Јас мислам дека се прифатени од повеќето. Така да нема што да се дискутира. Само така е насловена темата.
Ти кажав еднаш. Насилството не е секогаш иницирано по директен пат. Често тоа е пасивно, незабележително. Пример, добар дел од хетеро другарите на некој рендом дечко средношколец - хомосексуалец кој јавно се произнесол за својата ориентација се случува да почнат да го отфрлуваат. Го озборуваат позади грб, исмеваат, и константно го изложуваат на вербално и психичко насилство. Доволно е да те фрлаат со хартивчиња, иритирачки да ти се смеат во позадина, да те оставаат сам да дремеш у училница на голем одмор за да се почувствуваш како вишок во општеството. Психолошкото насилство е најсигурно оружје кое води кон самодеструкција. Што се однесува до работните места, и останатите јавни институции. Не мора некој да не те прими на работа само затоа што си геј. Доволно е кога за прв пат ќе влезеш во канцеларијата да те пропратат десет осудувачки погледи попреку од колегите само затоа што си јавно деклариран/етикетиран како таков.
Се читаш што пишуваш? Што има не морално во бисексуалноста или во хомосексуалноста?Сфаќате дека тие луѓе НЕ ИЗБРАЛЕ да бидат такви какви што се?Сите сме потајни хомо/би само што кај некои е поизразено кај некои помалку. ТЕБЕ како индивидуа не ти прават лично ништо сфаќаш?Додека ти и таквите како тебе со тоа размислување ги навредувате, осудувате и омаловажувате. Да логично е дека машко и машко не можат по природен пат да направат бебе, ниту две женски, ова е ,,неприродно” ај да кажеме.Ама ако веќе се сакаат и сакаат да оформат фамилија бар во 21 век има 19394 начини да станеш родител. И знаеш што?Подобро да сум лезбејка него да имам ваков маж секој ден што ќе збори без врска и ќе осудува.
Прифатени или не прифатени, мене не ми сметаат..се дружам со секакви луѓе. Само да не ми навлегуваат многу длабоко приватниот живот. И океј сфативме дека се такви не мораат да парадираат и да се докажуваат што се и како се. Напорни станаа со тие паради.
Сигурно живее во Њујорк или Рио де Жанеиро. Па, смачено и е веќе од толку шаренила и фанфари. На форумов доаѓа рекреативно, да направи update за тамошната ситуација.
леле мајко Ев..ти немаш деца па затоа вакви глупости се изнатреска..Па децата по школиве се тепаат со ножеви, боксирачи, и тоа само за глупости, само за еден лош збор или поглед, каков булинг за хомосексуалци?? Што треба родителот да мислел ако неговото дете снимало педери како се бакнуваат!? Дај жити се, па тие сами себе се снимаат како се сексаат..и што сега родителите треб да прават?? Што се однесува за парадите, е само уште паради ни требаат на овој град кој изобилува со карневал и циркус во сите можни институции, на сите можни јавни места....абе дајте баталете глупости, треба многу работи други да с средат за да почнеме да мислиме на педери и лезбејки.
Ако ти смета туѓа среќа што нема никакво лошо влијание на никој тогаш проблемот треба да го побараш во себе, а не во „таквите“. @Justicija браво, ме израдува.
Да ги воспитаат пред да ги пуштат надвор од вратата.. И јас се имам сликано дур се бакнувам со другарка па таа слика не искочи по соц.мрежи И зашто да нема барем една парада каде ќе можат без страв и со гордост да се покажат кои се и што се?Затоа и се вика парада на гордоста.Подобро ЛГБТ парада него да кампувате со шатори на -20 пред Влада..holy s*it
На голема жалост, децата не се однесуваат подеднакво кога се дома, пред родителите и кога се надвор со своите врсници. Инаку јас сум против паради и нејќам да се повторувам, нели има друга тема за тоа.
Вие сте тешки особењаци.. Врска си немате од животот само осудувате без да размислите дека можеби ќе повредите некому. Знаете ли дека БИ личностите можат да имаат потешкотии во создавање на личноста?Знаете колку им одмагате со вашите мизерни коментари? Пишете на интернет ,,хомосексуалност” или ,,бисексуалност” и едуцирајте се малку не се брукајте плис.
