Бисексуалки и лезбејки не осудувам, не сметам дека хомосексуалноста е болест, но не треба се понашаат како шлакнати со мокра чорапа и да не бидат нападни и вулгарни, да не се пуштаат на која ќе стигнат користејќи крајно сељачки методи. Не сите, но поголемиот дел при памет се прават будали, праќаат слики кај што мастурбираат, слики од голи цицки, сликани во некои глупи пози ама буквално на која ќе стигнат. До некаде и самите допринесуваат да бидат осудувани. Познавам хомосексуалци кои не кријат дека се ,но држат достоинство и никој од друштвото не ги осудуваше, со горенаведеното однесување сами ставаат еден ѕид пред себе и поттикнуваат останатите да ги им ги генерализираат лошите постапки , па заради нив се ствара лоша слика и кај останатите хомосексуалки кои се однесуваат нормално. Не дека нема хомофоби, но лезбејките се помалку осудувани за разлика од гејовите. Сите мажи се палат на лезбејки , а повракаат од педери така да....
Сум приметила дека машките се палат на лезбејки и тоа ептен.Почнувајќи од лапање до lesbo porn.Јас немам ништо против нив и тие се луѓе. Лапајте се сакајте се ваш живот имате supoort од мене сите.И жал ми е што живееме во општество каде сите те прават будала ако си поразличен од нив. Еве јас се имам лапано со женско, сакав да го видам филингот.И не ме привлекуваат женски ич ама ич.И многу луѓе знаат за тоа.И сум слушала работи од типот на еј би си?Еј лезбејка си?Еј се допиравте?Не луѓе fuck off.Затрескана бев во друг.Сакав да пробам пробав пошто ми се може а немаат право да ми судат.
хахахах мене ми се супер gay people за разлика од некои луѓе.. само не ми е јасно како луѓето не сфаќаат дека и тоа е љубов.. болест било..офф со нашиов менталитет
Прекрасно се прифатени. Жените не ги заприметуваат или помислуваат како би било да ги легнат. Мажите ги замислуваат како со него имаат тројка. Сума-сумарум сексот ја покрива целата приказна.
Од секад сум знаела дека сум би. Дури и од многу мала првиот бакнеж ми беше девојче од мое маало. Проблемот е што скоро сите што ги познавам не ја поддржуваат ЛГБТ заедницата. Искрено срам ми е да кажам пошто знам како пола и повеќе ќе изреагираат. Читав статуси на фб кога излезе објавата за геј парада во Скопје. Не било нормално на такви работи да се вложува пари и секој кој што ќе излезел ќе бил истепан со палка. Пазете, од луѓе кои што ги знам и се имам дружено со нив. Искрено не гледам друга опција освен да се преселам за неколку години надвор од државава. Многу ми жал што не сме прифатени ко да живееме во Средниот Исток.
Не се сите такви... немој да се разочаруваш. Во секоја држава можеш да најдеш луѓе кои се хомофобични... Вистина, кај нас повеќе отколку во Шведска, ама и тоа се менува полека.
А зошто воопшто некој треба да ја знае нашата сексуална ориентација? На темава, лезбејките се повеќе прифатени кај нас отколку оние што се геј. Така мислам.
Знам јасно ми е. Имав другар што е геј ама долго време живее баш во Шведска. Тука ретко ако имам поддршка, само трачеви. Со моите зборев на оваа тема и со друштво. Погрди зборови и закани немам слушнато во моево 18 годишно постоење.
Ама нема потреба на луѓето да се правдаш која си и што си и што сакаш. Терај си со животот. Не прави муабет на таа тема.
Па не е само да не зборуваш на таа тема.. Треба и да се криеш ако си во истополова врска... не е лесно тоа.
Не е работата во прифаќањето туку величење на нивната ''сексуална ориентација'' тоест изопаченост. И јас сакам згодни девојки па што треба по улици да шетам сите да го знаат тоа? Да не бидам сфатен погрешно, не ми смета кој со кого спие туку ми смета рекламација и величење на такви работи бидејќи не се добар пример за нашите потомци.
Изопачени се убијците, силувачите, соципатите и слично, а нормален човек не го ставам во изопаченост.
Како бе луѓе поприфатени биле девојките од машките? Во која држава живеете? Пошто во фиромистан единствено поприфатени се низ муабет за сексуална фантазија како сите би сакале тројки со нив, или гледале на порнхаб такво клипче па јако им е кога ќе видат две девојки. Нека побара геј/би двојка кај нас основно право на брак, еве не мора ни право, нека си прошета таква двојка за рака (не зборувам за јавно pda, туку за нормално шетање под рака) ќе ги видите одма како сакаат да ги палат, да ги тепаат, срамота, изопачени, болни, да цркнат, да одат во пеколот кај сатаната и многу други "убави" желби им се посакуваат, одма. Па имаш мажјаци кои пола порно во животот што го имаат изгледано е со 2 жени, па тие почнуваат да кукаат како ли ќе си ги воспитале децата, не требало така да гледаат и што ти ли не. Никако не се прифатени кај нас, сум била сведок на бркање од дома, на ќотек, на носење на психијатар за да се лечат, на секакви хорори. Најфиромско и најдно мислење што го имам слушнато од една е дека поарно ќерката курва да и била, отколку геј. Па сега вие видете колку се прифатени.
Сигурно си видел слики од геј парада, мене тоа не ми личи на нормално, вам незнам, па уште и мали деца носат што појма немаат што е полов орган а не секс... Убиец може да биде и човек кој извршил убиство во самоодбрана така да не сите убијци се изопачени. И да се надоврзам на темата. Верувајте дека никому не му е грижа кој со кого легнал, туку само сме против промовирање на такви работи.
@Naija Такви што би тепале со палка на геј парада - не им требаат во животот ниту на паметни стрејт луѓе. Тоа кога и пред кој круг на луѓе ќе се одлучиш за coming out е само твој избор, но и без да се отвориш, ич не оддржувај блиски односи и не гаи пријателски чувства кон такви радикални персони кои не го прифаќаат она што ти знаеш дека си и ти. Инаку таква е во глобала ситуацијата кај нас, за жал, но сепак не се сите такви - денес има и тука организации за на ЛГБТ луѓето и личности што ги поддржуваат нивните права. Нема за што да се срамиш и да не прифаќаш кај себе, не дозволувај околината да ти влијае