Како да не биле сите хомосексуалци...Не бладај. Со ХИВ ќе се заразиш ако не користиш кондом... можеш и еден партнер да имаш, а тој да имал два, па да закачиш ХИВ. И што се секираш ти? Најди си партнерка која немала секс претходно, апстинирај и ти, немај секс.. и нема шанси да се заразиш со ништо.
@EvAngelos Јас стварно не знам како да реплицирам на толкави глупости што изнапиша, сериозно почнувам да мислам дека тролаш. Мојата теорија за вашиот неоправдан страв од хомосексуалците е следнава: Замисли ама само замисли еден ден не испаднеш толку добар 'бравар' како што мислиш дека би бил по дифолт, јер мајка природа и компатибилност не работат по принцип на кој што ти мислиш и жена ти по игром случаја најде друга опција со мултипни оргазми. Замисли само
Еве ти извештај од 2016 година: АЛАРМАНТНО: ХИВ и Сида рапидно се шират меѓу хомосексуалците во Македонија https://vecer.mk/makedonija/samo-za-shest-meseci-20-novozarazeni-od-sida Во 2015 година имаше 5 нови случаи на заразени со сида во рок од 3 месеци, сите беа хомосексуалци. https://time.mk/c/c485899cb6/5-novi-slucai-na-hiv-sida-za-3-meseci-site-se-homoseksualci.html Еве ти извештај од лани (2017 година) И тоа ли е стара статистика?? https://sitel.com.mk/22-novi-sluchai-na-zaboleni-od-hiv-site-se-mashki Веројатноста да се заразиш од секс со 100 партнери, наспроти од секс со 1 партнер е 100 (сто) пати поголема. Добро е, ја мислев уште у првиот риплај ќе преминеш на адхоминем, ама ти издржа цели 3 поста. Тоа е тоа академско дебатирање на "слободоумните".
Што мислам?? Па, мислам и се молам на Бога да им помогне и да ги врати на правиот пат..што би можела друго да помислам
Никако. Другарка ми јавно си кажа дека излага и со девојки и одма цело друштво се отргнува, мислиш кој знае каква заразна болест има.
Ти ја сфаќам поентата и апсолутно си во право. Веганите исто така се право и не треба да убиваме кокошки ни под разно. И сега што? Тоа не го менува фактот што хомосексуалноста се разликува од зоофилијата со моментот на консент. Туку целава филозофија со клучеви и брави ти паѓа во вода ако немаш ништо против стрејт луѓе што практикуваат анален и орален секс. Ако и за нив мислиш дека се ненормални, би било логично во тие теми да проповедаш, бидејќи не се само хомосексуалците што имаат анален и орален секс. А и не кажа што да правиме со жените хомосексуалци. Кај нив слабо сидата, кажи некоја друга причина зошто да ги конвертираме.
Па и тебе не те гледам нешто да проповедаш по веганските теми дека убивањето кокошки без нивна согласност (пардон „консент“) е неуба работа. Се ми се чини ко да не ти е многу гајле за животните, ама ете го користиш тоа „консент“ за да ги морализираш хомосексуалците, небаре ако е нешто со „консент“ тоа по автоматизам е нормално. Можам да набројам стотици работи што се со „консент“ а сепак секој разумен човек ќе ги нарече ненормално. На пример замисли се шеташ по улица и гледаш човек како има секс со колата (во ауспухот нејзин од позади Што ќе си помислиш за тој човек? Хммм дали овој човек побара „консент“ од колата или одма ќе си речеш: а ауууу какви се ненормални луѓе има по градов Ја одма би му викнал жолто комбе да го собере и правец у Бардовци, па таму нека расправа дали побарал консент од колата или не. Или ај малку посериозно, што ќе кажеш за возрасен и свесен човек кој сака да си се самозапали? Од кого да бара „консент“? Од сам себе. Ок, не е проблем. Ќе отиде пред огледало и ќе си побара согласност. И? Дали е нормален ако се самозапали? Си кажав што мислам за нив во претходен пост. И не мора да ги конвертираме. Ако покрај 3.6 милијарди пениси они решиле да имаат секс со двострано дилдо, нивен живот - нивна одлука. За мене тоа останува да не е нормално, ниту здраво и е промашување на целта заради која тие се создадени да бидат жени.
Јас баш ја читав во темата за вегетаријанци против убивање животни е. И не знам која е таа претенциозност и дрскост што ја имате да се вмешувате во туѓи животи па уште да изигравате гуруа некакви просветители ми мириса на страшни комплекси. И што не е здраво кај женски секс? И за што се аоздадени жените? Ти никад жена нема да најдеш со вакво размислување џабе си стрејт
Озбилно? Ај пушти линкче, баш ме интересира, пошто ја немам забележано такво нешто. За кого збориш овде? Кој се вмешува во туѓи животи? Дали секое став кој не е идентитечен со идеологијата на ЛГБТИ го разбираш како „вмешување во туѓи животи“? Еве по 100ти пат ќе кажам: „Мојот став е дека хомосексуалноста не е нормална сексуална ориентација, туку е дезориентација и е инверзија на сексуалниот нагон“. Тој е мојот став и со него ја не се вмешуваш ни во животот на Петко, ни Станка, ни никој друг. Извини што имам различно мислење од тебе на темава, ама ете имам. Во животот ќе сретнеш многу луѓе што различно ќе размилуваат од тебе на многу теми. Навикни се на тоа. Ја би рекол дека ад хоминем аргументите од типот „ти никад жена нема да најдеш со овој твој став кој се разликува од мојот...“ или „ти сигурно немаш задоволено девојка па затоа пишуваш ставови кои се разликуваат од моите...“ е ова се тие сељачко-прости коментари со кои соговорникот се издава дека нема аргументи, па затоа мора да ја напаѓа личноста со ад-хоминем и да се вмешува во нејзиниот живот.
Ја ти гарантирам дека е реткост да најдеш девојка на која можеш да и кажеш кај и местото и што и е задача а ти како сакаш можда ако го промениш ставот ќе се усогласиш со некоја вака тешко.
Ама тебе стварно не ти е јасно изгледа како работи барањето и добивањето консент. Би ми било задоволство некогаш детално да ти објаснам, сериозно ова. Ненормално - поимов најдобро е да го избегнуваш бидејќи дефиницијата се менува цело време и тоа што е нормално не значи дека е добро автоматски. Нездраво - нешто што штети по здравје. Лезбејките не гледам да имаат здравствени проблеми од сексот со девојки, дури напротив. Репресијата би била нездрава. Промашување на целта заради која била создадена жената - секако дека за преживување на човечкиот род жената еволуирала приспособена за начинот на раѓање деца, иако не во целост совршено. И што? Дали тоа значи дека секс треба да се има исклучиво за репродуктивни цели? И депилирањето е промашување на целта за која биле создадени влакната. Кој ти е аргументот?
Има само две главни причини што хомофобите се хомофоби. – Религија и свети книги (кои секој ги толкува како што сака и си бира кои правила ќе ги почитува, а кои не) – Став дека жената е создадена да раѓа, а мажот да ѝ прави деца Тука нема ништо разумно, ниту природно и нормално. Тоа се наметнати размислувања на кои рокот на траење им е одамна поминат. Сè друго што се спомнува уз пат (депресии, сида итн.) во сосема погрешен контекст, е колку да се изгледа демек емпатично. А упорно објаснување на човечката сексуалност со клучеви и брави значи основно непознавање на биологијата, а и тролање и спамирање. Трагикомично е и не е вредно веќе за дискусија.