Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Orthophill те предизвикувам да пишеш едно мислење без да умешаш религија и библија и не знам ти што.
    Уште абортус спомнуваш...:headbang: За ова со абортусот би ти кажала многу работи ама неќам банче да јадам.

    И пак ќе прашам - што ако некој геј не е христијанин, туку е атеист? Дали и тогаш прави грев?
     
    На WildMk, Ketchup, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Кој е клучар - бравар? :D
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Бог ги сака грешниците, но не сака да останат грешници. Затоа и Исус не ја осуди блудницата, ама и рече: „Оди си и немој повеќе да грешиш.“ (Исус, ев. Јован 8:11, Библијата)

    Можат. Имаш стотици примери на поранешни хомосексуалци или бисексуалци. Само во Скопје знам тројца машки што порано биле хомосексуалци а сега се среќно оженети, а знам и една екс лезбејка. Ако не можеа, Бог не би ја осудувал хомосексуалноста во Библијата. Глупаво е да осудиш куче затоа што не може да зборува јапонски јазик така? Нема логика Бог да бара луѓето да се сменат ако тоа е невозможно.
    Христијаните ги прифаќаат хомосексуалците, но нешто што е грешно не го прифаќаат за нормално. И како што охрабруваме алкохоличарите да престанат да пијат, коцкарите да престанат да се коцкаат, блудниците да престанат да блудствуваат, озборувачите да не озборуваат, на исто рамниште охрабруваме и хомосексуалците да престанат со изветоперениот секс и да се вратат у нормала. Тој грев не е над другите гревови, но сепак според учењето на Библијата е грев и има потреба од покајание.
    (Овој коментар важи за христијаните, а атеистите нека го прескокнат постов затоа што они немаат ист морален кодекс како христијаните и ниту веруваат дека нешто е грев).
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Почитувана, за жал, не можам да има атеистички светоглед. Тоа е.
    Имајте си го за себеси, но од мене не барајте да го имам. Како што напишав, не ми смета кога човекот си греши против себе, но не значи дека го подржувам во грешењето. На пример како Вие би реагирале кога некој би си го пресекол носот? Би му пришле и би му рекле: „Браво другар, само напред и ушите да си ги исечеш!“ ???
    Јас се надевам, дека ќе му кажете: „Си го исече, што си го исече носот, ама немој повеќе да правиш вакви глупости“.
     
    На Petra777 и worrieddd им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.173
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно. Но, ако некој е роден како хомосексуалец, и да е верник, не може да се претвори во хетеросексуалец. Тоа не нивни избор, па да можат туку така да си го променат. Мислиш дека би сакал некој да се соочува со осуди секој ден? Мислиш нив тоа не им пречи? Мораат да живеат со тоа. Безгрешни нема, ни ти ни јас, иако не го правиме тој грев, правиме некој друг грев, така?
     
    На Lianna Anna, sparklie, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Фората е што секакви примери се зимаат против нивната сексуална ориентација. Бидејќи стрејт луѓе не прават драми во слаткари, не ја пцујат диспечерката кога нема слободно такси, не урлаат по келнери. Квази смешни вести има насекаде низ светот и кај секого, не само помеѓу лгбт популацијата.
     
    На HardSex, 1209, Indiegurl и 8 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Па тоа и јас погоре го реков, дека како што јас и ти правиме гревови, така и тоа си е грев, ниту погоре, ниту подоле од мојот и твојот грев. И јас сум крадел порано, и не ми било најубо кога некој ќе кажел дека крадењето е грев, ама сум се согласил дека е грев и сум се покајал за тоа. Грешам и понатаму во други работи, ама никогаш не негирам дека тоа е грев и да го морализирам дека тоа е природно. По таа логика, и блудникот може да рече дека така се родил. Едноставно откако памти за себе тој сака да има секс со повеќе девојки. Дали и тоа е ок според тебе? Дали и тие не треба да се променат? Па и убиецот може да рече дека така се родил со нагони за убивање уште од дете.
    Пречело непречело, христијаните не смеат црното да го нарекуваат бело.

