Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ка ко да не. Три пати сум бил во Америка. Последно лани. ЛГБТИ лицата си уживаат поголеми права и од оние на хетеросексуалците!
    Иначе не знам дали забележи ама „студијава“ е водена од GLSEN кои се ЛГБТИ здружение, поранешното име им беше „Gay and Lesbian Independent School Teachers Network“. Така што ептен „објективен“ ти е изворов :)
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.593
    Пол:
    Женски
    Баш на твојот збор и во тоа што ти си видел и перципирал веруваме, уживај си. (fingers)
    И што ако е ЛГБТИ здружение зад статистикава? Нормално дека ќе е, тие се грижат за таа популација, во нивни анкети тие луѓе ќе се отворат како што треба. Секако нема да има правилни истражувања во врска со ова од Добра вест или Секој студент на пример ;) Исто е твоево како да кажеш дека, да речеме, студија на психолози и психијатри во врска со зголеменото присуство на анксиозност и депресија општо кај младите луѓе не е валидна, пошто нив им е тоа работа и во корист, сакаат повеќе профит... :?:
    Смешки.
     
    На WildMk, lovestoneddd, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Супер е кога одиш во клуб со помислата дека може нема да се вратиш жив само затоа што си геј. @EvAngelos, не сме во 1970, па да чекаме комшиите да се вратат од Америка да ни кажат како е. Имаме интернет и гледаме. Факт е дека ако не си роден ко бел маж, хетеросексуалец, цел живот ќе се соочуваш со предрасуди, помалку или повеќе.
     
    На Kacikakacika, sparklie, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  4. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Сами си го бираме патот по кој ќе одиме... но, да се сложувам дека не се самоубиствата само во хомосексуалните кругови. Не се осудувани само хомосексуалните лица туку и милион други. Тоа се случува затоа што не сме луѓе. Сигурно и вие некогаш на некого сте му пререкле нешто што можеби го повредило без да мислите. Ама дефинитивно мислам дека самоубиствата се најмногу поврзани со депресија и употреба на наркотици. Овие две често одат заедно. Во спомнатите состојби човекот не мисли разумно.
     
    Последна измена: 17 август 2018
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Во кој момент од твојот живот, ти одбра да сакаш и да те привлекуваат мажи ?
     
    На WildMk, Lella, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  6. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Не ти го разбирам прашањето. Што е битно тоа? Зборувам за друго јас.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Што има за неразбирање ?
    Велиш сами бираме по кој пат ќе одиме, така ?
    Кога одбра ти да сакаш мажи ? Донесе таква одлука или природно ти доаѓа таквиот нагон ?
     
    На WildMk, Lella, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Нормално ми е жена и маж да бидат заедно. И да убаво ми е и природно. Не сакам да те напаѓам.Те привлекуваат жени во ред, јас завршив со тоа некого да напаѓам. Ако имаш мајка и татко т.е заедница од маж и жена (извини ако немаш) дали ко ќе те привлекуваат жени ќе мислиш дека е нормално , или ќе мислиш што се случува со мене? Или тоа ме привлекуваат жени е нормално пошто некој некогаш некаде почнал да го практикува?
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Mуабетов се претвори во разгонетнување на мојата сексуална определба :D
    Ок во ред, геј сум. И нормално и природно ми е.
    Нормално дека сум растена во хетеро брак, и ме привлекуваат жени, и што, која ти е поентата ?
    Сите хомосексуалци доаѓаат од хомо бракови ?
    Не ме привлекуваат жени пошто некои две некаде во светот се заедно, туку пошто тоа сум јас.
    Исто како што си ти ти, не сакаш мажи пошто од памтивек хетеро постои како заедница, туку пошто природно ти доаѓа.
    Се разбираме сега ? :)
     
