Ама во случајот девојката не знаела внатре во себе и била збунета во врска со својата сексуална ориентација. Што тогаш? Кој метод да го искористиме за да откриеме... Хм... да размислам.... А што ако проба? На пример, јас можам да пробам со машко и сигурен сум дека ако ебам маж в гз или ако ми го пуши би свршил ама сигурен сум дека до тоа нема да може да дојде зошто мене не ни ми се дига на машко, дури ни на најсекси мажот на светот нема да ми се дигне. Значи очигледно не сум геј. Во нејзиниот случај, ако дојде во сексуална ситуација со девојка и се пали и се влажни на неа, тоа е тестот, не дали ќе сврши ако партнерката и ја излиже.
до сега мислев дека сум стрејт но пред некое време почнаја да ме привлекуваат и машки. Се чувствувам како некој што е поинаков и страв мие на реакцијата на околината ако разбери. А подеднако ме привлекуваат и девојчина и машки
И јас сум би, ич да не се секираш. Мене не ме интересира околината, а и не е којзнае што но Македончињава со нивниот менталитет и за тоа знаат да осудат. Вистинските луѓе и пријатели секако ќе те прифатат таков каков што си, другите ќе знаеш дека не ти се битни во животот.
Претпоставувам дека си тинејџер и се уште луташ. По некое време нема да бидеш БИ, ќе бидеш едно или друго.
Не се прифатени .Лично мене не ми "сметаат" ,и немам предрасуди кон нив.Секој човек треба да си се спознае себеси,и да го прави тоа што го исполнува.Се ставам во нивна кожа.Неубаво би се чуствувала кога други би ми се мешале во интимниот живот . Така да пред да судите запрашајте се како би ви било ако некој вас ве осудува за вашиот личен избор
Зависи од кој сакате да бидете прифатени. Јас како бисексуалка знам дека никогаш нема да бидам прифатена од фамилијата или од луѓето на возраст на мајка ми, татко ми, па дури и на брат ми. Ама од мојата генерација? Е од нив очекувам подобро. Во моево училиште има хомофоби колку сакаш (истите хомофоби кои се палат на порничи со фејк лезбејки), ама па затоа имам 10тина другарки кои знаат дека сум бисексуалка и воопшто не ме третираат поинаку. 2 години ми требаа за да им кажам на сите најблиски другарки, и некои од реакциите беа "И јас сум", "Јас неам појма шо сум" (испадна бисексуалка), "Добро де, супер, си мислев нешто лошо ќе кажиш хахах" и "Не го очекував ова од тебе". Другарот кој ми го рече тоа последното, по неколку дена ме прашуваше кој знае и се налути оти нему последен му кажав Така да зависи од човек до човек, ама и од генерација до генерација. Според мајка ми (која не знае дека сум би), јас и таквите како мене би требало да се убиеме или да не убијат други.. ама кога чувствувам пеперутки во стомакот поради некоја девојка и можам слободно да им кажам на најдобрите другарки за тоа, добивам барем малку надеж дека некогаш ќе се подобри ситуацијата.
Искрено, некако не ми е проблем ако девојка ми би се ебела со женски на страна... Не ми смета некако... Пример, кога би се ебела со машки, инстинкитивно имам одбивност кон таа идеја. Ама со женски е као: ех, кому му е гајле...
Веќе неколку години знам дека дефинитивно ме привлекуваат женски и конечно се прифатив таква каква што сум, но сега како да најдам такви како мене? Баш би сакала да запознаам друга лезбејка/бисексуалка, но не можам да најдам таква
Za zal kaj nas seuste ne e prifateno ko normalna pojava tuku se smeta za bolest. Kako moze da bide bolest ako nekoj covek se osekja taka i taka? Ko stvarno ne mi e jasno. Jas potpolno gi poddrzuvam.You rock girls! <3
Мислам дека би биле поприфатени, кога многуте од нив не би се пуштале на се што е женско. Ама тоа е мкд, неизживеан народ, па се рефлектира и во однесувањето на оваа популација. Должна почит кон исклучоците.
Се што е неприродно ми е неприфатливо. Имам другарка и супер стојам со неа. Околината не знае за тоа, но мене ми се има доверено и така остана. Имаше 10год. врска, веќе и заврши. И сама е свесна дека е погрешно, дека нема иднина, ми го призна тоа. Сака да најде маж, да има деца, нооо длабоко во неа си пати за девојката, очите и умот и се таму. Жал ми е што не можам да и помогнам. Не само што ние не прифаќаме, самите длабоко во себе не прифаќаат, но не сакаат да признаат. Сум се држела, се дружам и ќе се дружам со неа, но немаме голема блискост. Мило ми е што за некои работи барем ме послуша, проба да смени нешто, едноставно мораше....
Јас не ги прифаќам и никогаш нема можеби сум заостаната, но ете не можам да ги прифатам. Господ ако е сакал ќе создадел само машки или женски род, а не и двата.
Тоа е ваљда повеќе на фејк лезбејки, а.к.а порно актерки кои снимаат лезбо сцени а и тоа е стереотип, мене ми се бескрајно досадни пример вечно е 0-0. Реални лезбејки, да кажеме некоја со физиономија на руска кондуктерка во воз, шо знам...
Боже, какви мислења прочитав. Зини земјо голтни ме од простотија и заостанатост Имам неколку познанички што се лез/би и искрено прифатеноста многу зависи во каква околина си и со какви луѓе се опкружени. Иако веќе кај младината се зголемува прифатеноста, пак е тоа на минимално ниво. Имам гледано какви погледи им упаќаат, имам слушано што зборат за нив. Страшно е, жално е, трагично е. Никогаш, ама никогаш нема да разберам како пречат тие луѓе. Зошто е потребно целото тоа осудување и драмење стварно не знам. Мене порано ме гледаа како асексуална(што не сум, ама небитно), па колкава неприфатеност чувствував, а не па овие кои што се отворени би/лез/геј. Се надевам дека со текот на генерациите колку толку ќе се промени ова.