Се извинувам на сите кои што не се почувствувавте добро поради моите мислења. Не ве разбирам, се надевам дека ќе успеам еден ден. Бог не' сака сите. Сеуште верувам дека не одобрува се што ние луѓето мислиме дека е нормално. Тоа не значи дека не не' сака.
Јас пак читајќи по вакви теми уште не можам да сфатам што се морални вредности. Нека ми дефинира некој, сериозно. Како што кажа некој претходно, нели верата учи сите да се прифаќаме и сакаме меѓу себе? Нели верник не може да биде лош човек? Што се случи? И што ако некој геј или лезбејка воопшто не ја ни следи библијата и нејзините правила? Што ако воопшто не е ни верник? Ама не, сте се фатиле за една книга ко слеп за стап и така мора сите да живеат...
боже темава кај иде хахах...лезбејки и геј момци не се од сега...имало и кралеви и кралици и папи и калуѓерки и незнам више кои, што биле ГЕЈ така да незнам што ви е толку чудно
Нема посебна дефиниција. Индивидуално е. Зависи од тебе и од тоа што прифаќаш, размислуваш и правиш. Можат да се сменат во текот на животот - и очигледно се менуваат.
Јас на пример ако слушнам дека некој не прифаќа лезбејки не би сакала очи да му видам. Не знам која ќе остане ,,за тебе".
Аха, кул. Значи што сфативме е дека прифаќаш геј човеци кога имаш „бенефиции“. Нема да најдете поприфатлива особа од него!
Само едно прашање имав. Ти да не си таа што зборела со св. Петка па сфатила дека не е Св. Петка? Па исти такви хомофобни како него. Јас знам хетеросексуални мажи што биле цимери со хомосексуалци. Што имаат хомосексуалци во гаќи видено! Гледам ни еден од нив не се "попедерчил". Ваљда не е заразно, што знам
Нормално според мене е она што го налага општеството. Не очекувајте кај нас хомосексуалноста да се прифати како нормална. Барем не сѐ уште.
Кое општество? За различни општества нормални се различни работи. Што ако по сплет на околности се преселиш во земја во која хомосексуалноста се смета за нормална и геј браковите се легални? Ќе влијае тоа на твоето индивидуално гледиште и прифаќање?
Ќе прочиташ нешто повеќе од Библијата. Вака делуваш ко да немаш свое јас и не си способна сама да развиеш некое размислување.
Јас на хомосексуалноста гледам како нормална појава. Моето мислење го оформував додека имав прилика да комуницирам со хомосексуалци и да сфатам дека тие не се ништо поразлични од нас. За жал таа прилика ја немав кај нас, но имав среќа да излезам надвор од Македонија и да сретнам менталитет различен од нашиот. Затоа и реков, кога мнозинството околу тебе ќе има позитивен став за било која појава, истата со поголема леснотија ќе може да се прифати.