Се разбира дека ги прифаќам. Немам проблем ни на гости да ми дојдат, ни колеги да ми бидат, ни да спортувам со нив итн. Ги прифаќам исто како што те прифаќам и тебе и сите останати што сакаат да живеат мирољубиво во една заедничка демократска и слободна држава. Во мојот однос, воопшто не правам разлика помеѓу хомосексуалец и тебе на пример или било кој од форумов. Не прифаќам само радикални исламисти и слични на нив што сакаат да воведат шерјат, да практикуваат тероризам, да загрозуваат туѓи животи и благосостојба и да вршат доминација на нивната идеологија итн. Е сега доколку под тоа „дали ги прифаќаш како такви“ подразбираш дали се согласувам со ЛГБТИ идеологијата, се разбира дека не.
Сексуалната ориентација не е избор, како што е избор да живееш во стан.. За станот, можеш да се премислиш, па да посакаш во куќа да живееш, ама дека ќе престаниш да се палиш на тоа што се палиш, мало морген. Исто како што не можат стрејт луѓето да ја сменат својата сексуална ориентација, така не можат ни тие што се хомосексуалци. Сексуалната привлечност е нагон. Исто како што е нагонот за јадење, спиење итн.. Ој смени го да те видам? Да го потиснуваш, можеш.. некое време, ама кога ќе прегладниш, има да трчаш што побрзо да се нагнетиш.
@EvAngelos Можеш да ги поднесеш хомосексуалците ама не се согласуваш со нивната 'идеологија'. Ако се легализираат истополови бракови, ти ќе се смееш со нив а позади нивниот грб ќе мрчиш. Ако имаат бебе, ќе го сакаш бебето, ама ќе го гледаш како вештачко.
Идеологија е. И точка. "Абе јас немам ништо против нив... АМА нивниот начин на живот, нивното размислување, нивната идеологија... итн" - се додека постои ама, има и нешто против, во спротивно нема да има потреба да се оградува и да го елаборира нивното размислување, психологија, живот, идеологија... како и да го наречеме. Од толку навидум едноставно прашање "Како се прифатени геј луѓето?", темава дотурка до напредна филозофија. Идеологии бе.
Мене не ми е јасно како луѓето како @EvAngelos ги одма детектираат и разликуваат хомосексуалците, па знаат кого да мразат уште веднаш. Некој геј радар да не имаат (гејдар), или некои наочари како по филмовите што ги даваат сите соблечени, така овие ги даваат сите со венци со виножита и плус плакат над глава на кој пише "Ај ем геј, хејт ми". Што се случува ако им се инфилтрира некој геј во друштвото? Еве се знаеш со некој, неколку години веќе ти е најдобар другар и ти доаѓа еден ден да те запознае со новиот дечко. Одма иде пу-пу не важи на другарството? Дали живеете во постојан страв дека некој геј ќе ви се инфилтрира во околината?
Не само идеологија, туку и кон тероризам одела ЛГБТИ заедницата, не заборавајте  Јас не им верувам на хомофобите тука што велат дека имаат блиски пријатели геј, веќе пишував еднаш за тоа во сдк. Или евентуално друга опција освен да лажат, ми е дека пред нив мора да се тешки лицемери. Замисли бе да се дружиш со некој што те мисли за изопачен оти она што го правиш во кревет не наликува на пикање клуч во брава, те споредува со педофили, зоофили и што уште не Одвратно.
Немам фобија од хомосексуалци, ниту ги мразам хомосексуалците. Исти ми се како и сите луѓе. Тие што ги знам се паметни, културни, со добра смисла за хумор. Сум се дружел со хомосексуалци и не сум го криел мојот став кон хомосексуалноста. Не сме се согласувале, ама сме се толерирале и почитувале. Се разбира дека некои од нив биле ограничени и не прифаќаат луѓе што различно размислуваат од нив, но има и слободоумни кои се свесни дека цел свет не размислува исто како нив. Со еден таков сме си пријатели повеќе од 10 години. Имам пријатели и што се екс хомосекусалци и бисексуалци (сега среќно оженети) и оние ми раскажувале за поранешниот живот како хомосексуалци и бисексуалци, места каде што се среќавале, медиуми што ги користеле за поврзување.
