А ти демек се знаеш за твоите пријатели, толку си сигурна во нивните ставови и размислувања?/ Дај Вајлдке не забегуј
Гледам на темава тие што ја сметаат хомосексуалноста за ненормална се етикетирани како затуцани луѓе од „9ти век“, а тие што ја сметаат за нормална да ти биле модерни од „21ви век“. Дали тоа значи дека луѓето што ја сметаат зоофилијата за нормална се ултра-модерни од 25ти век? Замислете во 2457ма луѓето така да зборат: аууу види ги овие затуцани од 21ви век, не ја прифаќаат зоофилијата. Зошто вам ви пречи тоа што некој си има секс со животно? Зошто ви смета туѓата среќа?
Не те разбирам. Моите ставови не се прикриени. Тоа што ти не се сложуваш со нив, тоа е друга работа. И не мора да се сложиш. Не мора сите да бидеме истомислени во се. За некого зоофилијата е ненормална, за друг хомосексуалноста е ненормална, за трет непуштање вода у јавно веце е ненормална работа, за четврт одење со маска на загадениов воздух е ненормална работа а пушење цигари е нормална работа итн. Не има различни. Deal with it.
Јас не го сфатив @EvAngelos дека оправдува Зоофилија. Само пример за сто и еден изговор како би одговорил Зоофилот за да го оправда неговиот чин како нормален.
Он ќе си каже тоа. Според мене наведуваше примери за бескрајни изговори од страна на еден Зоофил за да доловимпоента за својот став околу темата на која се дискутира. Не велам дека се сложувам со него на темава, само како го сфатив тоа што сакаше да го долови.
Па тоа не е нормално бидејќи животните и луѓето се разликуваат превише.Коњот живее на фарма/штала кај и да живее ама таму кај што живее коњот сигурно не живее човекот.Второ со животно дете НЕ МОЖЕШ да имаш, мислам еве и да е нешто по новиве методи ин-витро ваму-таму како ти ќе се договориш со коњот за тоа?Само ќе му го тупнеш бебето? Збориме за Л У Ѓ Е.Не знам зашто мора одма да бегате од темата кога нешто е против вас??
Па на некој начин и оправдува. Луѓето кои јаделе месо не барале согласност од животното за да го убијат, а сепак јаделе. Зоофилот исто не барал дозвола, а сепак го врши дејството. Е сега, првите, кои јадат месо он не ги гледа како психички пореметни,вероватно и самиот конзумира месо, апропо тоа ни зоофилите не ги смета за психопати. Тоа не ли е оправдување ?
Тоа што ти си го напишала на англиски consent, на македонски е „согласност“. Епа истото прашање и до тебе: Дали ти бараш согласност (consent) од животното пред да го јадеш? Или по дифолт сметаш дека тоа сакало да биде заколено и јадено од твоја страна? Ако не, тогаш зошто го барате истото од зоофилот со цел тој да биде „нормален“ и прифатен од ваша страна? @Dust , зборуваме на тема зошто според ЛГБТИ заедницата хомосексуалноста е нормална, а зоофилијата е ненормална. Според мене и двете се ненормални. Ама ете они прават разлика меѓу едната и другата „нормала“, па затоа дискутираме според која основа едното е нормално, а другото не. До сега изнесоа само аргумент: дека зоофилот не бара согласност од животното за да има секс со него и затоа зоофилијата била ненормална. Ама па од друга страна никој не бара согласност од животното пред да го убие и јаде нели? Што значи дека тој аргумент не држи вода, не е конзистентна таа логика. Со други зборови: Ако заради таа причина човекот ги смета зоофилите за ненормални, тогаш не би требало ни да јаде месо од животни. Само така ќе има смисла оваа логика.
Гледај животните ги јадете за да преживеете.Тоа е ЛАНЕЦ НА ИСХРАНА. Сфаќам што сакаш да кажеш, ама по нормално е да имам односи со жена него со коњ сфаќаш? Едноставно коњи не ме палат. Глуп ти е муабетов, и нема никаква сврха.
Не ми се верува. До кај ќе оди човекот. Во право е @EvAngelos ко вика дека во 25ти век ќе е нормална зоофилијата. Сигурно постојат умови на кои им е нормално и сега.
Интересен обид за спинување, ама нема да помине Не ги оправдувам зоофилите и јасно го кажав тоа, дека и зоофилијата и хомосексуалноста ги сметам за ненормални. Еве го клучниот момент: Јас не ја сметам зоофилијата за ненормална ПОРАДИ таа причина т.е. ПОРАДИ тоа што животното не давало согласност за секс. Овој „аргумент“ доаѓа од ЛГБТИ лобито. Тие се тие што велат дека хомосексуалноста е ОК затоа што двајцата хомосексуалци се согласни да имаат врска/односи, а кај зоофилијата тоа не било случај бидејќи животното не може да даде согласност. Ете затоа јас прашувам дали животното дава согласност да биде убиено и изедено? Со цел да покажам дека таа логика е неконзистентна и дека тој критериум за „нормалност“ не држи вода.
Јас подеднакво ги разбирам и тие што едноставно тоа не им е нормално, уште у школо сме учеле за тоа што е нормално и кои врски се нормални врски, од мали ни е наметнато тоа нормално и ненормално. Ама зошто имате потреба да наметнете ваше мислење на некој, секој гледа различно на одредена работа. Јас имам близок другар што е Би и мене тоа воопшто не ми смета негов избор и го поддржувам, немам што подлабоко да навлегувам во нечија приватност. Само од секогаш сум се запрашувала како јас би реагитала ако утре моето дете дојде и ми каже дека е геј или би, дали и тогаш би го поддржала тоа, дали тогаш ќе ми биде нормално, бидејќи нели вака гледано како општествен и морален проблем многу е полесно да се прифати, да бидеме со отворени сфаќања за се и за секој се додека некој проблем не го осетиш на своја кожа...
Добар обид за вадење. Со самото тоа што зоофилијата ја рамниш со месождерството, наоѓаш оправдување. И ти си месождер, дали побара дозвола од животното пред да го конзумираш ? Не си побарал, ама не се сметаш себеси за ненормален, значи и зоофилот не го гледаш како таков. Така да, ова што во твојата глава е аргумент, е во најмала рака очајнички обид да се деградира лгбт популацијата, и е ептен жално вака од страна кога се гледа, што све сте спремни да изговорите и направите за да се претставите како супериорни над голема група на луѓе. П А Т Е Т И Ч Н О.