Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Те бива за дипломатски „одговори“. Одлично ги избегна прашањата.

    Ако зголемените депресии и самоубства помеѓу лезбејките за тебе не се штетни по здравје, не знам што е штетно тогаш.
    И класика сега ти ќе кажеш ама тие паѓаат у депресии и се самоубиваат бидејќи не се целосно прифатени од општеството... демек затоа што некој чудно ги погледнал затоа тие се самоубивала, приказни за мали деца. Има еден куп луѓе што не се целосно прифатени во општеството па не паѓаат у депресии, не се самоубиваат (мислам не повеќе од сите останати, не дека се имуни). Еве и јас како протестант ти кажувам дека протестантите се 10 пати помалку прифатени во Македонија во споредба со лезбејките, па сепак не се самоубиваат, ниту паѓаат у депресии. На луѓево дури и им е кул ако дознаат дека некоја е би или лез. А ако чујат дека некој е протестант, одма си мислат дека тој/таа пие крв, дека жртвува бебиња, дека работи за ЦИА и сл.
    Или што да кажат ромите кои нашето општество ги нарекува цигани, ѓупци, баци и ги третираат како џукели по контејнери и раскрсници. Тие не се прифатени како луѓе, како човечки род, па сепак депресиите и самоубиствата кај лезбејките се поголеми отколку кај нив. Значи на друго место е проблемот, ама знам дека ќе тераш инат.

    Не е точно дека еволуирала и не е точно дека е создадена само за да раѓа деца, слично како што и мажот не е создаден само за да прави деца. И не е точно дека сексот има само репродуктивна функција. Да беше така ќе имавме и ние како мачките „сезона за парење во февруари“.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Мислам дека биологија и не треба да се меша, во анатомијата детално е објаснет полов однос помеѓу два различни пола, а не помеѓу исти. Ете и цветовите да ги земеме за пример, нели и тие имаат и машки и женски пол?

    Дека не е нормално НЕ Е, а дека ми смета, НЕ, не ми смета, за мене е сеедно кој што прави, би ми сметало да сум во близина на некој стар Геј кој не може да си ја задржи столицата од многу рмбање :D
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ти кажав на што се должат таквите растројства... на осуди, напади, омаловажувања, дискриминација, не прифаќање, изолирање итн итн.. Од такви како тебе!

    Ко така, не би требало ни до стара жена која практицирала чест анален секс да седиш |(


    Што се', нема човек да чуе/прочита... Не знам дали да плачам, или да се смеам..
     
    Последна измена: 17 август 2018
    На Lella, crimson, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Колку си само ограничен човече.
    Депресијата не познава ни пол,ни раса, ни вера, ни возраст, ни сексуална ориентација.
    Од каде ги вадиш овие статистики, така ви пренесува пасторот ? Или пак од некоја квази статија ?
    Форумов ти е доказ, дека секој може да биде депресивен и да има суицидални мисли.
    Геј луѓето не паѓаат во депресија од мислењата од рандом луѓе. Ги заболе онаквото сите што мислат небитници како тебе кои пикаат нос во туѓ живот.
    Ги болат осудувањата од најблиските луѓе, на кои побитни им се некои споредни ствари отколку среќата на сопственото дете. Скоро секој втор геј човек е истеран од дома, при соопштување дека е геј. Никаков контакт со фамилија, отсечување во секој корен.

    Му е гајле некому што мислиш ти и твојата безгрешна дружина. :puke:
     
    На DAngel, Lella, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  5. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Па исто би било и за старица, тоа што не ми е прифатливо сама не го правам, а на други не им бранам. :D
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Е супер... Само уште да не ги викаш 'ненормални', и немам ни една друга забелешка... искрено :)
     
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.466
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    Биологија да се меша не е логично, а религија да се меша логично е. :D

    Постои хомосексуалност и кај животински видови, пошо нели не е природно. Две машки кучиња, едно врз друго треба да се лечат.
    Хомофобија е застапена само кај човекот и не треба да се лечи, треба да се негува. (facepalm)
    irony
     
    На FallenAngell, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.474
    Допаѓања:
    165.787
    Пол:
    Женски
    Ако сакате некој да не запаѓа во депресии и да не е суицидален, во случајов хомосексуалци, фино нека не ви е гајле за нивниот живот и оставете ги да си го живеат на мира со луѓе кои ги сакаат, со соодветна терапија против депресија дури. Одма ќе бидат посреќни, џабе ви е лажната емпатија, загриженоста и потребата да изгледате како поголеми луѓе, а не ќе да сте. Не можи да си и поголем чоек, и директен или индиректен причинител на болка на поединец.