Дали озбилно за тебе е ограниченост да не сакаш комуникација со некој што не се согласува со тоа што си ти?
@EvAngelos Такви глупости пишуваш овде толку е очигледно дека сакаш да си ја прикриеш омразата со тоа што пишуваш дека се секираш за здравјето на ЛГБТ лица и остали ствари со кои сакаш да ствараш илузија на добронамерност. Јас да сум во заедницата прво би се од тебе отргнала зашто барем отворените хомофоби напразно јадат г***а ама не, ти пробуваш и да манипулираш. Истово го мислам уште одамна кога си пишувал по геј темиве со твоите реферати, од кои самите може да се почувствува гадоста што ја имаш спрема ЛГБТ.
Па и ти не се согласуваш со мојата вера во Бог, па не те нарекувам богофоб, така? Имам многу, преку 30 пријатели атеисти и уште 50тина познаници. И никој од нив не мразам, не го нарекувам богофоб, ниту прекинувам комуникација со нив, иако знам дека тие не се согласуваат со моите гледишта, иако знам дека они мислат дека јас имам илузорна вера во непостоечко духовно битие, дека напразно се молам итн. Ми е гајле што они мислат за моите гледишта. Битно јас си знам во што верувам, како и повеќето христијани кои не паѓаат у депрепресија заради тоа и не се ограничуваат само на пријатели што се согласуваат со христијанските гледишта - како што тоа го прават некои од ЛГБТИ. И сега кој е тука ограничениот кажи ми?
Не ми кажа дали имаш геј радар и дали се плашиш да не ти се инфилтрира некој геј во друштвото. Разлика која се правиш дека на сила не ја приметуваш е тоа што тие луѓе немаат избор. а ти слободно си си ја избрал твојата религија.
Како што хард кор верниците гледаат на хомосексуалците како на личности на кои им треба помош да се вратат во нормала, така и многу други, меѓу кои и хомосексуалци веројатно, гледаат на верниците како на личности со благо пореметување и со сожалување и трпение се надеваат дека еден ден и тие ќе се спасат. Зборам за блиски пријатели верник и хомосексуалец, кој кого прв ќе излечи, не се знае Важно пријателство може да постои, и обично изгледа вака некако. Инаку, досадни сте веќе.
Абе те прашав нешто и не ми одговори да не си била и ти преокупирана со омраза на се што не е протестантско?
Е тука има една голема разлика. Христијаните немаат проблем со тоа што хомосексуалците, атеистите, ЛГБТИ лобито, муслиманите, хиндуистите итн. не се согласуваат со нивните христијански гледишта и не ги отпишуваат од пријатели сите што ги сметаат нив за „заблудени“. Не паѓаат у депресии поради тоа, немаат „криза на идентитет“, не паничат у стилот „леле овој ме погледна со чуден поглед и не се согласува со мојата вера waaaaa“. Едноставно се ок со тоа што има различни луѓе, со различни убедувања, не се ограничуваат да се дружат само со христијани, не ги нарекуваат атеистите богофоби, христофоби, библиофоби... не им велат на сите неистомисленици дека мразат христијани само затоа што овие имаат поинаков поглед кон нив итн. Додека некои од ЛГБТИ лобито го прават токму тоа, како што гледаш и на темава
Многу ми е тешко Мање битно. Еве може истото како на @EvAngelos да ти го поставам наместо тоа. имаш гејрадар? како знаеш дали некој е геј?
Немам и Не знам. Ако имаш нешто против мене и моите мислења те молам повеќе не ми поставувај прашања, за да не се контраме.