателство. Така имав една летна авантура со нејзе и тоа што го доживеав со нејзе, неможам да го споредам со тоа што го имав доживеано со маж. Доживеав вистинска љубов. Тогаш разбрав дека всушност ги сакам повеќе жените од мажите.

    После таа авантура се запознав со мојата партнерка со која склучивме брак во Белгија. Во моментот живееме во Македонија и имаме двегодишно девојче заченато со донор. Прифатени сме од фамилијата и пријателите и не чуствувам по никаков начин дека сум дескриминирана во однос на мојата сексуална ориентација. Знам дека тоа беше правилно донесена одлука и во моментот сум пресреќна со нејзе. Инаку и двете видливо немаме знаци на вишок машки хормони и можам да кажам дека сме атрактивни девојки.

    Поздрав до сите и не се плашете да го барате и добиете тоа што го сакате. Никој не заслужува да биде средно среќен. Барајте го она што навистина ве прави среќни затоа што животот е навистина еден и многу краток.

    Поздрав до сите
     
    На kim.k, Miss666, eloves и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @ Free Mind: Браво за храброста !
    Голем поздрав до тебе и твојата партнерка.

    Јас имам доста искуство со женскиот пол, но нема да пишувам романи овде и да го узурпирам просторот.
    Ке одговорам само кратко на темава, дека кај нас, ниту бисексуалките ниту лезбејките се прифатени од мнозинството. Има образувани и прошетани луѓе на кои поинаквиот сексуално не им пречи, но тие се малкумина.
     
    На citiesinflames и Schizophrenia1 им се допаѓа ова.
  8. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Во Македонија одма половината ке те сметаат за чудак , неприпадник, и ке слушаш навреди насекаде, додека во некои земји во странство веке е дозволено венчавањето и прифатено.
    Ова не треба да се смета за грев, или нешто што само го прават тие што имаат пореметување, воа е нормална појава бидејки тој не е крив ако срцето му го привлекува некој од истиот пол. :)
     
    На GreenEyedGirl и citiesinflames им се допаѓа ова.
  9. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Во земјава никако да сфатат овие на власт (заедно со црквата со која се врзани како црева ) дека со забрани и ограничена свест нема прогрес. Не станува збор само за правато да бидеш поинаков, туко општо гледано за многу други лични работи кои ти ги наметнуваат упорно и секаде како супер добри за тебе, само ти незнеш за тоа. Те прават овца со сила и покрај тоа што имаш сопствено мислење и став !
     
  10. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Се што е против Библијата се смета за грев. Не кажувам против црквата, туку против Библијата. Да, лезбејките, бисексуалките... се грев. Јас сум против тие да се одобрат со закон, бидејќи не сакам моите деца и воопшто сите да живееме во средина во која ненормалното ќе се третира како нормално. А доколку ова не е грев, бебче ќе може да зачнуваат и тие што се од ист пол. Ако сите се такви ќе престане човештвото. Да, сметам дека секој образован и прошетан човек го дели моето мислење. Не осудувам никој, сметам дека секој има право на свој живот. Ова е моето мислење. Поздрав до сите.
     
    На veren и Youknow им се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека секој има свое мислење и став. Па сите ние сме различни ! Јас имам либерални погледи (барем се трудам) и сум атеист, па тоа околу Библијата и гревот за мене е чиста глупост.Но сепак разбирам како гледаш на светот околу себе и дека е тоа низ религиозна призма.
     
    На kjukli и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Пред да дознаам дека Библијата забранувала љубов помеѓу геј луѓе, го сметав Христијанството за убава религија... Не повеќе... Љубов, каква и да е, никој не може да ја забрани! Љубовта би требало да биде основа на религија, па гајле ми е дали е од ист или спротивен пол! Сега имам своја религија, свои верувања, а тоа е Љубов. Не сум толерирана баш најмногу што сум од оваа страна, за жал во околина сум со прости луѓе и често ме исмеваат "ако не веруваш во Исус, тебе мајмун ти е потомок?". Да, морало да се биде атеист ако не си христијанин. Иако сум стрејт, давам поддршка кон геј паровите! :handshake:
     