    „Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро, а доброто – зло; темнината ја сметаат за светлина, светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо!“ (Исаија 5:20, Библијата)

    Така што не треба да ги судиме бидејќи не се ни милиметар поголеми грешници од мене и тебе, но како Христови следбеници никако не смееме да го релативизираме гревот, а уште поголем грев правиме ако нашето релативизирање и морализирање на гревот го претставиме како Божјо учење.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.378
    Пол:
    Женски
    Не можеш да споредуваш исмејување ЛГБТ лица со кога ЛГБТ лица исмејуваат христијанство (или други религии). Многу луѓе ја користат истата таа религија за да ги малтретираат, убиваат геј луѓето и тоа оди длабоко во историјата. Ако користат шеги на некој начин како "coping mechanism" и спротивставување, не може да им наштети на христијаните, а уште помалку значи дека имаат повеќе права.
    Факт е дека ЛГБТ заедницата е загрозена група, така да, секое хомофобично однесување (од најнесериозно до најсериозно) спрема нив, нормализира хомофобија.
    Ова звучи како тоа што ти го спомена да е голем проблем, а нема врска зашто колку многу ЛГБТ лица можат да прават шеги за верници па да е до загрижувачки степен? (facepalm)

    Исто е кога јас ќе си помислам во глава Сите мажи се ѓубриња кога ке прочитам некоја приказна за силување или нешто слично (а има секојдневни примери...) и после ке направам шега во врска колку се одвратни сите мажи. Што ќе се случи? Ќе станат инфериорен пол одеднаш? Ќе треба ти како машко да се бориш за твоите права после тоа?

    Поентата беше, ЛГБТ заедницата има многу посериозни проблеми, за разлика од ох верниците кои треба да претрпуваат шега или две. :)
     
    На Priroden, Lianna Anna, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.992
    Пол:
    Женски
    А замисли, наместо да вршиш претпоставки, можеш да прашаш некој хомосексуалец зошто е во депресија. Знаеш, имаат уста тие да кажат.
    Познавам хомосексуалец (помал е од мене, само 15 години има) кој ми има кажано дека планира да се пресели во Канада веднаш штом заврши средно. Зошто? Му било скиснато од овдешниве калапи на живот. Завршуваш школо, се мажиш жениш и си мизеруваш цел живот. Излези за рака фатен со партнер од ист пол, од 10 души по пат, 9 ќе те изгледаат од глава до пети. Детево ставило слика на инстаграм и добило дм од врсник ,,што вакви педерски работи објавуваш?". Од челик да си, ќе ти се одрази бар на расположение.
    Да не правиме муабет за муабетите што дома ги слушаат геј децата што не се излезени. Околу тебе само стрејт луѓе, никаква репрезентација, црна овца си цел живот. ,,Ајде, кога ќе си фатиш женска хехеееее"... Отвараш фб, гледаш Евангелос споделил дека хомосексуалците сида имале, отвараш фемина, го читаш Ортофил вика чеда не живејте во блуд, барајте го Исус. Отвораш брифинг, читаш дека некој си таму слаткар одбил на гејови да им направи торта. Следниот ден ударна вест, некој се распукал во геј клуб, убил не знам колку луѓе. По некое време дознаваш дека преживеан од геј клубот изиграва просветлен грешник. Кажи како да не паднеш во депресија при живеење низ вакви работи цел живот, како да не помислиш да си го одземеш животот барем еднаш?

    Ама не бе, тоа е, депресивни се поради тоа што Господ ги проколнал некомпатибилни да бидат. Не знам ни зошто се расправам веќе на темава. Сте зеле да зборите што било нормално што ненормално, па морал ми вртите нешто, статистики вадите, зборите како тие луѓе да се непосакувана нус појава на природата... Сте се фатиле за тоа кој кого сака и кој каде го пика пенисот. Get a fucking life.
     
    На Priroden, Lianna Anna, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.057
    Пол:
    Женски
    Никако. Ги гледаат попреку. На мене не ми пречат.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @Lella зошто кога мене ме цитираш, реплицираш на некои работи што претпоставувам други ги кажале или пишале, како на пример тоа „Господ ги проколнал некомпатибилни да бидат“ или дека се „непосакувана нус појава на природата“ и сл. Некој што не ни ја следи дискусијава ќе си помисли дека тоа се мои тврдења :puke: Ќе те замолам да не ми ставаш лажни изјави во уста и потоа да реплицираш на истите. Тоа делува малку лукаво и манипулативно.

    Епа ако навистина ти стало до нив и нивното здравје и живот, сподели го и ти тоа дека хомосексуалците 40 пати почесто се заразуваат од сида во споредба со останатите луѓе, предупреди ги и ти пред да биде предоцна, а не да ги охрабруваш уште повеќе во таа насока.
     
  12. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ова не е ништо ново ниту е некое посебно право, кога станува збор за Америка се е можно, ако можеш да го тужиш Мк Доналдс затоа што ти сервирале жешко кафе а не ти кажале дека е жешко зошто пак да не тужиш слаткар кој одбил да ти направи торта.

    Уживање посебни права за мене е да ти дадат повисока плата, бесплатно медицинско осигурање да плаќаш по мали сметки од другите итн..,

    Во врска со наметнувањето има без број религиозни телевизиски канали, ако не си поставиш кабловска можеш да фатиш околу 10ина бесплатни телевизии од кои 5 зборат само за Господ и Библијата, LGBT канал само еден имам видено до сега Lo-Go.
    Нема недела да ми помине без да ми тропне некој од Јеховини сведоци на врата, дури и пред нај познати супер маркети стојат и делат книги, е види сега кој се наметнува повеќе хомосексуалците или овие другите.
     
