Слушав психијатар на тв неодамна кој рече дека нормално е да имаш чувства кон спротивен пол,а ако се јават кон ист пол-станува збор за болест,која треба да се лечи...ама денес нормалното е пореметено нели,малку повеќе,а башка и многу гледаме тв и клипчиња ,па малце и ќе се пофилмаме...во ред Ама јас не би пробала нити ме привлекувало женско,и неможам да ги сфатамлезбејките ама стварно неможам колку и да се трудам...што е тоа што не е во ред со ниб,или што е ,,,хммм
Само кај 2% од вкупниот број хомосексуалци, хомосексуалноста им е стекната. Се друго е деформитет на мозокот. Не оправдувам. Убавото е од Бога створено. Спој меѓу машко и женско, ништо друго не оправдувам. Се е шуплина на мозокот.
Гледам на нив како и кон секој друг. Познавам две, и не ги осудувам или не гледам кон нив со други очи. Кај нас секако, некои го прават тоа за да привлечат внимание, не од страст или љубов. Не оспорувам дека има и такви.
ма сите ги поддржувам.. не поради нешто друго туку поради тоа што сум личност која сака да експириментира со себе и со луѓето околу неа..и сака да дознава нови работи..па со оглед на тоа што имам направено премногу (не)глупости, не сакам да ми судат луѓето според тие направени работи.. така што, сум рекла и стојам зад тоа дека некој ден ќе пробам секс со личност од истиот пол..
не сум за , не сум против воздржана (инаку ми се пушташе пред извесно време лезбејка на нет, и фино културно и објаснив дека не сум заинтересирана и престана)
Од македонската популација лошо, лично од мене добро! Нормално. И тие се луѓе, не се марсовци! Имаат некои пореметувања, но сепак тоа е нивна природа, нивно право на избор! Тие уживаат во тоа, тие се сакаат една со друга, искрени се кон себе и не се лажат дека им треба дечко! Зошто би ми пречеле?! Си го живеат животот на начин за кој мислат дека е најдобар!
Бисексуалност.. (женски) Што мислите за бисексуалноста? Сите мислиме дека не е нормално но кога тоа ке го надвладее човекот .. се случува.. Како на пример мене ми се случи тоа.. едно време многу беа запалена по зенски.. и сакав да пробам со зенско .. пробав и ок ми беше но сепак не е тоа тоа знаеш дека неможеш јавно да се експонираш све треба тајно да правиш .. и малце тоа крши филм но сепак и понатаму би продолзила со женско но несакам никој да знае.. и би сакала некако да ме советувате како да гоо изведам тоа и дали има некои зенски да дружба онака... !! можда некои од вас ке ме сметаат за ненормална но сепак 21 век сме нели ..
Бисексуалност.. (женски) Кој век и да сме, ако сум против нешто најмногу тоа е токму ова дали се работи за машки или женски. Природата не за џабе така не создала, ако почнат сите како тебе да размислуваат кај отиде светов ? Ќе има ли продолжување на видот човек ? - НЕ. Среќа што ова е сеуште осудувано барем кај нас додека сум жива не сакам да гледам вакви работи во јавност, утре што ќе му кажам на моето дете јас кога ќе ме прашува ако види на улица такво нешто ? Дај ви се молам, посетете психијатар подобро е стопати отколку вакво размислување. И гледајте повеќе личности од спротивниот пол, ти гледам имаш 17 години ехее животот пред тебе е сврти се наоколу, секакви машки има И коментарот: ``ако е некој за дружба`` воопшто не ми се допаѓа ако намерата ти е таа што ја помислив кога го прочитав. Срамота !
Природата вака природата онака .. аман .. 21 век сме .. децата ова ке глеале децата она .. машки вакви онакви .. значи .. секој си има свое прво на избор затоа и господ создал два пола.. како прво мислам дека несоодветни зборовте се болни вакви онакви .. треба да се припазуваат речниците .. него срамота е да лажеш крадеш и вошки да имаш се друго е гола вода.. И најбитното секој одлучува за своите постапи и ете заради многуте вакви шо осудуваат неправилно од страна .. шо имаат изумрен авантуристички дух или имаме различни авантуристички духови но сепак ако сме различни од нив сме болни .. е се дур има вакви .. ГАД народ ке си останеме !
Јас лично (без навреда за некој, ова си е мое мислење), неможам да замислам да се дружам со лезбејка или бисексуалка. Ке постои оној страв во мене да не ми се пушта, не знам што муабет би правела со неа, едноставно не ги можам Пак ке кажам, не сум дискриминатор, немам ништо против нив нека си се љубат само нека стојат подалеку од мене Но, од друга страна пак, многу голема желба имам да си имам едно Геј другарче.
