@worrieddd Дискриминирани хетеросексуалци. ДИСКРИМИНИРАНИ ХЕТЕРОСЕКСУАЛЦИ. Добро, се читате пред да напишете нешто? Кога ќе убиваат хетеросексуалци како кучиња (порано почесто, денес уште застапено во некои земји), кога ќе ги затвораат како да се убијци по затвори, кога ќе ги тепаат по улици, кога ќе им негираат право на брак, кога нема да ги вработуваат ради сексуална ориентација, кога ќе ги плукаат кај стигнат, кога ќе ги нарекуваат ненормални, тогаш за дискриминација муабет, дотогаш уживајте си ја привилегијата на basic hetero females и не тропајте глупости.
@theowndemon Ок луѓе, живејте си го животот. 21век е нели...? Јас не го гледам светот и сексуалноста само врз основа на мое мислење(ете така ми текнало), туку конкретно имам такви ставови поради религиска основа. Светот е отиден во аут ... вие што верувате во Бога и читате Библија, немој да ми кажете дека ова е одобрено. Не, не е одобрено и е одвратно. За грешно веќе да не зборуваме, бидејќи сите грешиме само зависи во што. Толку од мене на оваа тема. Ако си мислиш дека не ми е разбрано грешка си. Само сакам да кажам дека не е се исправно. А зошто - тоа го напишав во горното мислење.
Многу интересен феномен ми е што така селективно си ја земате Библијата, селективно применување на истата, кое лицемерие сте вие верниците, како живеете со себе ? Во таа твоја Библија исто пишува да не се лаже, да не се краде, да не се гледа туѓата жена/маж , сексот да се користи во репродуктивни цели, да не се осудува поразличниот .. А спротивно од сето ова се случува на дневна база дури и од најголемите верници !!! Ако ги почитувате тие начела, почитувајте ги во целост, не тоа што вам ви одговара.
Совршена подлога за дискриминација и предрасуди, кога ја употребувате религијата за оправдување на своите ставови и мислења. Еманципацијата е тежок и болен процес. Но сепак, треба да се работи на истово, уште во "утробата" на семејните вредности. Страшно е ова што го читам.
Се е така како што кажа. Сигурно нема да зборувам нешто ако не го почитувам. Кажувам за себе. А другото е се така како што кажа ти. И за мене се страшни некои работи.
О...кеј. Конкретниот одговор, кој не го даде, е дека А е нормално, а Б не е, зошто А е одобрено од Библија? Стварно конкретно те прашав према тебе како одлучуваш нешто да е нормално или не. Jeez.
А ти како одлучуваш? Или за тебе се е нормално? Јас сум изгледа глупава не знам, ако сакаш да ми кажеш.
Изгледа си. Не одговарај на прашање со прашање. Ти беше поставено прашање, одговори го па тогаш возврати.
Ме замисли. Само прашав бидејќи навистина не знам да одговорам поразлично од тоа што веќе одговорив претходно. Моето исправно и нормално го темелам библиски. Не знам што не е јасно. Па затоа прашав дали има друг начин на одлучување? Како знаеш што е добро-лошо, исправно-неисправно, нормално-ненормално? Врз основа на што одлучуваш ти?
Па гледам дали нештото штети на личноста или на околината, за почеток. Ако штети на некој треба да се помогни да се надмини, пак не би рекла дека не е нормално, зошто не знам дали ти се верува, постојат луѓе со разбирање за разлики на други луѓе макар од некои да се окарактеризирани како "ненормални". Следно, сфаќам дека осеќаш некој страв, и самата пиша дека некогаш ние хетеросексуалните ќе бидиме дискриминирани, но во идеален свет никој не би бил, ама тоа е таа фрустрација, желба да се доминира и страв од инфериорност. Сфаќам. Затоа и те прашав тоа што те прашав кое ти се обидуваш толку невешто да избегниш да го одговориш. За глупавоста сама си стави зборови в уста, не ми ги препишувај мене тие зборови. Ајде сега ти.
@worrieddd Зошто се осеќаш привилигирана и супериорна да одредуваш што е правилно а што не, кој како и со кого да живее ? Зошто кога ти навредуваш хомосексуалци дека се ненормални и расипани, твоето се смета за мислење, а кога хомосексуалец ќе те нарече затуцана или ретардирана, ќе го сметаш за увреда и дискриминација ?
А зошто некој да се најде увреден поради туѓо мислење? Јас нема да сум навредена ако знам дека моето е исправно. А за ова другото само си кажувам став. Не ли смеам? Не сваќајте погрешно не сакам никого да навредам, само не подржувам.
А што ако верувам во Бога, а не читам Библија. Или по дифолт ако не си рисјанин, не си ни верник. Постојат и други религии, in case you didn't know. И како тоа побогу верувате во него, а неговата големина да суди си ја припишувате себеси? Мислам дека хомосексуалец што се помирил со себе и се прифатил таков каков што е, Бог веќе му простил. Луѓето го мразат, ама омразата е човечка работа, а не божја. Верата треба да не учи на љубов кон себеси, кон луѓето, кон хомосексуалците, кон секого. Толкувањето на религијата е она што не ограничува.
Не судам јас, така пишува. Има принципи. И ок, ако така мислиш. Јас не мислам така. Бог ги сака сите и простува ако се покаеш. Зошто би постоело покајание ако не постои грев и неисправни постапки? Бог се дружел со грешниците, а тоа сме сите ние, и им укажувал на лошите работи кои ги вршат. Не прифаќал нешто ако не е исправно, туку зборувал со луѓето за нивните слабости, за да се покаат и да се трудат да не грешат повеќе.
Убаво рече Лавстоунд, добро правило е тоа „или практикувај ги сите правила од Библијата, или не проповедај ниедно“. А не верувам дека меѓу луѓе со пристап до интернет има толку нееманципирани личности што цел живот им е диктиран од тие правила. Барем се надевам дека е така. Инаку, интересно е како drag queens и такви најшарени queer видеа стигаат до верскиве фанатици. Тврдам дека за ЛГБТИ заедницата статистички многу повеќе опседнато зборуваат исплашениве хомофоби, отколку што самите се „промовираат“.
Знаете што ќе ве прави добри верници?Тоа што ќе ги гледате сите како слични на вас.Тогаш кога ќе нема да сте полни предрасуди и кога нема да дискриминрате други луѓе.Религијата е создадена со цел да се шири доброто,а не да има бариери насекаде.Човекот се проценува по тоа како размислува за различни сегменти од животот.А,не дали е геј,црнец,низок или висок.Подобро некој да си го промени полот ако мисли дека е роден во грешка пол,отколку тоа да го потиснува цел живот.
@worrieddd Да, во Библијата пишува дека гејовите ќе горат во пеколот, ама пишува и дека тие што се дрзнуваат да им судат исто така прават грев. Ваша работа како верници е да не судите и да бидете полни со разбирање за секој. Зарем не е тоа пораката на христијанството или јас погрешно сум сфатила? На крај краева зарем мислиш дека на едно семоќно битие како Бог би го интересирало со кого некој гледа телевизија на кауч навечер, ако истиот е добра личност и редовно им помага на сиромашните (пример)? И тие се луѓе како тебе, не се чудовишта. Имајте малку емпатија.