    Да, за тебе е ова @EvAngelos зошто не можиш да збораш дека нешто е лошо од аспект на самоубиство за некој, а ти и таквите ко тебе се главна причина за таквите чувства на тие луѓе.

    И дур и да ме цитираш, ќе биди како сите други мислења каде само ќе докажиш дека не ти е гајле, а користиш сериозни состојби for the lulz. Не дека ова ќе те замисли, ама ете да ми олесни на душа.
     
    На DAngel, Lella, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  9. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Реков само дека не е нормално, а не реков дека се ненормални (бидејќи ненормален ме асоцира на повеќе работи)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Епа нормално е.
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    17.719
    Пол:
    Женски
    Искрено не ми сметаат, свој живот свој избор. Како што порано било неверството чудно, страшно, сега отворено се зборува за тоа, знам и мажи и жени кои кажуваат отворено дека се љубовници. Како што порано беше исто страшно да се продаваат девојките за пари со еден збор да се курви така сега е нормално сетотоа, сега се старлети нели мора некако да заработуваат за живот. Епа штом не ни сметаат луѓе кои растураат бракови, не сме загрижени за девојки кои си го продаваат своето тело, КОЈ сме ние да се бунтуваме против тоа дали некој е лезбејка, геј или би?
     
    На ane.bella, Briar Rose и diskreten32 им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Koга сме веќе кај природното и неприродното...
    @smb asr и @EvAngelos
    Го цитирав моево мислење од сдк.
    Eдит - а бај да уеј во природата има и хермафродитни цветови и животни. Ама да чуете дека некој човек има и машки и женски полови органи, можеби ќе се чудите или ќе го осудувате.:?:
     
    Последна измена: 17 август 2018
    На Briar Rose, Lella, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Арсен! За сите ... скроз природен!
    Реков веќе! :!:
     
    На Ketchup, 1209, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто се дрзнуваш да дискутираш на темава, а не познаваш општо познати факти дека депресијата, менталните нарушувања и самоубиствата, па дури и користење наркотични средства се НЕКОЛКУ ПАТИ ПОЧЕСТИ помеѓу хомосексуалците и бисексуалците отколку кај хетеросексуалците.

    Бујрум и научна студија: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3662085/

    Цитирам:
    Elevated rates of mental disorders, including substance use disorders, have also been reported in one-quarter to one-third of LGB adult respondents in large-scale health surveys
    Превод:
    Зголемените стапки на ментални нарушувања, вклучувајќи ги и нарушувањата на употребата на супстанции, исто така, се пријавени во една четвртина до една третина од ЛГБ возрасните испитаници во големи анализи за здравјето.

    Значи според оваа анализа, секој трет или секој четврт хомосексуалец или бисексуалец има ментално нарушување, без разлика дали е тоа очигледно или не.

    Понатаму пишува:
    A recent analysis of these data (Bostwick et al., 2010) confirmed a higher prevalence of lifetime mood and anxiety disorders among participants who identified as LGB, compared to those who identified as heterosexual. Men who reported same-sex sexual behavior or attraction reported a higher prevalence of most mood and anxiety disorders.

    Превод:
    Една неодамнешна анализа на овие податоци (Bostwick et al., 2010) потврдила поголема преваленција на нарушувања на расположението и анксиозноста на живот помеѓу учесниците кои идентификувале како ЛГБ, во споредба со оние кои се идентификувале како хетеросексуалци. Мажите кои пријавиле истополово сексуално однесување или атракција пријавиле поголема преваленца на повеќето нарушувања на расположението и анксиозноста.

    Еве ти и од Википедија: https://en.wikipedia.org/wiki/Suicide_among_LGBT_youth
    Research has found that attempted suicide rates and suicidal ideation among lesbian, gay, bisexual, and transgender (LGBT) youth is often significantly higher than among the general population.

