1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се прифатени лезбејките/бисексуалките кај нас?

Дискусија во 'Врски' започната од RodenaSoGreska, 25 октомври 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Па штом постојат лезбејки очигледно се може без мажите :) Мене бисексуалците ми се почудни, ај овие знаат што сакаат, ама би... и со едните и со другите :wasntme:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Супер се прифатени, посебно од мажите.
    Добиваат некоја блажена насмевка кога ќе видат / слушнат дека некоја девојка е лезбејка или бисексуалка, зашто низ глава им поминуваат лезбејски бакнежи помеѓу двете цури и секс во тројка и секакви перверзности.
    Ко напалени мајмуни, нема помош тука, во днк-то е, на секој маж е.
    Јас имав додуша мал проблем да му објаснам на 5-годишно дете, зошто двете тетки се бакнуваат во уста.
    Дали се роднини, или другарки или што се?
    Кажи ма, кажиии !!! :devil: :D :D :D
     
    На glorijaMKD, Unfaithful18, spellbound и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Нешто подобро од индиго децата,ама тука се некаде!

    Ај да не дробам многу,да бидам барем он топик.Често сонувам лезбијски соништа и се преиспитувам! :D
     
    На glorijaMKD, spellbound, Kristinna92 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Немам ништо против сексуалната определеност на било кој човек на планетата. сето тоа е негов избор, негов живот. Имам заглав увано во различни ситуации, со другарки бисексуалки, со некои што ми се пуштале, дури и бившиот ми беше девојче заробено во машко тело... хихихих... е ова не знам ни јас како го изджав...
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    кој што сака нека прави ако му е убаво така немам посебни предрасуди
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Па во секоја смисла на зборот, подобро одошто другиве од ГЛБ клубот. Тоа баш и одамна го размислував, а и читајќи низ темиве, онаа со дали би со женско, каде грото ако не и 99 отсто од девојките се изјаснија со „да“, но пак поголемиот дел ќе ги најдете во онаа темата со другарчето геј дал е или не, како имаат против меџу мушката љубов. Па тоа ми е прилично чудно, зашто кај сите нас се појавува тоа автоматско чувство на одбивност и гадење од љубов меѓу двајца мажи, додека и стрејт девојките и стрејт мажите се палат на сцените од две млади убави згодни девојки испреплетени во хоризонтала, вертикала или како тие милуваат.. да не им се мешам ццц.
     
  7. lunchita

    lunchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Што мислите за геј врски..дали ги поддржувате геј луѓе? дали сте биле во таква врскаа..Јас мн би сакала да се смувам со девојка..шо мислите дали тоа е погрешно и дека ке згрешам -ќе си го уништам животот..Но не можам никако да запознаам девојка што е лез ;( досега сум имала дечковци но не знам сигурно тоа ми е хир. Кажувајтееееееее
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Тоа си е право на избор и следење на чувствата .
    Не сум од оние кои се гадат од бисексуалност или хомосескуалност ,напротив ,имам разбирање за таквите личности и целосно ги поддржувам.
    Иако различни ,и тие се луѓе и имаат срце и душа , па зошто да бидат отфрлени?
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Кој што си прави во спалната соба (или дневната, или купатилото или балконот) е негова работа. А кога се жвакаат на јавни места ми пречи без разлика каков пол се паровите :x

    Инаку, реално да зборуваме, по маливе градови геј паровите не се прифатени. Знам луѓе кои се заедно ама не го признале тоа поради родителите, средината и ред други фактори. И тоа е мака....
     
  10. kiddie

    kiddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    можеби сум мала, ќе помислите дека сум конзервативна и полна со предрасуди.. напротив, јас живеам во едно многу open minded семејство и во такви средини се движам, но мене искрено не ми е нормално да ме привлекува некој од истиот пол или да бидам со некој од истиот пол.
    не, не мислам дека тоа се болни луѓе или дека нешо им фали :!: , само што не сум навикната на такви парови.. дури ми е одвратно (извинете ако навредив некого, не ми беше тоа целта)
    сепак може сум сеуште мала и не ги знам сите ствари шо- како доаѓаат во животот.
     
  11. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мислам дека не се прифатени,но и така според мене треба да остане, бидејќи НЕ е нормално, извинете ако навредив некого,но како ќе опстане човештвото ако сите се вртат женски со женски, машки со машки. Не знам мене нездраво ми е, уште еднаш извинете ако навредив некого,но јас апсолутно не ги подржувам ваквите работи.
     
    На kiddie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcka-22

    srcka-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    а мозе ли некој да ми ги казе симтомите тс како да фатис некој дека е бисекуалец???
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не е би/хомосексуалноста таква „болест“ па да има симптоми кои сигурно укажуваат на тоа.
    Јасно, ги има оние кои јавно си го искажуваат тоа и не им е срам. Но кај нас, таквите речиси и може комотно да ги измножиме со нула.
    „Симптоми“ хм...некои се облекуваат и однесуваат како машки (но не значи дека сигурно е би/лезбејка, може само покомотно се чувствува така), некои пак изгледаат како и секоја друга девојка (во зависност од тоа дали сакаат да бидат машкото или женското во врската :lol: ), некои може јавно да ти се пуштаат, додека некого ке го мислиш нај стрејт а на крај ке испадне дека не е. Само директно признавање, ништо друго.