Јас немам апсолутно никаков став према тоа, кој како сака така нека си прави. Дека не е природно не е, дека не е прифатено и тоа не е. Ама секој со свои потреби и желби. Во секој случај не ги осудувам, ниту би направила нешто ако дознаам дека некоја моја другарка/познаничка е лез/би, под услов да не и се јавиле симпатии према мене . Ама нови пријателства со некоја девојка за која го знам тоа искрено малце би ми било... онака
Еве од машка страна до сеа во ниеден муабет (машки ) не сум слушнал противење многу добро се прифатени , од наша страна
Како прво, кај нас вистински лезбејки нема да видиш како парадираат со својата сексуалност. Лично познавам две такви девојки, и двете личат на машки, и сакаат жени. Не оправдувам исфорсирани лезбејки како „познатите“ Миа и Маја, што не пропуштаат прилика да се сликаат залапани и „у љубов“. Секој со своето, немам никаков проблем да се дружам со такви луѓе, па и да ми се пушти, тоа би го сметала за комплимент. Немам никакви предрасуди, поубаво човек да си ја признае сексуалноста на себе, отколку цел живот да живее во плакар и несреќен.
Немам ништо против нив, се дур не се шлапаат на сред улица,да ги гледаат мали деца, да се соблекуваат по телевизии. Ми се има пуштено бисексуалка, бевме кај другар собрани, типкава седна до мене,муабет едно друго,и приметив дека малку повеќе се опушта. Станавме,си отидовме,и после другаров кажа дека е бисексуалка.Се почувствував искористено. До сега,лезбејки не сум приметила јавно да се покажат,и тоа е добро.Дискрецијата во ваква малограѓанска околина е паметен потег.
тоа кај нас сеуште е табу тема за разговор.али немам јас предрасуди,кој како сака така не прави и со кого што сака искрено баш б сакала да дозивеам некоја таква лудост да го остеам таквото искуство!тие девојки ги подржувм бидејќи тоа е голема трансформацја на нивното его како зени!истото се однесува на бисексуалките,една прјателка,ај да не ја нарецам познаничка е бисексуалка и е горда на тоа и во една прилка казала дека ВИЕ НЕ ЗНАЕТЕ НИШТО ОД ТОА БИДЕЌИ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ.ЖЕНАТА НАЈДОБРО ЗНАЕ ДА ЈА ЗАДОВОЛИ ДРУГА ЖЕНА!!!!
^^ Јипман2 Лезбејките или бисексуалките...Баш ме интересира? Дали ти би имал врска со бисекс. или дали би се согласил да ја делиш својата девојка со друга девојка? Лично јас немам ништо против, не ја ценам и почитувам личноста според секс. определба, ако сака да љуби девојка ОК, тоа си е нејзина работа...не ми е чудно ниту пак би добила нагон на или гадење. Што се однесува до јавно искажување на емоции и љубакање ќе ја свртам главата... не затоа што мене ми е непријатно зошто 2 девојки се љубат, туку затоа што е глупаво да зркнеш :geek: и да буљаш додека некој си искажува љубов...Истото би го направила и доколку станува збор за личности од спротивен пол. Е сега ако ќерка ми дојде еден ден и ми соопшти ваква вест да бидам искрена ќе бидам изненадена, разочарана и тажна, најмногу затоа што нашиов менталитет не е подготвен да ги прифати хомосексуалните врски. Во никој случај нема да се откажам од неа, да ја избркам од дома и сл. , таа е мое дете и сигурно нема да и речам дека е ненормална, пореметена или има некаква си генетска грешка. Ако ми било судбина да имам снаа за ќерка, а не зет...Боже мој, подобро и неа да ја прифатам отколку да го изгубам сопственото дете, дете за кое сум жртва и за кое се ќе направам.
Во денешно време демек се повеќе и повеќе сите женски стануваат би или лезбејки .. како па да не .. тоа е нова мода .. така ? после 2-3 години и на ова ќе помине модата.. па ќе се чудат како ли го правеле тоа некои може и ке се срамат од тоа.. Јас лично како не толку бисексуалка.. (пошо се имам љубено со 3 девојчиња до сеа.. од страна сигурно би ме сместиле у таа група) како и да е тоа шо сум го праела со личности од мојот пол не било од љубов или слично се е од забава..авантура..или адреналин.. како и да е сигурно не мислам да се зимам со жена..да не бегам од темата //ете пошо го имам донекаде искусено тоа за прифакање на би и лез кај нас.. мислам дека не се прифатени и не само они туку и гејовите.. и мислам дека не треба да бидат прифатени .. али сепаак на тоа не треба да се гледа како да е УБИСТВО.. Се што правиш правиш за себе.. на кој како му е убаво така нека прави !!!!
Против. Ниту е природно, ниту има корист. хахаа Ако ви текнува со Саманта, врската со лезбејка.... Маж, си е маж, машко тело, градба, сила, карактер, колку и да се нервираме некогаш, не можеме без нив...