    На kim.k, nat17, Valerin и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.886
    Пол:
    Женски
    Papillon duso neli si mala spored godinite za ovie temi? Ne pisav so losa namera da se karam ama ova ne mi e bas vo red...
    Vo odnos na temava se imam izjasneto, glupava sum i prosta, nazad so vremeto i da od mene nemaat poddrska.;)
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Postojat mnogu pogolemi vernici od mene, no jas ke go kazam toa sto go znam. Biblijata kazuva deka site treba da se sakame i deka ljubovta e nasa osnova. NO, ljubov pomegu luge od ist pol ne e normalna ljubov. Nemojte da mi velite deka se raboti za luge koi se samo razlicni i deka uste od ragenje gi privlekuvale licnosti od ist pol, bidejki ne e taka. Se raboti za psihicka bolest, razlicni ubeduvanja i tolkuvanja. I treba da se pobara pomos za takvite. Ne moze sekoj nenormalen da se vadi so "mototo" deka e razlicen. Ne zboruvam samo kako vernik, tuku kako vozrasna i racionalna licnost. Da, ne sakam jas da ziveam vo opstestvo kade nenormalnoto se tretira kako razlicno i prifatlivo. Pobarajte pomos, nema da zalite. Ne ve osuduvam, samo mi se gadi. Pozdrav.
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Никој не цитирав, само кажав мое мислење. Годините се само бројки, јас ќе застанам на нозе за тоа што сметам дека правилно, моите години не мора да ја опишуваат и мојата зрелост. Тоа е моето мислење, ќе се испочитува како и сите други, не сум ни повеќе ни помалку од вас возрасните. Никаде не се обратив дека ТИ си проста, не ни знам дали си се изјаснила со "Ако не си Христијанин, Атеист си". Јас таму ги опишував моите соученици. Те молам, препрочитај ми го мислењето и сфати ме, сепак мислам дека тоа што те навредило било недоразбирање од твоја страна, не упатување на навреда од моја.
     
    На Valerin, Abrakadabra, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ако е психичка болест, значи немаат доволно привилегии колку нас, не припаѓаат на планетава? Замисли, ти да беше на нивно место, како би се чувствувала?
     
    Последна измена: 9 април 2015
    На Abrakadabra и Olli28 им се допаѓа ова.
  17. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Би се чувствувала лошо и ќе сум била за жалење зошто нема никој да се потруди да ми помогне туку ќе ми укажуваат поддршка, дека е во ред тоа што го правам и дека не сме сите исти. А ако сме сите такви, нема да постоиме ни ние.
     
  18. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Извини, религиозна призма е нешто сосема друго. Јас сум само верник и гледам на светот околу мене нормално, не патам од комплекс да поддржувам и делам се и сешто за да бидам современа. Сакам да се знаат здравите размислувања. Никогаш да не се одобрат со закон.
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не, сите сме исти, што има различно кај геј луѓето? Зар треба да им забрануваме да сакаат. Сакаат исто како и нас, во иста мера, зошто да живеат со фактот дека се психички болни кога може да ги прифатиме, како и останатите. Сигурно нема цел свет да стане геј. А, и зошто па да се гадиш од нив, ти така не им помагаш, им ја намалуваш самодовербата им укажуваш дека не треба да живеат. Тоа хуманост е? И кажи ми, има ли апчиња против геј? Зошто си толку убедена дека тие луѓе можат да се "излечат"?
     
    На crazylady и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Многу ми е смешно кога некој упорно тврди дека неговото размислување е стандард за НОРМАЛНО ? Ја посочуваш Библијата како законик за гревот на поинаквиот, и то е за тебе нормално да се жигосуваат како ненормални ? Тоа било ЗДРАВО размислување ? Ти се гадело од геј, а погоре пишуваш ''немам ништо против нив '' ! А потоа пак пишуваш дека биле ''психички болни'' ?!
    Јас баш едвај чекам да ги прифатат и со закон, за да се спречи криењето и стигматизацијата на геј популацијата. Мене не ми пречи никој геј, се додека не прави некое зло по околината.
    Нека си се сакаат, а од љубовта нема ништо поубаво !
     
    На kim.k, alaska667, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.