    Прифатени не се, да не се лажеме. Може постоиме оние на кои не ни пречи тоа, но во ова наше конзервативно општество, полно со квази светици и солници на ум, се` живо се осудува и ке ни требаат светлосни години да го снема овој наш затупавен менталитет. Искрено 80% што ги знам, мрчат против тоа како да е канцер или чума а знам дека имаат пробано нешто со девојка, макар само бакнеж. Повеќе ова ми иде како некој смотан „тренд“ наметнат од напалени девојченца во рани тинејџерски години кои демек знаат дека сакаат да експериментираат со сексуалноста (која оф корс, сеуште не им е развиена) и демек со тоа ке ги мислат кул, различни или што ти знам таму. Вистински би/лезбејки во постари години 3-4 дали знам, се` друго е фејк, со оглед на тоа што секоја втора девојка се расфрла со срц, мрц, прц, штипкања и „бацуФки“ ( :swear: ) на секој втор збор што ке си го разменат со другарката.
     
  14. Festim

    Festim Нов член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    34
    е јас како машко немам ништо против лезбејките или бисексуалките баш да бидам искрен ги обожавам нема имам она претчувство дека се ептен вешти жени
     
  15. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Немам ништо против нив,нивни избор се додека се работи за врска..А брачни заедници,посвојување деца и.т.н тоа никако неможам да го разберам.Кој ќе му биде мама,а кој тато на детето? :D
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не се прифатени како што треба се знае како треба тие треба да бидат прифатени во психијатарски болници . Нека си седат дома и нека се драпаат колку сакаат ама на улица не.

    А за мажите што се палат на нив би им рекла ’’ Молете Бога да не станеме сите лезбејки после само на палењето ќе останете’’.
     
  17. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Јас да го искажам моето мислење овде.

    И мене ме нервираат оние кои се фурат дека се лезбејки (не грубат ние вистинските што сме).Вистинските лезбејки не се изјаснуваат во јавност уште од 15 години, а на фб често гледаме 2 женски да се стават во врска/брак.И тоа ме фрустрира, многу.Бидејки јас сум лезбејка, а сите ме знаат како стрејт во околината.Не покажувам никакви знаци на хомосексуалност, нити сум како машко, не ме знаат дека сум лезбејка.Нема лезбејки кои се декларираат уште на 15 години така.Бидејки постојат неколку фази до самоприфаќањето, а на 15 години ни сами не се прифатиле како такви (мислат дека се ненормални) а не пак да се декларираат/Може покасно (над 18 години) кога ке створат друштво кое ги прифака (либерално друштво) и ич нема да ги боли кој што мисли за нив бидејки си имаат друштво и го живеат животот како што сакаат.Но 15 годишните на фб се само фураат, и ме нервират...


    А за тоа како околината не прифака...машката популација се пали на нас, но сите други се конзервативци и ако кажеш лезбејка сум ке добиеш реакција иди лечи се.
     
    На Lolo5 и butterfly им се допаѓа ова.
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Пошто преплавени се улиците со лезбејки што се драпаат зад секој агол. |(
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како? Кој го постави прашањево нега ги прочита мислењава на темава особено оние слични на Ки(x1000)ка и се е јасно.

    Никако! Каааде бе кај нас да се прифати нешто што е различно?! Човече луѓево не прифаќаат ни шпиц штикли или гумени чизми не пак лезбејки фатени за рака на улица, а не дај боже да почнат и да се лапаат сегде.
    Абе ај! Кого лажеме. Ние сме народ за шуш буш, леле види ја онаа, уууу види го оној, срамота! На лечење! На бесилка! На гилотиња! На омладинска акција!

    Искрено мене ми смета и хетеро пар кога ќе почнат да се шлапосуваат на јавни места, се лапаат брате мислиш лижавче им никнало у грлата па мора да испитаат вкусот. Ми иде да им го дадам клучот од мојот стан да си уживаат малку на раат ако ништо друго :D
    Така да не се исклучок ниту хомосексуалците или пак лезбејките доколку би почнале истото да го прават јавно - се разбира доколку е претерано. Инаку не ми пречат, нивен живот, нивни хормони, нивен избор.

    А инаку да, мажите ги сакаат ама знаете кои? Оние секси мамите од ИксИксИкс сајтовите кои се онака малку као лезбејки, па и малку хетеро, и воглавно се секси и имаат женски кривини, облини и секакви виулици. У бејбе!
    Да не го пали некое мушко случајно Мартина Навратилова да ве прашам? :^) :D
     
    На glorijaMKD, imelda, Maca-BT и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Првото нешто што ќе го кажам ќе биде: Бог да чува ако мислите дека хомосексуалноста и бисексуалноста се болести!

    Озбилно луѓе, до кога со предрасуди? До кога со дискриминирање? А? Викате не дискриминирам, ама не ги сакам близу мене или не сакам да имам таква другарка - тоа ако не сте знаеле, сепак е дискриминирање. ;)

    Јас мислам дека во Македонија воопшто не се прифатени (ниту ќе бидат), ретки се оние кои прифаќаат нешто што не е хетеросексуалност. Веќе искрено преку глава ми од таквите кои сметаат дека доколку си лезбејка или педер имаш некое пореметување во мозокот, дека имаш некоја болест или генетска грешка. Ај размислете дека и вие кога ќе имате деца, можеби детето ќе ви дојде дома и ќе ви каже дека е лезбејка или педер, и што тогаш? Дали тогаш ќе мислите дека детето ви е болно и дека има пореметување во мозокот? Не би рекла баш. Да не ќе се откажете од него случајно? И тоа не би рекла, која мајка би се откажала од сопственото дете?

    Мене не ми пречат, тие се нормални луѓе како и сите останати.
     
    На MaggieTatum, srcekrsacka и LGBT им се допаѓа ова.