    На WildMk, 1209, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.593
    Пол:
    Женски
    Па и на сите нас тука ни е убаво и природно маж и жена да бидат заедно - во врска, брак со деца, без деца (дури и ако можат, само не сакаат - бидејќи тоа не е нужна цел со која се создадени) - како што сами си одлучиле.
    Исто така убави и природни во наши очи ни се и хомосексуалните врски со љубов и разбирање, па и бракови, и со посвоени деца во земји каде што е тоа можно.
    Не мора да си самата геј за тоа. Не мора да припаѓаш во таа група за да ти е сосема океј таква обострана љубов и секс со согласност меѓу две возрасни личности... треба само да си човек со проширени видици :)
     
    На Lianna Anna, WildMk, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Да се разбираме. Поентата ми е ако си растена во такво семејство првата мисла ко ќе сватиш дека те привлекува ист пол ти е дали е
    нормално ова што го чуствувам? Ок е. Но за да не поставуваат прашања веќе да не дојде таа мисла никогаш денес има толку многу едукативни програми(зборувам за запад) за деца и возрасни за да мислат дека е нормално. Епа јас не го подржувам тоа, што да правам ете. А има и многу други што не го прифаќаат и подржуваат. Има и одреден дел кој го прифаќаат и го подржуваат. Исто како што тебе не ти е нормално да те привлекуваат мажи, мене не ми е нормално да ме привлекуваат жени. И кој е сега прав? Како ќе го одредиш тоа? Ама се е нормално нели. Не се поставуваат веќе вакви прашања. А го почнав овој разговор пошто самоубиството е многу лошо. Тоа ми беше муабетот повеќе. Без разлика на се човек не смее сам да си го одземе животот. Сами одбираме дали ќе го направиме тоа. Па можеби се што ни претходело во животот навреди, неприфаќање од околината за ред разни работи не само за сексуалноста, не довело до таа последна одлука. Човек треба да се тргне од таквата средина и да оди каде што е прифатен, или луѓето да бидат повеќе луѓе и да не осудуваат. Но сепак самиот човек чуствува понекогаш дека не е прифатен и без тоа да му се каже. А тоа е веќе проблем кој треба да се реши. И доколку доаѓаат суицидални мисли треба да се побара помош и да се излезе од таквата ситуација. Сигурно нема друг човек да биде толку нечовек(пошто и тоа е страшно) за да не помогне и да биде со личноста во такви моменти.
     
    На Orthophill и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ме интересира кои права LGBT лицата во Америка ги уживаат повеќе од хетеросексуалците?
     
    На sparklie, WildMk, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.593
    Пол:
    Женски
    Ама девојче, нејзе не ѝ е ненормално некого да го привлекува спротивниот пол. На никого тука не му е, а не сум ни сретнала досега ни стрејт либерален човек да оди против себе, ниту пак геј личност да нѐ дискриминира нас стрејт луѓето - сите осуди се насочени кон геј популацијата.
    Според мене, оние за кои љубов меѓу две возрасни личности која не наштетува никому, е ненормална и изопачена - не се „прави“ (во право) и тоа е тоа.
     
    На WildMk, 1209, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Па тоа ми муабетот од каде постојат термините нормално-ненормално ако е се нормално? Т.е кон тоа се стреми светот да е се нормално. Но дали некогаш ќе биде така? И зошто е потребно нешто да прифатам ако е нормално? Ако е нормално нели треба по автоматизам да е прифатено?
     
    Последна измена: 17 август 2018
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @worrieddd значи пример мене ете ме привлекуваат мажи, а жени не. Но самото тоа што некоја жена не ја привлекуваат жени не го сметам за ненормално.
    Исто и кај тебе. Велиш не ти е нормално ТЕБЕ да те првлекуваат жени. Ајде океј, ама ти кажуваш лично. Прашање е дали самата хомосексуалност ја сметаш за нормална кај други луѓе. А гледам дека не ја сметаш. Ете тоа е разликата и тоа што сакаме да ти кажеме.
    И тој што е геј хетеросексуалноста ја смета за нормална, барем повеќето од нив.
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Па на пример тоа дека они можат слободно да ги хејтаат и супресираат сите што различно размислуваат од нив, да ја наметнуваат ЛГБТИ идеологијата (дури и порадикално од радикалните исламисти), да ги исмејуваат верниците, дури и со вулгарни шали за нивната вера и никој не смее да ги спречи во тоа (ниту па некој се замара да ги спречи), а од друга страна ако некој зуцне различно мислење околу ЛГБТИ идеологијата или изнесе свој различен став околу хомосексуалната дезориентација, веднаш врескаат „хомофоб! хомофоб!“ и паничат дека се дубоко повредени и увредени затоа што нашле некој кој замислете не размислува идентично како нив |(