Стварно сакам да разберам што им мислат мозоците вака кога ќе се спомни хомо врски, какви слики им се прават. Кога ќе видат две жени кај што се држат за рака сигурно аларми им пиштат. Страшно, невидено. Интересно ќе беше да беа нешто посебно, ама не, исти се како овие хетеро. @Justicija мило ми е шо си стигнала до овој степен, сега ќе биде многу полесно. Гледај да си бидеш околу луѓе кои те сакаат, почитуваат и нема да им биде важно дали за рака ќе држиш маж или жена. Омразата која ќе ја добиваш од луѓе како овие погоре не е твој проблем, нивни е. Ти не си таа полна со омраза, тие се.
А зошто па не ми е јасно навистина, зошто бе не исмејувате НАС што не сакаме и не ни е убаво за очи да гледаме педери и лезбејќи? Ние сме така воспитувани дома, да се знае кој со кого си е пар, како се ствара фамилија и кој каде припаѓа!
Бабе сфаќаш дека сексуалната определба нема врска со воспитанието??Едноставно такви се и тоа е тоа.Силувачите, педофилите сигурно дома не ги учеле да бидат такви (морони) какви што се.Ете они нанесуваат зло некому, ама хомо/би луѓето не повредуваат никого со својата сексуална определба, напротив самите тие се жртви на ова у***но општество.Само кој да сфати. Има многу начини да се оформи фамилија, не зборете за репродуктивност.Што ако во хетеро брак мажот или жената не можат да зачнат бебе?Тогаш и они по друг пат ќе гледаат да добијат бебе, истиот пат по кој и хомо/би можат да добијат бебе. Луѓето со ваква сексуална ориентација нити се болни, нити се ретардирани, нити се изопачени.Тие се само различни од нас по секс. ориентација. Мене дома пример ме воспитале да ги почитувам сите, без разлика на пол, раса, нација, сексуална определба итнитн.Дали моите требале уште од мала да ми го перат мозочето со причи од типот на ,,Иу педерите се гнасни шират сида” ; ,,иу лезбејките се гнасни се фаќаат на јавни места” ; ,,леле овие хомосексуалциве се болни луѓе бе не можат деца да направат” или па ќе слушнам некој што мисли дека е од Господ пратен и вели : Според Господ и тоа и тоа Евангелие хомосексуалците и луѓето слични на нив не треба да постојат бидејќи Господ ги создал Адам и Ева за така да се репродуцираме дрндрндрн... Мислам се читате што зборите???
бабе имаш поддршка од мене и јас истото сакав да го кажам. Добро еве на две лезбејки им се одобрува брак,посвојуваат дете. И после која ќе се омажи со него и ќе живее со две свекрви?? нема врска со воспитанието туку со пореметување на психичката состојба. И педофилите и силувачите така ги декларираат па богами и овие истополови врски се со некаково одстапување од нормалното
Не ми сметат. Само ми се одвратни со парадана... својата интимност на изволте ја ставаат. Нивниот избор со кого ќе легнат вечерва и со кого ќе станат утре апсолутно не ме занима. Ама се бламираат во екстремни граници. Ваууууу ние сме геј прифатете не!! вриштат комплекси. биди си геј кој те врти не ми вришти на глава и не ни кочи сообраќај за ти да парадираш. Затоа не ги почитувам. не зашто се геј. Туку зашто драмат ненормално поради тоа што сакал ист полов орган а не различен. Ме заболе мене стојна за негов избор...
Некои родители ги прифаќаат децата свои како засебни индивидуи и иницираат процес на критичко мислење, и од таму, детето е способно да развие свои ставови за нешта, а не да е папагал на тоа шо родителите зборале. Just saying tho. Едит. Хомосексуалноста не настанува поради родителите и нивно воспитување. Кога продолжив да читам гледам и то си спомнала.
Па педофилите и силувачите се јесте мрднати.Психички сфаќаш?? А хомо/би НЕ СЕ ПОРЕМЕТЕНИ. Да земеме да ви цртаме? Реков јас особењаци сте.Ќе зборите вака дур не ви стане детето геј е после или ќе го шутнете низ врата или ќе го сакате како и до тогаш..