    Превод:
    Истражувањето покажа дека обидите за самоубиства и суицидни идеи кај младите лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови (ЛГБТ) често се значително повисоки отколку кај општата популација.

    Итн. Ако не ти е доволно, ќе ти постирам уште. Ние можеме да ги интерпретираме статистиките и да дебатираме околу причините за менталните нарушувања, но не можеме да ги негираме фактите кои се очигледни.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А зошто не прифатиш, дека ти и таквите како тебе, се она што ги доведува до такви состојби хомосексуалците??
    Три пати ми го прескокна овој муабет!

    Не знам зошто те толерираат на форумот, со овие предрасудиве со кои се расфрлаш
     
    На Lella, Ketchup, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не е три пати прескокнато ова, туку 33 пати дискутирано и предискутирано на форумов.
    ЛГБТИ лобито и приврзаниците на ЛГБТИ идеолоигијата се тие што тврдат дека ЛГБТИ лицата имаат ментални нарушувања и се самоубиваат само затоа што постојат луѓе кои размислуваат поинаку од нив и не се согласуваат со ЛГБТИ идеологијата и сметаат дека хомосексуалноста е инверзија на сексуалниот нагон.
    Тоа што они тврдат така, не значи дека тоа е факт. Тоа е само нивна пропагандна интерпретација на статистиките.

    Моето мислење е дека тие имаат ментални нарушувања, депресии и самоубиствени нагони затоа што не можат да најдат исполнување во емотивно и сексуално некомпактибилните врски. Впрочем и затоа менуваат по стотици партнери, затоа што не можат да се врзат со еден/а.

    Некој жеден мисли дека ладната кока кола ќе му ја задоволи жедта. Но после 15мин пак е жеден. Коцкарот мисли дека следната добивка ќе го задоволи, но утре пак ќе виси во кладилница или казино. Зависникот од порнографија мисли дека следниот порно клип ќе го задоволи, но ќе остане цела вечер и секоја вечер барајќи вода во сувите бунари. Тоа што ние мислиме дека е задоволувачки извор, не мора да значи дека навистина е. И затоа доаѓаат фрустрациите, нервозите, депресиите. Кога нешто користиме спротивно од целта и дизајнот заради што е создадено, очекувано е да се појават и нус појави.

    И јас се чудам зошто во правилата на форумов не се напише дека овој форум ја застапува само ЛГБТИ идеолгијата и дека секое различно мислење ќе биде избришано, а неистомислениците ќе подлежат на инквизиција. Предложете го ова и предложете розевата боја да се смени со виножито и чао пријатно.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да. сето е заговор на ЛГБТ лобито и Илуминатите, и ХААРП-от ќе не спржи сите, а Земјата е рамна плоча.

    Е буквално на исто ниво се сите тие муабети.
     
    На 1209, Lella, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Болдот...Нели го мислиш и ти истото, или дека она што го прават е спротивно на природата?
    А подоле имаш пишано дека не мислиш така..
     
    На Ketchup и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.104
    Допаѓања:
    163.613
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ама не бе, казна од Госпо им се психичките болести зашто користат погрешна дупка.
    Можеби и булингот самите на себе си го прават... Или овие статистики се на лобито, Сорос, илуминатите... :?:
     
    На Lella, DAngel, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не е на исто ниво. Пропагандата е повеќе и од очекувана. СДСМ кога беше опозиција, очекувано беше да твтрди дека економијата паѓа и младите си одат од државава заради лошата власт на ВМРО. Сега обратна песна ќе пеат, а ВМРО како опозиција ќе ја вергла нивната песна. Смешно е да се очекува лобито на ЛГБТИ да вели дека сексуалната дезориентација на лицата е причинител за нивните ментални нарушувања, самоубиства, користење на наркотични средства, менување стотици партнери. Секако дека вината ќе ја префрлат на „другите“. Сепак тоа не држи вода, затоа што како што наведов примери, на земјава има реално неприфатени, дискриминирани и омаловажувани катеогрии на луѓе по било кој основ (како ромите кај нас), па сепак тие луѓе немаат толку чести ментални нарушувања и самоубиства како ЛГБТИ лицата.