    И одма тука срипуваат на сцена високо платени ЛГБТИ адвокати и им вршат инквизиција на тие што различно размислуваат од нив. Сетете се само дека до врховен суд стигна случајот на слаткарот Jack Phillips коj одби да направи торта со геј симболи, торта која не била ни на менито во неговата слаткара.
    Дали воопшто можете да замислите христијанин да довлечка до врховен суд исламски слаткар затоа што овој не би сакал да му направи торта со натпис „Исус воскресна“? Се разбира дека не можете. Христијанинот би рекол: „Извинете, не знаев дека не правите такви декорации. Во ред е, ќе побарам во друга слаткара“ И чао пријатно. Нема да провоцира и да ја дига цела Америка на нозе затоа што нашол слаткар што не ја подржува христијанската идеологија. Ми е гајле ако не ја подржува, ќе си одам кај друг слаткар. Нормално е во едно плуралистичко општество сите луѓе да не размислуваат и веруваат како мене. Но како што гледате тоа не е случај со ЛГБТИ лобито. Ете затоа.
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Се двоумев дали и јас да го дадам своето мислење на оваа тема. Ама еве ќе го пишам, да не напоменувам секогаш ова е лично мое мислење.
    Хомосексуализмот не е болест туку е грев. Дали тој грев им наштетува само на оние кои го вршат тој грев? Да, се` дури не силуваат, не го проповедаат тој грев како нешто што е добро (под добро не велам прифатливо) и не вршат разни пропаганди со кои навлегуваат во домовите и им се мешаат на родителите во воспитувањето на своите деца (овде не мислам во однос на превоспитување од типот: сите треба да имаат исти права и обврски и да не ги малтретираат и омаловажуваат другите). Што значи секој си има право да си греши себеси и не гледам зошто хомосексуалците би биле третирани посебно, се` дури не му штетат на другите.
    Дали треба да се “превоспитуваат“ хомосексуалците? Да, ако заедно со нив се превоспитуваат и оние кои имаат вонбрачни и предбрачни полови односи, во спротивно ќе бидеме лицемери.
    Дали треба да бидат омаловажувани, малтретирани, дискримирани итн? Нормално дека не. Треба да им се укаже дека и тие се луѓе. Ако одиме според верата, треба да знаат дека и за нив Христос беше распнат на крстот и дека го чека нивното покајание, како што го чека од сите блудници.
    Дали треба да им се озаконат заедниците? Реално не ме интересира. Тоа си е правно прашање. Ако со озаконувањето на истополовите заедници во пакет оди и закон за забрана на абортус, дури и би пропагирал да се донесе законот. :) Но, ако почнат да бараат права кај што не им е местото, како на пример да се венчаваат во црквите или да имаат право да бидат свештеници и сл. тогаш нормално дека ќе бидам против такво нешто.
    Дали треба да посвојуваат деца? Со правото кое го имаат на посвојување самците. Зашто на секое дете му требаат и татко и мајка, ама поарно да живее во некое семејство (реално, не сите хомосексуалци се психопати), отколку во дом за сираци (имам пишувано дека и во домовите за сираци има солидни материјални услови, ама друго е да се има некој кој ќе е постојано покрај детето). Ете, подобро е некое дете да се роди и да се даде на посвојување кај хомосексуалци отколку да се изврши абортус (да не го употребувам терминот - утробно чедоморство).
    Дали би бил среќен ако мое дете е хомосексуалец? Не. Нема да бидам среќен.
    Дали би бил пријател со хомосексуалец? Да. Нормално би му го укажал мојот став, дека тоа што го прави не е добро, но не би му тријал сол над глава секој ден, како што и не им тријам сол над глава на оние кои ги знам, а живеат во разврат со партнер од различен пол.
    Сума сумарум, секој си има право да си го употребува и злоупотребува своето тело на начин на кој сака. Мене тоа не ме интересира, се` дури не биде злоупотребена и некоја друга личност.
    Кога е половото општење во прашање, мојот став е дека единствено полово општење кое е во ред е вагиналното, без прекинување на општењето или користење на било какви контрацептивни средства меѓу маж и жена кои се во (црковен) брак. Ама не значи дека треба да ги истепаме или преумиме сите кои не го практикуваат истото.
     
