И компјутерот ли ти го даде природата? Да се родеше со криви заби или некој друг проблем, ќе оставеше така јер така природата одлучила? Реков јас дека не ја разбираш.
Супер, продолжи така. Отстапувај и сквернави по неа. Еден ден ќе сфатиш дека тоа било погрешно ама касно ќе биде. Мене ми смета што се глорифицира и со тоа во светот се заборава што значи да се биде нормален човек посебно на запад. Ако така гледаш на работите и секад велиш колку тоне светот и колку проблеми има јасно е седиш со скрстени раце. Ако сакаш да смениш нешто почни од себе. А иначе на секој различни работи му сметаат, не сме сите исти. Компјутерот е изум и алатка со која човекот си ја олеснува својата работа. Епа тоа е сеа, еве соберетесе и идете на марс, велат вода замрзната ви нашле таму. Од љубов ќе ја стопите па прајте шо че прајте со неа.
Пази сесре со кого се дружиш таму во туѓина пустина. Да не ти дојде некоја геј особа, педофил или убиец па пошто нели тие се сите исти, можат некако да ти наштетат. Зеди темјан и раат си.
Сесре денеска доаѓа мажето да ме земе од работа, колата ми мирисаше на темјан нешто изгледа прскал да не не бендиса некој геј особа. Сега и станот ќе си го попрскам па и од уроци да ме чува.
Статуа од бафомет у предсобје, пентаграм у спална и немате гајле. Модерно е тоа не бидете заостанати.
Зошто се замарате со небитни ко господинов? Јустиција си кажа, макар и на анонимен форум, честитки девојче, се надевам ќе најдеш личност што ќе те прави среќна. Ценете си го времето и не се замарајте со небитни особи.
A што кога природата отстапува? Мутации, атавизам, болести, деформитети...Патем овие работи се и те како природни, ама со тоа што ги лечиме одиме против неа. Јас самата носам една минорна мутација која всушност ме прави уникатна и си ја сакам А за некој нешто да му смета треба да има добра причина за тоа. Тебе на пример све ти смета. Аборус, феминизам, ин витро (кое патем не знаеш што значи во превод),хомосексуалци итн. На кој начин ти сметаат, не сфатив уште. Патем, не ми одговори за прашањето со кривите заби.
Деновиве е актуелна 5G мрежа што влијае на живите организми исто како да се во микробранова. Другите мрежи имаат помали влијанија. Десетици нуклеарни катастрофи се имаат десено во светов, Америка бомбардира со ураниум, жртви сме на геоинженеринг, а ти велиш природата одстапува? Што понатаму да дискутирам со тебе?
Леле бе пак истите муабети. @Vitaly аман, гледаш и сам дека повеќе енергија вложуваш во хомосексуалноста отколку тие самите. Нека прават што сакаат бе, кој му е гајле дали било природно, дали сида имале, дали ти се пуштале... Нивни проблеми, нивна работа.
не ми сметаат,секој има право на сопствен избор но не ми изгледа баш нормало али ете денешницата таква е никому да не му е ништо чудно да си жив,и јас истото сакав да го кажам
@Justicija you go girl! Важно е да си чист пред себе, а тие кои вистински те сакаат ќе бидат покрај тебе. За останатите, како што вас ЛГБТИ луѓето ви се чудни, мене ми сте вие. Не сфаќам како некоја особа толку ви смета за да имате вакво однесување. Дур некој не ми се наметни, не ми смета бе. За било шо. Или јас сум флексибилна, евенезнам.
Секогаш ќе има некој кој ќе ви шепка на увце тоа што го сакате и ќе ве поддржува било тоа добро или лошо. Така да вие секогаш ќе си го слушате тој што ви шепка она што сакате да го слушнете, бидејќи сакате да имате потврда дека сте во право. Не се грижете секогаш ќе има некој како вас(хомо, би) а што е исправно и нормално ќе покаже времето. Еден ден се ќе биде јасно. Не се замарате вие за тоа - ама јас да си кажам.
Жално е што во овој век ние дискутираме за прифаќење на лезбејки, бисексуалки, хомосексуалци.. Не разбирам и ме фрустрира самово прашање.. Кој тоа нив треба да ги прифати? Дали тоа што јас сум хетеро ми дава за право да прифаќам или не прифаќам некого кој има различни сексуални апетити од моите? Не ги делам луѓето по својата сексуална ориентација. Кај мене делбата оди на добри и лоши луѓе.
Интересно вака, времето ќе кажи шо е исправно. Ова тие што осудувале уствари полни љубов да биле за тие шо ги плукале. Некоја обратна психологија да била во прашање.
И мене ме буни истово прашање: Кој тоа треба да ги прифати? Каде не се прифатени? Во државни институции ли? Во училиштата ли? За булинг на лезбејка или бесексуалка искрено немам ни слушнато, барем не во Скопје. Ми раскажувале за булинг на еден хомосексуалец (машко) во гимназија, ама тоа гимназијата треба да се погрижи со имплементација на законот за дискриминација. Еве на пример знам во Корчагин имаше една ситуација кога некое дете ги снимало двајца хомосексуалци како се бакнуваат па ги објавило на интернет, ама колку што знам тоа дете го избркале од училиштето. Така се прави тоа, па нека му ја мислат родителите што дете одгледуваат. И не само тоа дете, туку сите што учествувале во тој булинг треба сериозно да се санкционираат, за пример на другите деца. И ако управата на некоја друга гимназија е пасивна, родителите треба да се соберат и да притиснат за воспитни, поточно казниви мерки против оние што прават булинг на хомосексуалци.