Ама пак и христијаните не се на толкав удар од општеството, колку само се почитувани пример свештени лица, откако се наполнија пари пак, ептен Во лице да ти рече некој -заблуден, секако дека нема да ти е сеедно и не знам колку може да опстои пријателство со вакви изрази, ама во живо обично со пријатели не се нарекуваме така, ниту хомофоб, ниту заблуден, ниту педер. Тука форумот трпи малку поголема слобода на изразување па затоа изгледа малку подраматично. Во реален живот има поголема толеранција. Нели?
Значи на јавен форум не смее да те цитира некој што има различно мислење од твоето? А да си идеш некаде кај што сите имаат исто мислење како тебе и таму да си кажуваш?
Дечки, цитати од библија и верски проповедања на друг подфорум ќе ве молам. Продолжете со дискусија без навреди и етикетирања. Благодарам на разбирањето.
Можеш да ме цитираш. Ама зошто да се расправаме за тема на која немаме исто мислење.Ако сакаш, можеби ќе најдеме некоја друга тема за која ќе ни се совпаднат мислењата. Што мислиш?
Бaш сегa нaидoв нa линк декa педoфилите (кoи си измислиле нoв нaзив, сегa се minor attracted person) бaрaaт дa се придружaт нa лгбт зaедницaтa и нивната настраност да се прифати како сексуална ориентација. Не би поврзала јас со хомосексуалност и за нив и нивните барања може во друга тема, ама штом бараат со нив во друштво, укажувам само на slippery slop-oт.
Знам за тоа. Ниту една нормална лгбт личност не помислила да ги прифати, исто како што не ги прифаќаат ни силувачите кои се хомосексуалци. Границата е консент, нема slippery slope. Толку е просто.
Па ако прочиташ ќе видиш дека, нормално, не бараат тие дозвола за силување на деца, туку за почеток да се прифати нивниот сексуален нагон со кој тврдат дека се родиле (значи разбирање и сожалување,) а следно ќе биде барање за намалување на старосната граница за консент од страна на децата. Оти ќе треба без секс цел живот да се или да силуваат постојано, вака некој компромис. За колку ќе се изборат ќе видиме.
Болно е ова.Што е виновно детето?Тоа е насилство,против негова волја...До каде отиде светот.Едно е геј кое е патем нормална особина.Ама,друго е педофил.Тогаш психички проблем е во прашање.
Не ги прифаќам тие луѓе. Да, нивна работа е тоа што го прават, ама јас лично сум против и нема никогаш да ги прифатам. И да не се продолжува со напаѓања. Нема потреба од тоа. Ова е форум и секој си го изнесува своето мислење. Не ни се на сите мислењата исти.