    На Petra777 и worrieddd им се допаѓа ова.
  18. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Да реков како гледам од лична перспектива, а неколку пати реков и дека не го подржувам таквиот начин на живот. Па не знам како сум сватена. Како и да е јас не можам ништо да променам. Сите живееме како што сметаме дека е исправно и ни одговара. Може сум малку контрадикторна во изјавите но, не сакам никој да биде повреден.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.173
    Пол:
    Женски
    Имам гледано на YouTube интервју со лезбејка од Охрид, раскажуваше со што се соочува, како живее. Тука најдобро се гледа како се (не)прифатени.
    Некогаш можеби бев груба во моите ставови околу ова. Хомосексуалците не можат да се претворат во хетеросексуалци. Нивната сексуална определба е таа. Тоа може само да се прифати, не да се промени. Затоа си бараат права. Патем, кога религиозните луѓе, меѓу кои сум и јас, ја спомнуваат овде Библијата, забораваат едно нешто. Исус не ја осуди блудницата која сакаа да ја каменуваат и убијат, иако беше грешна. Бог не го сака гревот, но ги сака грешниците. Такви треба да бидеме. Некогаш погрешно сме сфатени кога сме против она што сметаме дека е грешно. Некогаш и самите претеруваме. Христијанството не се базира на продлабочување на разликите меѓу луѓето, туку љубовта меѓу нив. Во манастирите, на пример, сите луѓе кои ќе дојдат таму, се пречекани со љубов. Ете тоа е суштината.
     
    На Lianna Anna, WildMk, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.593
    Пол:
    Женски
    @worrieddd
    И десничарските/конзервативни идеологии се сметаат за нормални, уште повеќе религиите - па јас не ги прифаќам за себеси. Така ни ти, ни другарчето клучар-бравар со кое претпоставувам делите деноминација, не морате да ги прифаќате геј луѓето и идеалите на нивните поддржувачи.

    Замисли, никој не ве тера со сила ни да кликате и гледате видеа од геј, транс луѓе и drag queens, ниту да гледате филмови поврзани со таа тематика, ниту на паради да одите или да гледате слики од таму. Тие работи се наменети за самите нив, за полесно да се прифатат себеси - и за оние што се радуваат и на нивниот тип љубов. Бидејќи, да не се лажеме, за жал умови не се отвараат така лесно - туку ете што се постигнува кај останатите, сето тоа се збира како материјал за одново почнување на лејм жалби за тоа каде отишол светот...
    Значи, ако не сакаш да навредуваш и повредуваш како што тврдиш - не ги опсервирај воопшто queer луѓето и задржи си ги ставовите за нив за себе. Толку е едноставно.

    Етикетите нормално/ненормално мене ништо не ми значат, многу ми се релативни и често се користат само од неразбирање и за навреда. Но да, и за сите нас open-minded тука, има работи кои се изопачени и неморални, и секогаш ќе бидат - а кога е во прашање сексот, тоа се исклучиво половите напади т.е. односи без взаемна согласност (педофилија, зоофилија и сл.). И тие ниту имаат допирна точка со хомосексуалноста, ниту ја имаме таа параноја да инсинуираме дека прифаќањето на истата води кон прифаќање на ваквите појави.
     
    На 1209, lovestoneddd, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.