    На WildMk, theowndemon и Ketchup им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.592
    Пол:
    Женски
    Најискрено и без сарказам ќе ти кажам, изненадена сум и многу ми е мило што го читам ова од тебе. :) Никој не може тука (и не треба) да те разубеди и да те оттргне од религијата - но доволно е на темава како верник да си свесна дека не е нивен избор, не треба да ги менуваат и треба да ги прифатат со љубов. Се надевам ќе продолжиш со размислувањата во овој правец. :)
     
    На Lianna Anna, boo3, sparklie и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мислите дека некој хомосексуалец може да се смени, како алкохоличарите и коцкарите. Ама никој не се родил алкохоличар или коцкар. Тоа станале поради некои лични причини. А хомосексуалец уште од дете може некогаш да се примети дека е тоа.
    Еднаш спомнав. Имав 6 години, не знаев ни што е секс, ни имав гледано некои експлицитни сцени на ТВ, ниту ми зборувале дека дека треба само машки да сакам. А тогаш имав симпатии кон другарче на моја возраст. Беше тоа детска невина љубов, точно ама сепак сакав да бидам блиска со него.:D Дури дома кажав дека едно другарче ми се допаѓа, па ме зафркаваа поради тоа :rofl:. Па и подоцна кога се запознавав со машка и женска анатомија, гледав секакви сцени на телевизија и разбрав дека постојат и хомосексуални парови, или пак со фактот што родителите не ми посветија доволно внимание како дете, не се сменив во геј, зошто не може ништо да влијае јас да престанам да сакам мажи и одеднаш да станам лезбејка. А нели, наводно телевизијата и родителите влијаеле некој да стане геј
    Епа така е и со гејовите. Никој нит ги натерал да се такви, нит избрале да бидат такви. Сигурно не си рекол некој маж - еј знаеш што, има мажи да сакам, туку е спонтано тоа чувство.

    И веќе досадни сте со религиски оправдувања, најсериозно. Очигледно на друг начин не знаете да водите дискусија.:)
    Почитувам верници се дур правилата по кои се водат си ги чуваат за себе., а не да ги наметнуваат велејќи дека баш така е правилно.
    И како бе тоа атеистите не знаеле што е добро, а што лошо? :?:
     
    На Lianna Anna, Bender Rodriguez, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Точно. Значи ако не се христијани и ако не им е гајле за тоа што твојата религија го нарекува грев, можеш да ги оставиш да си го живеат животот.
    Не мора сите да се христијани.
     
    На Lianna Anna, sparklie, MarigoldA и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама без разлика знаеш, така пишува у библијата и само така е правилно. Се што е спротивно на нејзините правила е ненормално и е грев.:?:
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Знаат како не знаат. Не мора секогаш да си верник за да знаеш што е добро што лошо. Сигурно сите познаваме луѓе кои што не се религиозни, не веруваат или не знаат во што веруваат, па се добри луѓе. Ама има и лоши луѓе. По моја логика голем процент од луѓето кои не се верници- не се добри.
     
    Последна измена: 17 август 2018
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    А кој тоа не ги остава да си го живеат животот? Дотичната верничка на времето почна да ја чита Библијата, ама брзо прекина и се префрли на православска литература и како што гледате многу работи и се измешани и затоа ја корегирав бидејќи таа се повика на Библијата со цел да го морализира хомосексуализмот. Значи ја не му се вмешав на некој нехристијанин како што велиш и не го спречив да си го живее животот како што сака, туку едноставно на фемина форумот реплицирав на погрешно изнесени ставови од Библијата.

    И секој има право да си го каже својот став во однос на хомосексуалноста, без разлика дали ја смета за нормална или ненормална ориентација. У реду е да не се согласуваме, ама не можеш да кажеш дека јас забранувам некој да си живее како што сака само затоа што немам идентични убедувања со него/неа. Не мора сите да ја веруваат ЛГБТИ идеологијата. Не има различни. Deal with it.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.173
    Пол:
    Женски
    На мене мислиш? Јас читам Библија (сеуште, не на времето) и читам православна литература, ама мислам и со своја глава. Најважно, треба да се сочувствува и разбере.
     
    На Lianna Anna, Ketchup, GirlRose и 7 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Мисли си ти со своја глава и слободно изразувај си свои ставови, но доколку се повикаш на Библијата со цел да си ги оправдуваш тие ставови, ќе морам да те корегирам :) Исус не и прости само на блудницата, туку и ѝ рече „оди и не греши повеќе“.